Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.624
- Поени од реакции
- 9.146
- Возраст
- 39
Ако сакате да летувате во Турција, а тоа да не биде дестинација со многу туристи, тогаш посетете ја Аланија. Место кое апсолутно по своите содржини нуди по нешто за секого.Самиот град е сместен во заливот на Анталија во близина на Памфилија, прикриен со зимзелени шуми, смокви и црн бор.
Аланија е посебна поради природната позиција, помеѓу планините Таурус на север и Средоземното море на југ што ги привлекува и оние кои не одат на летување првенствено за пливање и сончање на плажа.
Аланија има типична медитеранска клима, која обезбедува дождот да се појави во текот на зимата и остава долго, топло, суво лето, што привлекува голем број на туристи.
Местото се наоѓа во близина на планини кои создаваат интересен ефект: снегот може да се види дури и за време на топлите денови во самиот град. Просечната годишна темепература се движи 21,4 до 27,9 степени во лето.
Кога ќе го погледнете брегот на Аланија, може да се каже дека гледате површина со некои од најубавите турски плажи, а најдоброто од се е тоа што покрај брегот, каде можете да уживате во бањање и одмор на море, во внатрешноста имате прилика да ја запознаете историјата на оваа област. Аланија нуди забава за секого.
Во самото место ќе ве воодушеви шармот на старите куќи, тврдини и пристаниште во самиот дел на градот, кои на совршен начин се поклопуваат со модерната архитектура на многубројните хотели, културни и спортски содржини.
Ноќниот живот во Аланија е задоволителен за секого и нуди голем број на ресторани и кафулиња, кои несомнено ќе ги воодушеват помладите.
За оние кои сакаат да се запознаат со културата и историјата на ова место, а плажата и сонцето не им се доволни, нека појдат на тура до импресивната тврдина од 14 век, во која се наоѓа византиска црква украсена со фрески.
Дали сте ја посетиле Аланија? Мислења, информации, слики?