Заеднички финансии во врска или брак

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Дали имате заеднички "фонд"?

  • Вкупно гласачи
    117
Јас плата, маж ми плата, парите на купче:
1. Сметките да се платат
2. Што треба за по дома(јадење, ова, она)
3. Други трошоци

За остатокот договор, дали може да се заштеди нешто, дали да се купи нешто, и тоа е тоа
 
Tokmu taka, domakjinsko rabotenje !!! (y)(y)(y)
 
Зависи за каква врска се работи, во секој случај не ми е проблем да делам пари, барем до сега сум делела со сите. Заедно си со тој човек, не гледам ништо чудно тука.
 
никогаш не сум делел финансии иако сме живееле со бившата заедно и сме биле во врска долго време..а следното знам дека ќе биде вистинско, нема да дозволам да ги правам истите глупави грешки како порано и ќе мислам и на мене, тогаш би сакал се да делам со таа личност, што се парите кога со таа личност го делиш креветот и животот? нека се гонат
 
Маж како столб на семејството мислам дека во поголем дел да се грижи за семејниот буџет, плаќањето на сметки, купување храна и сл.
Уште од праисторија одлика на мажот била да тој биде ловецот, снабдувачот на семејството, додека пак жената се грижела за куќата, децата и останатите семејни работи.
Низ вековите скоро и да не е сменета таа улога кај мажите и жените, така да мислам дека мажот треба да ја поседува цврстата рака, иако знае дека жената може да почне да кенка, "аздисува" и да прави прозирни финти, треба само да се насмее пошо се знае кој е газда :D.
Секако не значи дека смее да се има заедички собран буџет за некои капитални работи во животот, на пр. земање кола, купување нов стан, ново казанче, и сл.

Праисторијата и сега нарочито во Македонија не е исто :)
Знам многу случаеви каде улогите се сменети и каде мажот седи дома и е осигуран на име на жената :) ... Бракот е заедница нели? Епа во заедница нема глава. Има тело. Мислам дека доволно се крена свеста да прекинеме да делиме на полови. И сепак, доколку има хармонија во семејството нема никогаш да дозволат да се има кавги на тема пари. Сега идат утре одат. Пари нису проблем, натаму знаете :)
 
Нормално дека сето тоа зависи од случај до случај. Постои сопруг кој на пр. останал стечаец и сега ќе треба заедно, цело семејство да ја "јадат" платата на сопругата. Секако додека тој најде нова работа. Или обратна ситуација, жената да остане без работа. Во таков случај не значи дека едниот треба да го изрога од дома другиот :).
Да, бракот не е зафрканција, точно дека претставува, како што викаш, едно тело и не смее да има караници, расправии на пр. кој да плати сметка за вода.
Сите работи си доаѓаат на свое место кога владее хармонија, разбирање и обострана почит во секој сегмент од бракот па и понатаму и во формирањето семејство.
Во секој случај мажот треба да биде постулатот врз кој ќе се засноваат сите убави работи како и оној кој ќе ги смири работите кога малце ќе излезат од контрола, секако во соработка со сопругата.
 
Затоа што тој треба на повисок пиедестал да го постави сопствениот авторитет во семејството, да ги следи работите кои се случуваат околу него, да е способен да реши одреден проблем кој би можел да се јави итн.
Секако, не дека жената не треба да има право на збор, право да предлага работи, да планира и сл. но мажот треба да биде во буквална смисла маж, а не да биде некое здргле, што би рекле лингур кој ќе се плаши од секоја ситница која ќе се појави во текот на заедничкото живеење.
 
Јас мислам дека заедно треба да решаваат било каков проблем (каков црн авторитет!). Кога се работи за семејство и деца, безстрашноста е особина која треба да ја поседуваат и двајцата!
 
Фала богу дека треба заедно но за нијанса мажот треба да се "жртвува" за семејството, доколку се појави ептен голем зорт, нели.
И секако- позади успешниот маж стои успешна жена :)
 
Мене би ми било лицемерно да го пуштам да „гине“ така, во дадени ситуации. Каква личност сум јас ако дозволам „жртва“, од негова страна, за нешто што е заедничко?
 
Погоре наведов пример, доколку жената остане без работа.
Мажот во тој случај ќе треба од петни жили, да се труди да обезбеди нормален живот за семејството (логично ако жената не може да најде нова работа), или пак доколку (еве пак пример) жената некогаш не е во можност да го земе детето од градинка, мажот да биде тој кој ќе го направи тоа.
Земањето дете од школо можеби е само една ситница која се случува во едно семејство, но ете, ситниците ни го чинат целиот живот, и преку нив може да се оцени карактерот, способноста на било кој човек. Секако, постојат илјадници примери кои би го дополниле мислењево, но се подразбира дека сите тие го чинат животот во едно семејство, нема потреба да се наведуваат у случајов.
 
Погоре наведов пример, доколку жената остане без работа.
Мажот во тој случај ќе треба од петни жили, да се труди да обезбеди нормален живот за семејството (логично ако жената не може да најде нова работа), или пак доколку (еве пак пример) жената некогаш не е во можност да го земе детето од градинка, мажот да биде тој кој ќе го направи тоа.

Добро, и жената би требало да се труди доколку мажот не е во состојба да најде работа.
 
Немаме заеднички буџет, но заеднички во принцип се плаќаме, се случува да си позајмиме пари еден на друг, кои исто така си ги враќаме. Не можам да имам заеднички буџет со никого, зошто никогаш не знам со колку пари точно располагам.
--- надополнето: 17 јануари 2012 во 03:00 ---
Затоа што тој треба на повисок пиедестал да го постави сопствениот авторитет во семејството, да ги следи работите кои се случуваат околу него, да е способен да реши одреден проблем кој би можел да се јави итн.
Секако, не дека жената не треба да има право на збор, право да предлага работи, да планира и сл. но мажот треба да биде во буквална смисла маж, а не да биде некое здргле, што би рекле лингур кој ќе се плаши од секоја ситница која ќе се појави во текот на заедничкото живеење.

Да ме посоветува може. Прифаќам добронамерен совет, размислувам на темата и одлучувам. Ама некој да одлучува во мое име? Ни родителите мои одамна ја немаат таа привилегија.
 
Никако заеднички буџет!
Ко ќе ги испотроши парите жената, одма ја праќам в стечај, и ќе си најдам друга. Со заеднички буџет ќе треба да ја влечкам на грб ко ЕУ грција.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom