Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Јас плата, маж ми плата, парите на купче:
1. Сметките да се платат
2. Што треба за по дома(јадење, ова, она)
3. Други трошоци
За остатокот договор, дали може да се заштеди нешто, дали да се купи нешто, и тоа е тоа
Маж како столб на семејството мислам дека во поголем дел да се грижи за семејниот буџет, плаќањето на сметки, купување храна и сл.
Уште од праисторија одлика на мажот била да тој биде ловецот, снабдувачот на семејството, додека пак жената се грижела за куќата, децата и останатите семејни работи.
Низ вековите скоро и да не е сменета таа улога кај мажите и жените, така да мислам дека мажот треба да ја поседува цврстата рака, иако знае дека жената може да почне да кенка, "аздисува" и да прави прозирни финти, треба само да се насмее пошо се знае кој е газда.
Секако не значи дека смее да се има заедички собран буџет за некои капитални работи во животот, на пр. земање кола, купување нов стан, ново казанче, и сл.
Нормално дека сето тоа зависи од случај до случај. Постои сопруг кој на пр. останал стечаец и сега ќе треба заедно, цело семејство да ја "јадат" платата на сопругата. Секако додека тој најде нова работа. Или обратна ситуација, жената да остане без работа. Во таков случај не значи дека едниот треба да го изрога од дома другиотПраисторијата и сега нарочито во Македонија не е исто
Знам многу случаеви каде улогите се сменети и каде мажот седи дома и е осигуран на име на жената... Бракот е заедница нели? Епа во заедница нема глава. Има тело. Мислам дека доволно се крена свеста да прекинеме да делиме на полови. И сепак, доколку има хармонија во семејството нема никогаш да дозволат да се има кавги на тема пари. Сега идат утре одат. Пари нису проблем, натаму знаете
![]()
Во секој случај мажот треба да биде постулатот врз кој ќе се засноваат сите убави работи како и оној кој ќе ги смири работите кога малце ќе излезат од контрола
Затоа што тој треба на повисок пиедестал да го постави сопствениот авторитет во семејството, да ги следи работите кои се случуваат околу него, да е способен да реши одреден проблем кој би можел да се јави итн.Зошто?
Затоа што тој треба на повисок пиедестал да го постави сопствениот авторитет во семејството, да ги следи работите кои се случуваат околу него, да е способен да реши одреден проблем кој би можел да се јави итн.
Секако, не дека жената не треба да има право на збор, право да предлага работи, да планира и сл. но мажот треба да биде во буквална смисла маж, а не да биде некое здргле, што би рекле лингур кој ќе се плаши од секоја ситница која ќе се појави во текот на заедничкото живеење.
Фала богу дека треба заедно но за нијанса мажот треба да се "жртвува" за семејството, доколку се појави ептен голем зорт, нели.Јас мислам дека заедно треба да решаваат било каков проблем (каков црн авторитет!). Кога се работи за семејство и деца, безстрашноста е особина која треба да ја поседуваат и двајцата!
Фала богу дека треба заедно но за нијанса мажот треба да се "жртвува" за семејството, доколку се појави ептен голем зорт, нели.
И секако- позади успешниот маж стои успешна жена![]()
Погоре наведов пример, доколку жената остане без работа.Мене би ми било лицемерно да го пуштам да „гине“ така, во дадени ситуации. Каква личност сум јас ако дозволам „жртва“, од негова страна, за нешто што е заедничко?
Погоре наведов пример, доколку жената остане без работа.
Мажот во тој случај ќе треба од петни жили, да се труди да обезбеди нормален живот за семејството (логично ако жената не може да најде нова работа), или пак доколку (еве пак пример) жената некогаш не е во можност да го земе детето од градинка, мажот да биде тој кој ќе го направи тоа.
Затоа што тој треба на повисок пиедестал да го постави сопствениот авторитет во семејството, да ги следи работите кои се случуваат околу него, да е способен да реши одреден проблем кој би можел да се јави итн.
Секако, не дека жената не треба да има право на збор, право да предлага работи, да планира и сл. но мажот треба да биде во буквална смисла маж, а не да биде некое здргле, што би рекле лингур кој ќе се плаши од секоја ситница која ќе се појави во текот на заедничкото живеење.