Доградба на спрат на стара зграда

  • Креатор на темата Креатор на темата dejan.z
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 август 2012
Мислења
55
Поени од реакции
25
Како што и пишува во самиот наслов на темата пред скоро време ми се даде можност да учествувам ( но сеуште не сум се одлучил што да правам) во доградба на спрат на стара зграда како надградба + еден кат на веќе постоечката со повеќе луѓе заеднички (колку стана има на постоечката толку и да се доградат во овој случај 4 стана од 4 лица), па би ценел доколку може некој да ми објасни кои се мои права и должности ако се нафатам да инвестирам.(доградбата не е во скопје се работи за град во внатрешноста) . Особено би ценел доколку некој има искуство да ми укаже на што треба посебно да внимавам, и секако кои бе биле моите трошоци се разбира ориентационо.
Однапред Ви благодарам.
 
Па зависи како сте се договориле, дали се на пола да делите или со помал дел ке земеш учество.
цената во зависност од квадратурата, иначе мој совет ви е да направите поткровје со што комуналиите би биле многу помали.:)
 
значи секој ќе плати подеднакво бидејќи сите станови се идентични по големина па оттука и ред е така нели, а што е разликата помеѓу спрат и поткровје? Дали ако е поткровје треба само кров да се постави или може и бетонска плоча да се стави па после кровот? сега може давам малку ама стварно од оваа тема сум тотален лаик.
 
А на таа зграда сигурни ли сте дека темелите и конструкцијата (столбови и носачи) можат да ја поднесат тежината на уште еден спрат?
 
Тоа е клучното прашање.
 
прво и осново зависи од староста на градбата во кој систем е градена која е катноста па потоа зависи од се останато. како што напоменаа погоре статиката на зградата е најважна доколку е возможно следува чекор два .т.е она околу изведба и дали одговара цената инаку секој би сакал да добие спрат плус ;)
 
мислам 3 пати помалку се плаќа за поткровје комуналии и ова многу често се практикува, мој совет ти е у врска со ова да се распрашаш у општина. може и плоча бетонска али многу потенка од онаа вообичаената во зависност од покривот. али подобро е со греди кровот па одозгоре даски и да покриете со панели кои имаат добра звучна и топлинска изолација со оглед на тоа дека ке нема таван ке ви треба вакво нешто...
pan1.jpg

а под даските 10cm миниум тервол тврдопресова уште боље е и констукција со гипс картон.
а за се преостанатото архитектот се ке прерачуна, на пример за 1000m2 толку и толку цигли, железо значи буквално се... вака брат не би можел да направам проценка колку би ве коштало, али ипак се зависи од што матријали ке е изградбата, дали сендвич ѕид ке биде итн
--- надополнето: 1 мај 2013 во 20:23 ---
прво и осново зависи од староста на градбата во кој систем е градена која е катноста па потоа зависи од се останато. како што напоменаа погоре статиката на зградата е најважна доколку е возможно следува чекор два .т.е она околу изведба и дали одговара цената инаку секој би сакал да добие спрат плус ;)
и да неможе да издржи ке ја појачаат со надворешни столбови, ништо ново ова не е, а дека ке имаат ќар ке имаат..е сеа за издржливоса си има овластени лица кои ке направат проценка дали да се појачува или не :)
 
реков дека сум лаик :( од областа градежништво но бидејќи се работи за не така висока зграда од 4ката која е однадвор и внатре во добра кондиција (визуелно) претпоставувам дека може.А и секако ако не може да издржат темелите тогаш нема да се издаде дозвола од општината претпоставувам.Бидејќи градењето секако би било со сите потребни дозволи и би градела градежна фирма а не сами.
 
и да неможе да издржи ке ја појачаат со надворешни столбови, ништо ново ова не е, а дека ке имаат ќар ке имаат..е сеа за издржливоса си има овластени лица кои ке направат проценка дали да се појачува или не :)
при првиот појак земјотрес во скопје , 70% од доградбите ќе те демантираат дека такво нешто не постои , во прашање е математика и чиста физика, а доколку станува збор за градба во масивен систем е тек тогаш ќе биде огномет за нова година !!! пред се зашто воопшто не се работи квалитетно и се штеди на материјал или па се употребуа неквалитетен материјал.
 
прво и осново зависи од староста на градбата во кој систем е градена која е катноста па потоа зависи од се останато. како што напоменаа погоре статиката на зградата е најважна доколку е возможно следува чекор два .т.е она околу изведба и дали одговара цената инаку секој би сакал да добие спрат плус ;)
градена е во ’70 години во времето на СФРЈ со тогашни пресметки и надзор на изведба.
 
при првиот појак земјотрес во скопје , 70% од доградбите ќе те демантираат дека такво нешто не постои , во прашање е математика и чиста физика, а доколку станува збор за градба во масивен систем е тек тогаш ќе биде огномет за нова година !!! пред се зашто воопшто не се работи квалитетно и се штеди на материјал или па се употребуа неквалитетен материјал.
сеа ти оспоруваш знаење на некој што тоа цел живот го работи и збориш на памет :D грешиш многу да знаеш, пред неколку години се градеше фуш, сеа е доста затегнато и си има прописи кои мораш да ги исполниш.
а ако имаше ризик немаше толку многу да се доградува, не се замарај ти има лица кои се замараат со такви ствари
 
друже тоа ми е професија, за нови објекти да се работи квалитетно во зависност од односот и заинтересираноста на изведувачот пред се финансии. во било која општина иди џитни кеш не еден спрат има да ти дадат да направиш мансард со 6 ката ;) . пример земи го скопје 99% одобјектите кој се градат сега во подрумите пробива вода зашто скопје лежи на вода. До сега единствен објект со квалитетна изведба и професионалност е објектот кој се гради одма карши соборна, мислиш се градел во пустина некаде капка вода нема .
 
тоа е за комуналии, јас зборам за квалитет :)
а баш сега почнала водата да излегува :cautious: кај беше водата претходно кога се градеше?
и да не забегуваме од темата, дека доградбата ке биде сигурна тука нема дилеми, нормално ако е по прописи а дечково не спомна дека ке штедат на пари итн
да не го тупиме
 
баш така се ќе се гради според важечки правила и прописи а и нема да биде за продавање ние со нашите семејства ќе си живееме во истата доградба, а и да е за продавање исто така ќе сакав да биде квалитетно направено сепак и на тој што ќе му ја продфадеш треба живот да живее внатре со семејство и аир да ти бидат парите а не да трга маки и да те колне до 3 колено.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom