ЕКСКЛУЗИВНО: ШТО РАЗГОВАРАЛА ТАЧЕР СО МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО СКОПЈЕ ВО 1980 ГОДИНА?
Во документот објавен на веб-страницата на Фондацијата Маргарет Тачер (кој го објавуваме интегрално) пренесен е разговорот што поранешната британска премиерка го водела со политички претставници на Македонија, за време на посетата на Скопје во 1980 година. Една година откако е избрана за премиер, Тачер допатувала во тридневна официјална посета на поранешна Југославија, во чии рамки на 26 септември 1980 година го посетила и Скопје. Агендата се состоела од официјална средба со претставници на Македонија во Вилата Водно и во градскиот совет, а премиерката посетила и трговски центар (веројатно ГТЦ) каде што комуницирала со минувачите, барајќи од обезбедувањето да им дозволи да ѝ пристапат.
Меѓу функционерите со кои се сретнала во Скопје бил Благоја Попов, тогашен претседател на Извршниот совет на Социјалистичка Република Македонија, починат во 1992 година, и поранешниот претседател на македонското Собрание, Стојан Андов, кој тогаш бил член на федералниот Извршен совет.
Британската премиерка за време на посетата во Скопје најмногу се интересирала за плановите на властите за економскиот развој на Македонија. Претседателот на Извршниот совет на СРМ, или како што британската делегација го нарекува, премиерот Попов, одговорил дека развојот на индустријата и земјоделството се главните перспективи на економијата. Попов пред Тачер најавил дека државата планира да ги експлоатира рудните богатства со никел и изразил очекувања дека тоа ќе придонесе многу за развојот на индустријата.
Во времето кога Тачер била во Македонија, БДП по жител изнесувал околу 1.000 долари, но Попов ја уверил премиерката дека во наредните 5 години, БДП ќе достигне до 2.500 долари по жител.
Интересно е што Попов ѝ се пожалил на Тачер дека државата има проблем со снабдувањето со некои производи како на пример кафе, или детергенти, на што британската премиерка одговорила дека тоа не е прашање со кое што треба да се занимава Владата.
„Има многу поважни работи со кои што треба да се занимав Владата“, му рекла Тачер на Попов.
Маргарет Тачер не коментирала за положбата на Македонците надвор од Југославија, но ја интересирало односот меѓу федералната власт и републичките власти во СФРЈ.
Во документот од посетата на Тачер на Скопје, кој бил доверлив се до 2010 година кога е декласифициран, се користат термини како Република Македонија, Македонска Република, македонски народ, Македонци. Оригиналниот документ може да го преземете ТУКА.
http://www.kapital.com.mk/MK/makedo...e_pretstavnici_vo_skopje_vo_1980_godina_.aspx