Македонски банкноти 1993

  • Креатор на темата Креатор на темата Martin1987
  • Време на започнување Време на започнување
ДРУГАР ИМАМ ЈАС ОД ТИЕ СТАРИТЕ ЦЕЛ КУФЕР ХАХАХ ИМАМ И МОНЕТИ ОД ОВИЕ АКО СИ ЗАИНТЕРЕСИРАН ПИШИ.. :)
Да, заинтересиран сум. Ти пишав приватна порака.
 
Дали некој ги има старите македонски банкноти (10,20,50,100,500 денари) од 1993 и е желен да ги продаде? Благодарам однапред.
Случајно најдов дома 10 денари од 93 г.како нова со тутуноберачките
и не ми треба,може да ја добијеш.
 
Случајно најдов дома 10 денари од 93 г.како нова со тутуноберачките
и не ми треба,може да ја добијеш.
Тие со тутуноберачките се од 1992. 10 денарката од 1993 изгледа вака
Сепак фала што се потруди да ми помогнеш.
10_denari,_1993-_pozadina.jpg
 
Нова понуда. Нудам 4000 денари ако некој ми ги продаде во комплет денарите од 1993 година (сочувани).
 
Нова понуда. Нудам 4000 денари ако некој ми ги продаде во комплет денарите од 1993 година (сочувани).
Даваш пари за да купиш неважечки пари. Интересен парадокс :) Ќеиф си е ќеиф сепак.
 
Даваш пари за да купиш неважечки пари. Интересен парадокс :) Ќеиф си е ќеиф сепак.
Неважечки се, ама имаат колекционерска вредност (ако се во добра состојба)
 
Неважечки се, ама имаат колекционерска вредност (ако се во добра состојба)
Некогаш можеш да извадиш добра пара за нив, а може и не. Како и да е вреди да се проба.
 
Некогаш можеш да извадиш добра пара за нив, а може и не. Како и да е вреди да се проба.
За едно 10-20 години сигурно ке им скокне вредноста ама ако некогаш ги најдам да ги купам не планирам да ги продавам бидејќи тие банкноти немаат само колекционерска вредност за мене туку и сентиментална. Целото детство (најубавиот дел од животот) го минав со тие банкноти, и кога ке ги видам ме подсеќаат на едно прекрасно време. На пример старата десет денарка ме потсеќа највеќе на жената што стоеше и продаваше домашно спакувани пуканки за 10 денари пред школскиот двор во 1993 година кога бев прво одделение. 20 денарката ме потсеќа кога купував едни чипсови на кои веќе им го заборавив името ама во сеќавање ми остана нивниот вкус кој до ден денешен ниеден чипс ни смоќи не го надминаа, ова беше истотака во 1993-1994. 50 денарката ме потсеќа на моите први најдени пари во мојот живот околу 1994-1995. Сто денарката ме потсеќа кога мајка ми беше малце подарежлива со џепаралакот и кога јас нестрпливо ке ги потрошев да купам 200грамски чипс во тоа време. Кога ке се сетам, скоро све беше поевтино од сега , само чипсовите беа поскапи :)
500 денарката ме потсеќа на мојата желба да ја имам оваа голема банкнота. 500 денари тогаш ми се чинеа повеќе од 50000 денари денеска. Ах детство.......... секогаш ке ми недостига.
 
Денеска конечно ги најдов и ги купив денарите од 1993. Голема благодарност до нумизматичарот Драги. Без негова помош немаше да ги најдам банкнотите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom