Македонски комитски и партизански песни ( борбени, револуционерни )

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Ај што ми е мило ем драго

Ај што ми е мило, ем драго,
млада партизанка да бидам.
Млада партизанка да бидам,
на Пелистерска планина.
Збогум и проштевај роде мој
јас отидов во бој, бој, бој.

На Пелистерска планина,
во Лавчанската корија,
во Лавчанската корија
кај дванаесте кладенци.
Збогум и проштевај роде мој
јас отидов во бој, бој, бој.

Таму си клетва зедовме,
со фашисти да се биеме,
слобода да добиеме,
за наша Македонија.
Збогум и проштевај роде мој
јас отидов во бој, бој, бој.
 

Топовите грмат, татни земјата
пламен се дига до небото.
Жалете браќа, браќа славјани
Смилево славно в' оган гори.

Жените плачат, пиштат децата,
моми се кријат во беспокој.
Наспроти стои Даме Груев,
верна дружина командува.

Удрете браќа, не се плашете,
скоро ќе падне овој тиран.
И на ова царство ќе достоеме,
на таја пуста тиранија.
 
Песна за Борис Дрангов

456px-Kovachev_VMOK_3.JPG


 
За Дончо Штипјанчето изведба на Вања Лазарова без музика

Сепак мене оваа кратката верзија ми се допаѓа повеќе затоа што има музика и плус си беше на рекламата Made in Macedonia
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom