Ха, пази муабет.
- Го сменив забарот.
- Зошто?
- Па деца му чачкаа по инструментите низ ординација.
- Аха, и јас го сменив мојот.
- Зошто?
- Па и кај мојов деца чачкаа наоколу, ама овој не ги држеше инструментите чисти и стерилни.
Гледаш колку ти е ступиден аргументот? Браво за тебе ако си го сменила забарот пошто трчале деца наоколу и ги чачкале инструментите, сигурна сум дека ординацијата му е на среТ детска градинка.
Колку и да ви се издржани аргументите, се` паѓа во вода кога се обидувате од исклучоци да направите правило. Исто како она погоре, за манџата и помаранџата, кога некое дете што трчајќи низ песокот случајно, несвесно и несакајќи, во целата детска игра фрлил малку песок на крпата. Стани и истреси ја, принцезо мала, на плажа си, а не во театар. Важно детето е криво. Не, уствари родителот е крив, ама најкрив е што воопшто помислил да излезе од дома со такво гремлинче. Да си го земе под мишка и да оди дома и да не излегува додека не го репрограмира во Ц++.
Едно време спомна и од продавници да се елиминираат, за потоа да ги премолчиш. А јас пак просто да си препрашам. Ќе го прошириме ли истово и на приватни автобуси, еве да кажеме приватна 23-ка? И до каде е границата?
Потоа повторно запрашај се што е симптоматично.
Оооооооо...ДРВО!
Кажи ми те молам дека знаеш што значи стерилен инструмент? Ко ќе помислам уше еднаш, не мораш.
Чудно ми е како, претставувајќи се толку разумни, не сфаќате дека вакви ситуации не се нормални. Значи, не е нормална отсутноста (мозочна) на родителот кога детето "си игра" во било каква ординација. Не е нормално апстрахирањето на докторот (отсуство на опомена кон родителот и детето).
Инаку, сите знаеме дека принцезите си идат на приватни плажи и си уживаат во одбрано друштво; без разлика, и ние обичните девојки сакаме да си уживкаме и никако не сакаме песокче у очи и грло. Исто така знаеме (иако сме обични) дека едно дете не може да биде виновно-но е познато, дека голема е вината (всушност, целосно) на родителот. За него викаме дека е сељак, вошкар, мочко, копиле и стока неписмена кога ќе долета некое несакајќи шутнато зрнце песок на нашиот пешкир и ко ќе видиме дека он (или она, што и да е) си "лади".
Пошо глеам колку ти е битен мУментот со прогонот на децата од продавници, автовуси и вселенски станици, само ќе нагласам дека исто како и во ординациите, на детенцуленцата не треба да им се дозволи празнење на енергијата со трчање околу рафтови и посетители. Не е слатко и симпатично. Вознемирувачки е. И, да, за родителот на кој што му е ова симпа, исто така викаме дека е шупак.
Ај малце поразумно, не мора да се претерува и да се извртуваат моменти. Се што бараме е да си ги скротите гремлинчињата и да ги претворите во могвајчиња, и да бидете фер кон нив со тоа што ќе покажете разбирање за нивната возраст-не ги носете во кафичи заради своја забава, на децата им е досадно таму. И, следниот пат кога детето ќе почне да ви вришти (покушавајќи да ви го прекине муабетот) само обрнете му внимание-вас ве вика...вика дека сака ширинка за да се истрча, дека бара прошетка во зоолошка градина и друштво на врсници.
Интересот на децата, пред се!

--- надополнето: 3 септември 2013 во 17:48 ---
Абе Тролариан

ТРОЛАРИАН, ха ха ха група ТРОЛАРИАН

--- надополнето: 3 септември 2013 во 17:51 ---
Добро бе Ванлок, кое ти е тоа ниво на дискусија? Кој ти е тој начин на дискусија да ги вреѓаш сите дека се глупи, само ти си најпаметен затоа што си заземал некој став и се држиш до него како слеп за стап, а секој што не се согласува е глуп? Ко ќе се фатиш на некоја тема ко питбул си, не пушташ и не пушташ. Добро, да, секогаш си во право, најпаметен си, бац, штип за обравче, срце тоа најубаво![]()
Не е лошто ти да ни пуштиш едно Алтернатив-но мислење...иначе (мала помош), темата не е Ванлок
