Луси, одамна во темава веќе сфативме што кажуваш - барем јас, и океј е

Немој и ти да ме тераш да барам мислења сега, да докажувам за кого сум рекла дека е за пример
Родител кој го нема тој инстинкт за заштита на детето, не е ни родител, зборуваме за перцепцијата на родителите кои мислат дека се нападнати децата, а не се - родителите се тие нападнатите.
Е сега, родителите (не мислам ти како родител, мислам генерално родителите) на темава, мислам дека додека ја читаат под око си ги гледаат децата и срце ги боли.
Не зборуваме за ничие дете конкретно, ниту па за ,,профил на деца,,.
Секое дете може да направи беља, ама секој родител е должен да го реши тој проблем, наместо да го пушти детето да продолжи со тоа што почнало.
Ти не се пронаоѓаш, Доналд не се пронаоѓа, а цело време се ,,браните,,.
Океј е. Ако е така како што зборувате и двајцата, тогаш никој од ,,лошите,, на темава нема проблем со вас.
Проблемот е со една друга група на луѓе, во кои вие очигледно не се пронаоѓате, и мило ми е.
А сепак заглавувате со ,,кога ќе имате деца,, ,,пих дечишта ништо не знаете,,.... итн.