Знам дека станува збор за пристрасност. Тоа до некаде и ми е разбирливо за родител, помислил дека го напаѓаш и неговото дете и сосема е нормално и здраво да рипне во негова одбрана. Затоа внимавав што ќе напишам и потенцирав дека не станува збор за нивните деца, туку за оние невоспитаните. Доколку некој си го пронајде детето во вторава категорија, време е да превземе нешто. После објаснетото никој не се побуни, така да во ред е, рипнале да напаѓаат затоа што помислиле дека ги ставаме сите деца во ист кош.![]()
Знам, али појди од тоа дека не е возможно да нападнеш лично некого што не го познаваш-од кај ја знам какви се децата на Мара и Доналд и како они се однесуваат кон нив на јавни места? Зборам општо и од примери од моето опкружување, како што може да се прочита. Воопшто не сум виновна ако некој се пронаоѓа во моите примери, па го сфаќа како личен напад.
Погледни им ги само постовите, со анализа на карактерите на Пума (во отсуство) и Ванлок? Очај и солзи

Разочарувачки...
--- надополнето: 21 август 2013 во 21:03 ---
И најдобро воспитано дете е дете. Незнам што подразбирате под воспитано дете? Да седи на стол пијуцка културно од сокот и со салфета си ги брише краевите од усна? Ако гласно се насмее дека е „дете„ културно се обрати кон гостите и им се извини? Ако дете во авион добие болка во уво од притисок и плаче да подели мајката локум на другите патници дека смета? Погледот на децата не е ограничен како кај возрасните, од културно дете може за секунда да стане палавко, дека тоа му го прават годините....
За вториот болд, помина времето кога се гледаше цртан само во 19:15 и тоа Мечето Ушко...Во денешно време секоја недела на кино има по еден филм/цртан кој е за деца.
Ама да, од кај да знаеш ти![]()
Не сум сигурна дека воопшто се читаме и разбираме...???
Маро, за друго збориме овде!
Аман више...