...
Во ресторан се седи додека детето не се најаде, во кафич се седи додека детето не го испие сокчето или изеде сладоледот. Тоа е најчесто половина саат, освен во места кај што има забав за децата како лулашки у Ања, кафичот што го затворија кај католичка, блиските паркчиња у лептокарија и слично.
Па побогу никој не е луд, да го малтретира своето дете, кога ќе изрази желба да замине после јадењето и пиењето сокче.
Мене ваквите изјави на одредени персони ми наликуваат искрено на фрустрираност, глумење лудило, разагаленост, и веројатно лошо воспитување од нивните родители.
Да тврдиш дека заради истурено кафе, и трчање на деца, треба да носиш драконски мерки и забрани е инфантилно.
Побогу ако видиш дека има деца, оди у друг кафич, што бараш у тој кај што седат децата.
Мене ме иритира највеќе леснотијата и едноставноста која ја имаат, при дефинирање на своите ставови во однос на дечиња, и ставање на нивните егоистични желби и хедонизам, пред тие дечиња.
Дали си ти свесен, сине, колку проекции направи?
Егоистични желби и хедонизам на некои што не сакаат сок у скут или дрмање на столче од нечие детуленцелуленце или пак на родителот, кој не сакајќи да се откаже од друштво, "маабетче" и уживанција си го тормози сопственото дете и околината?
Ако ние овде, нашава група, ти изгледа како група на исфрустрирани, разгалени и лошо воспитани луѓе, тогаш имаш озбилен проблем со перцепцијата, што од своја страна сигурно ти прави проблем со воспитувањето на сопствените деца.
Како те читам тебе и друштвово твое, си помислувам дека со добивање дете, што, као добиваш и на доблести-несебичност, споделителност, широкогледост, свесност за околината?
Абе ај ти се молам (и да го цитирам колега Ванлок)-Шо збориш бе???
Тоа што не се лигавам коа ќе видам дете и не паѓам у несвест и не го гушкам и бацувам и стискам и не оправдувам секаква детска будалаштина, не ме прави ништо полоша од тебе, така полн со љубов спрема децата. И покрај тоа што немам такви изблици на љубов не значи дега не сакам деца, дека ги мразам и што ти ја знам. Напротив, знам да разликувам нормално од лигаво дете. На крај, мојата критика највише е усмерена кон родителите кои што го поттикнуваат и оправдуваат дивеењето на своите деца-наместо, како што е нормално, да им постават некакви граници и правила.
Нема што да се очекува околината да има разбирање за невоспитани деца. Ако некое си наоѓа занимација во контрола на масите по кафичи или обиди за протињање измеѓу најтесните растојанија на столиците или вриштење-шут карта! Толку просто. Зашто пречи. Пречи, иако на родителот му е најслатко, гордост и смисла на постоење, пречи, сфаќаш?
П.С Самиот знаеш дека никогаш седењето не е пола саат, док си го изеде сладолетчето или си го испие сокченцето...
--- надополнето: 21 август 2013 во 20:13 ---
Доколку децата ви се добро воспитани, не треба ни да ви чуе доколку некој ги погледне под око само поради нивната еуфорија. Детската смеа е еден од поубавите звуци, а и нивната радост е храна за душата. Проблемот настанува ако детето е невоспитано и едноставно збрлавува, вреска, плаче... Дури ни самиот родител на таквите деца не може да го поднесе тоа, па зошто други луѓе се должни да го трпат? Верувам дека за тоа е и темава.
И престанете да одите во крајности и да правите поделби само на две групи. Немам деца, ги обожавам, но не можам да поднесам да гледам некое распиздено, мамино или татино галениче, да го руши мирот наоколу само затоа што не го добило она што го сака во тој момент.
Мислам дека на темава постои проблем со правење разлика меѓу воспитано и невоспитано дете...
Во оваа точка на дискусијата, некои докторки на науки дојдоа до заклучок дека бараме децата да се прогонат од сите институции, да не се види родител со дете заедно (во кина, театри, музеи, авиони, возови, трамваи)...фасцинантна способност за извртување на работите!
П.С Ја коа бев дете, постоеја детски кино-представи, на пример, со Дизни цртачи и сл. Хорор сф, од типот на Прометеј, Алиен, Терминатор, "комедии" од типот на оние со Адам Сендлер, се рачунаа како представи за возрасна публика.
Али, шо знам ја?
