Еднаквост за сите прекршители на кодексот на однесување, децата и нивните родители не се исклучок

  • Креатор на темата Креатор на темата PurplePuma
  • Време на започнување Време на започнување
Идејата е дека тие што имаат (разгалени) деца, се многу потолерантни на... малтретирања од разгалени деца?
Одма ќе те демантирам.
Баш тие родители се “полудени“ и не се воопшто толерантни, зашто тие ја трпат таа палавост 24/7, а вам ви смета дека човекот седнал да пие кафе (а пиењето кафе со мало дете до тебе трае преку сила половина час)?
Тој одбрал да биде родител ќе си се носи со се она што ја опфаќа таа обрска.
А не ми е јасно?
Што очекувате да прави?
Да го врзе детето пред кафич или воопшто да не го изнесува од дома?
Да му се обрати наместо со Сонце, да му рече Животињо?
Да му ја плесне една? (па после би бил крив и обвинет за семејсно насилство)
А што е со купиштата млади луѓе кои ги окупираа парковите?
Нели парковите се безбедно и баш таман место за деца?
Е па нема место за децата таму. Зашто се преполни со адолесценти или пак со баби и дедовци.
И каде ли да се носат дечињата?
И немој да ми речеш игротека.
 
Јас сметам дека е доволно да не им се дозволува реметење на раатот на другите гости, преку декларација уште на влезот дека се молат сите гости да не прават мајмунски работи. БЕЗ ИСКЛУЧОЦИ! ;)


И јас на почеток му се улагував на пурпле пума со надеж дека ќе ми даи. Пишев постови во кои се слагам со неа, ја бранев.. али џабе.
 
Кога ги читам PurplePuma и Vanlok на темава, ми станува јасно, колку ли само генерации пропателе и поминале низ лоши родителски воспитувања, и среќен сум што имам можност да ги осознаам најлошите работи што ги прават тие мали бандити, и како општеството да се справи со нив.

Секоја чест на доајените на идното македонско општество, растоварено од грозоморните деца, кои непрестано ги реметат гостите по македонските меани, ресторани, кафиќи, па дури и дискотеки.
 
Секоја чест на доајените на идното македонско општество, растоварено од грозоморните деца, кои непрестано ги реметат гостите по македонските меани, ресторани, кафиќи, па дури и дискотеки.
Добар обид, ама сепак недоволно. Погледни еден пост над твојот да видиш како тоа го прават мајсторите.
 
Опаа, сме смениле насловот :D. Сега е дабетер, фали во него уште нешто да асоцира на мултиетничност и да биде комплетна чорбата.

Ајде, идеме сите од почеток:vozbud:.
 
Добар обид, ама сепак недоволно. Погледни еден пост над твојот да видиш како тоа го прават мајсторите.


Уупс. Се извинувам. Не ја препознав вистинската цел.

Ветувам дека отсега не кажувам ништо, што би можело да наштети на таа цел. Напротив.
 
Уупс. Се извинувам. Не ја препознав вистинската цел.

Ветувам дека отсега не кажувам ништо, што би можело да наштети на таа цел. Напротив.

facepalm.jpg
 
Опаа, сме смениле насловот :D. Сега е дабетер, фали во него уште нешто да асоцира на мултиетничност и да биде комплетна чорбата.

Ајде, идеме сите од почеток:vozbud:.

Насловот најдобро ќе биде да го променат во „Сакаме Хитлерови деца„.
Пуштете децата да бидат деца, на тие што им сметаат или немале детство или го заборавиле, трето нема.
 
Што е ова сега, напад на родителите? ;)




Одма ќе те демантирам.
ОооК, веќе се осеќам дем(е)(а)нтирано!

Баш тие родители се “полудени“ и не се воопшто толерантни, зашто тие ја трпат таа палавост 24/7, а вам ви смета дека човекот седнал да пие кафе (а пиењето кафе со мало дете до тебе трае преку сила половина час)?
Тој одбрал да биде родител ќе си се носи со се она што ја опфаќа таа обрска.
Последниот болдиран дел. Како побогу некој има обврска да носи деца во кафиќ?
И зошто побогу мислиш мене ме интересира некој што трпи малтретирање 24/7 од разгалено, невоспитано, НЕГОВО ДЕТЕ??

Логиката нешто слабо а?
Не разбирам што ти е намерата во дискусијата, сама себе да се побиеш? :)



А не ми е јасно?
Што очекувате да прави?
Да го врзе детето пред кафич или воопшто да не го изнесува од дома?
Да му се обрати наместо со Сонце, да му рече Животињо?
Да му ја плесне една? (па после би бил крив и обвинет за семејсно насилство)
А што е со купиштата млади луѓе кои ги окупираа парковите?
Нели парковите се безбедно и баш таман место за деца?
Е па нема место за децата таму. Зашто се преполни со адолесценти или пак со баби и дедовци.
И каде ли да се носат дечињата?
И немој да ми речеш игротека.
Аууу, мислам дека ми прегореа неколку мозочни келии додека го читав ова...
ОК, ОК ај носи ги дечиштата во кафиќ. Во парковите демнат опасни пензионери и адолесценти!



П.С. ИГРОТЕКА!!!
 
Што има у врска со насловот?

Како ја што разбирам, ако дете направи беља, родителот понесува одговорност т.е ако детето направи штета (без разлика колку детенцето е слатко и колку несташлукот му е симпатичен)-родителот ја плаќа штетата...Така, сосема во ред си е насловот.

Родителот има обврска да внимава на своето дете, дури и во моментите на релаксација, како пивкање кафе со друштво у некој кафич или ручек у некое ресторанче. За родителот нема момент за одмор и опуштање од домашните обврски. Тоа што на моите пријатели не им кажувам директно у лице дека детенцето им е жив напор, го сметам за културно-можам да издржам сат и пол преку сила у ваква атмосфера, еднаш у неколку месеци. Тоа значи дека ниту со гримаса нема да им покажам дека нешто ми смета. Но исто така, значи мнооогу поретко дружење.
Ниту правам инциденти, ниту имам намера некогаш да расипувам пријателства заради тривијални работи.
Исто така, не влегувам у расправии низ град со родители и нивните деца.

Еве, за Доналд, една мала непријатна (за мене) ситуација од една продавница во Ск:

си влегувам така ја и приоѓам кон еден рафт со роба за да ја погледнам одблизу-во дел од секундата, од некаде, како мала фурија, до мене долетуваат и почнуваат да кружат два мали слаткиша-еден круг, па уште еден (се бркаа дечињата, еклерчиња мали-деца се, па си играат)-па ја шмугнаа некаде у страна. Ја се вртам (со блага вртоглавица од изненадување) и го гледам татица со торби у рука, мува не го лази-мислам дека не беше ни свесен дека нешто не е у ред во просторот.

Само си помислив ГОВЕДО и си излегов, фино лепо тивко и неприметно.

Така да, мислам, без разлика на тоа како звучат моите ставови на форумов, сум многу фина и културна за џунглава овде. Не треба така...
 
И јас на почеток му се улагував на пурпле пума со надеж дека ќе ми даи. Пишев постови во кои се слагам со неа, ја бранев.. али џабе.
Ноторни невистини господине Лет 3. НОТОРНИ НЕВИСТИНИ!!

PurplePuma кажи му Пумо кој на кого му бараше! :гик:
 
Што има у врска со насловот?

Како ја што разбирам, ако дете направи беља, родителот понесува одговорност т.е ако детето направи штета (без разлика колку детенцето е слатко и колку несташлукот му е симпатичен)-родителот ја плаќа штетата...Така, сосема во ред си е насловот.

...

Како што има, по стариот наслов бев на страна на Пумата, според овој би требало да сум против. И не, промената во ставот не е последица на просветлението од Let 3 туку насловот е виновен :D;).

Каква еднакви права и обврски на деца и возрасни, побогу? Дете си е дете. Него на почетокот муабетот беше што мислиме за места (ресторани, кафичи) каде ќе биде забрането за деца и ја поддржував идејата. Негов ресторан, негови правила, ако му успее негова работа, ако пропадне пак негова работа. Јас лично би одел и во таков ресторан и не гледам во тоа ништо спорно. Е сега некои што ја затераа работата накај љубители/мрзители на деца ,кучиња, мачиња, што вмешаа човекови, детски, морални и етички права е друга работа. А тек сега со новиот наслов 2/3 од старите постови ќе немаат смисла. Инаку друг проблем со насловот немам:).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom