Еднаквост за сите прекршители на кодексот на однесување, децата и нивните родители не се исклучок

  • Креатор на темата Креатор на темата PurplePuma
  • Време на започнување Време на започнување
Не постојат распуштени деца...само РАСПУШТЕНИ И НЕЗАИНТЕРЕСИРАНИ РОДИТЕЛИ....кои мислат дека сите треба да ги сакаат и да им се потчинуваат на нивните деца.

Дете ко дете...има вишок енергија и сака да го истражува светот, но од родителот зависи како тоа дете ќе се однесува кон другите и на јавно место.

Имам пријатели кои своите деца ги носат секаде со нив...од секојдневни собиранки, преку кампувања во природа па до посериозни манифестации....човек неможе да осети дека во близина има деца....но пак ќе нагласам родителите си ја вршат работата и не ја прфрлаат топката на другиот родител. Од друга страна имам и пријатели кои се робови на своите деца....но што е полошо очекуваат и другите да се однесуваат така кон нивните деца.

Дискриминаторски е да забраниш на некој со дете да влезе во ресторан или автобус....но треба да постојат парични казни за несовесните родители или персоналот да ги замоли (или отстрани) да го напуштат објектот.

Детето е ДЕТЕ....вината барајте ја во РОДИТЕЛИТЕ.
 
Cum hoedis elit nolite manducare.
Ic odis manikirka elite - oplodentitis ska.

Oнтопик
Ај да бевте некои 10 000 годишни баби со шамија на глата шо ги потуруваат децата со кофи вода од балкон па некако да го разберам муабетов. Ама ова е веќе врв на глупоста.
Муабетиве не се разликуваат многу од глупите комшивки слезени од некоја планина в град кои глумеле финоќа со тоа што ве потурвеле со вода кога сте биле деца.
 
Мене, пак, ми пречат дреч црвени блузи, дотерани домашни миленичиња на каиш, булдози, нападно нашминкани тетки и моми, прегласни телефонирачи и други видови девијантни појави, не само во ресторан, туку воопшто, во јавност.
Барам сите да се пратат сургун, 101 лето во Анадол, во Памук Кале или во Фезан, додека не се деконтаминира почвата од нив.
Ако може, мислам...
П.С. Кон списокот ги додавам и луѓето со совршена насмевка кога сум изнервиран...
 
O, be dajxhi, nuk di romisht.
Па учи бе синко Змејко, како рекле старите римјани, шо поише јазици, тоа поубава чорба.

Он топик: треба да се институционализира забраната за носење деца на одредени јавни места (на пр. паркови, средства за јавен превоз или излетнички места) и да се воведат парични казни за прекршителите. Исто така, пожелно е да се постават сообраќајни (и други) знаци и банери со кои јасно ќе се предупредат граѓаните за непожелноста на деца на таквите јавни површини и обекти. Во секоја културна земја тоа е веќе етаблирана пракса.
 
Дај да не ситничариме - нека се забранат децата воопшто.
Со еден удар - три муви... ем јавниот простор тивок, ем сите воспитани (оти ако нема деца, нема да има ни невоспитани деца), ем секој ќе може на мира да си ја јаде чорбата од телешки јазици, погоре спомната од Тапетарот.
 
Остај, верувам ќе ги подзачистат наскоро.
 
Па учи бе синко Змејко, како рекле старите римјани, шо поише јазици, тоа поубава чорба.

Он топик: треба да се институционализира забраната за носење деца на одредени јавни места (на пр. паркови, средства за јавен превоз или излетнички места) и да се воведат парични казни за прекршителите. Исто така, пожелно е да се постават сообраќајни (и други) знаци и банери со кои јасно ќе се предупредат граѓаните за непожелноста на деца на таквите јавни површини и обекти. Во секоја културна земја тоа е веќе етаблирана пракса.

Не си онтопик, само сакаш да бидеш.
--- надополнето: 3 април 2013 во 02:49 ---
ffffdfdfd.JPG
 
Јас најчесто читам теми и ретко одговарам на истите. Ама оваа тема е многу добро дефинирана а вие пола постој шо сакале шо несакале и латински изреки. Значи темата е дали на децата шо вриштат, а родителите неможат да ги смират да им се покаже вратата за излез.
Он: Јас во животов од моите родители сум истепан само еднаш негде предшколска возраст зошто се влечев по улица и цмиздрев сакам да одам кај дедо. И кога едни комшии му рекоја на татко ми пушти го јас уште толку почнав да плачам и после си го добив многу убо шо го запамтив тој ќотек за цел живот и никогаш не го повторив тоа за што сум му многу благодарен на татко ми.
Сметам дека денес над 70% од децата се невоспитани од дома ко шо требит и разгалени до бескрај. Баш вчера видов во еден маркет едно детиште шо имаше над 10 години и се лигаеше нејќам со мама сакам со тато. Ко ќе истрчаше до кај татко му се дереше сега сакам кај мама. Но, од друга страна криво е и капиталистичкото општество во кое шо живејме денес. Родителите се многу меки кон децата зошто работат по цел ден и сакаат некако да им удоволат заменувајќи го нивното отсуство со слобода да прават шо сакаат па макар и тоа да им смета на комшиите, случајни поминувачи, патници и сл.

Пошто живеам во студентски дом имам приметено ко шо идет нови генерации се се полоши и полоши. Ко бев во средношколки интернат секој месец праевме дебати на многу озбилни теми како силовање, СПБ, самоубиства и сл. а денес децава дебатирет кој е подобар СДСМ vs. ВМРО, Барса vs. Реал.
Светов ојт надолу со стрмоглава брзина и би требало да се превземит нешто околу тоа.

П.С. Се извинувам на вака долгиот пост и неговата несреденост, ама е 4 сабајле малку сум исфрустриран и зато морав сега да го напишам.
 
Моментот е што почнаа да фрлаат дрва и камења по нас, а не ни помислија на децата.
Затоа што толку ги боли уво што сакаат децата.

За едно дете да плаче, да замара рандом луѓе, треба да му биде многу досадно.
И да, кафич не е место за деца.

И додека родителите одат во игротеки исклучиво само на родендени, кафичите се секако полни.
Оти не е битно да му е добро на детето, меѓу врсници, играчки, туку битно е они да се изнауживаат, а детево нека замара други, нека му биде досадно.. шо има врска.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom