Еднаквост за сите прекршители на кодексот на однесување, децата и нивните родители не се исклучок

  • Креатор на темата Креатор на темата PurplePuma
  • Време на започнување Време на започнување
Моментот кога тие што имаат или сакаат да имаат деца мислат дека го зграпчиле каменот на мудроста и глумат мајки терези демек ги сакаме децата а приватно често, застрашувачки често ги малтретираат најчесто психички или делуваат целосно незаинтересирани околу нивното воспитување. Најчесто создаваат нов живот поради други социјално-традиционални (а во последно време и политички) очекувања а не затоа што искрено сакаат и се чувствуваат спремни...е тој момент :facepalm:
 
Моментот кога тие што имаат или сакаат да имаат деца мислат дека го зграпчиле каменот на мудроста и глумат мајки терези демек ги сакаме децата а приватно често, застрашувачки често ги малтретираат најчесто психички или делуваат целосно незаинтересирани околу нивното воспитување. Најчесто создаваат нов живот поради други социјално-традиционални (а во последно време и политички) очекувања а не затоа што искрено сакаат и се чувствуваат спремни...е тој момент :facepalm:

Моментот е мразам црнци и расна дискриминација.
 
Моментот е изрази ја себичноста и ретардираната малограѓанштина во себе, и оправдувај се со недолжните деца. Демек и за нив е подобро да ги влечат по кафеани наместо да се изнатрчаат и изнаиграат по игралишта и игрални.
 
Прочитајте го насловот на темата.............излишна е секаква дискусија повеќе................................
 
Абе коклу што знам во барови, ноќни, клубови, дискотеки и силично е забранет влез за малолетници, така да негледам како во такви места ќе се најдат деца па да сметаат на некого. За дневни кафичи негледам зошто да неможе да се излезе на кафе со дете? Значи ако имам(ш) дете неможе да излезеш и едно кафе да се напиеш? Плус ако сум со друштво ќе си имаат занимација и ќе си поиграат пријателите со детето. Јас имам дете скоро година и нормално дека не излегувам секаде во било кој кафич. Ако сум со него прво од дома ќе го нахранам и ќе го пресоблечам за нареден час и нешто на раат да не плаче и да не му мењавам пелени а со тоа да несметам на никого. Значи и родителите се луѓе и имаат право да излегуваат нормално на места соодветни на тоа, а има места каде што не го дозволуваат тоа. Е сега ако на некого му смета и тоа што одам на такви места може да ми се фати малку и нека размисли дека и тој/таа бил(а) дете. И сега ако имам дете несмеам да излезам во рестонант, а да немам кој да ми го чува детето? Па ела нека ми забрани а ако дојде би го прашал со кое право? Е сега доколку прават неред децат и досаѓаат тоагаш со право можат да реагираат. Според мене нетреба да се забранат децата туку несовесните родители кој го дозволуваат тоа. А таквите и самите тие сметаат за околината и можат да нарушуваат ред во околината па можеби повеќе сметаат од деца затоа што сепак е возрасен и треба да е совесен. и најверојатно како дете тој сметал затоа и е така воспитан, а така и најверојатно ќе ги воспитува децата.

И некој пиша као децата мали пренесувале болести и слично. Тешки глупости и кретенски коментари се тоа затоа што секој организам пренесува болест и плус тоа секој бил дете и поминал низ тоа. Или пак можеби одма пораснале и оп 18 години и не сметале на некого. Може да си расист шовинист феминистка и што сакаш и да ти сметаат разни типови на луѓе но сепак сите тие биле деца сите тие имаат заедночно нешто.
--- надополнето: 2 април 2013 во 13:09 ---


Тачно јас како родител пример не би излегол на места каде ќе се мачи детето а со тоа и јас самиот автоматски.

Ај жити се. Кој ти вика ОПШТО И СЕКАДЕ да се забрани пристап на деца?
Утре јас ако сакам ќе отворам кафич и на врата ќе стои дека помлади од 18 не прифаќам внатре. Кој ќе ми забрани?

Секако дека смееш и треба да одиш со детето на кафе, но не секогаш и секаде. Затоа јас (а гледам и други) предлагаат фемили френдли и адултс онли места.
На фемили френдли твоето дете нема кому да пречи, има и други возрасни со деца.
Во адултс онли се оние луѓе кои не сакаат деца.

Не можеш тоа да го забраниш, кога ќе му текне некому да го изведе.
Моите родители биле доста културни по тоа прашање, а се уверив и додека беше мала сестра ми, не секаде не мкнеле со нив. А што се однесува до рикањето по јавни места, не паметам такво нешто да ми било допуштено, или да трчам како улава.
Мирно да седам до моите, ако сакам да одам со нив некаде.
--- надополнето: 2 април 2013 во 16:35 ---
Тука кажа све. Куче изедначи со дете легендо.:icon_lol:
И шо сеа?
Јас не ги ни спомнав кучињата во темава, ми ги нафрлија.
Јбг.

Мое да одберам што сакам во животот, ме заболе дали некому тоа одговара или не.
Моите избори тебе никако не ти пречат во животот.
--- надополнето: 2 април 2013 во 16:37 ---
Како прво не е во ред тоа на маса, како второ не се на твоја маса што те интересира тебе што се случува на масите околу тебе? Како трето незнам какви се условите во тој ресторант. Јас на пример во рамстор во тетово кога бев требаше да му сменам пелени отидов до кола и таму му сменив јас самиот несакам да менувам пред луѓе. Инаку во Цити мол или во веро во ск има во WC места за деца за смена на пелени. Ако одиш малку надвор од македонија па и балканов од словенија иа понатака во ресторанти па и места за одмор (бензиски пумпи) каде автобуси застануваат во WC то има исто така за да смениш пелени на детето. не дека го оправдувам мењавањето на пелени на маса но сепак кои други услови кај нас ги мамеме?

Секако ме интересира, мене ми смрди.
Мене ми се дере на уво.

Или, шо те интересира ако ѓубрето си го фрлам кај тебе пред двор? Или шо ти е гајле бе дали секоја ноќ ти правам журка, и децата не можат од мене да ти спијат?

И во многу места на светов очигледно има адултс онли места, па кај нас нема. Јебига, живот.
--- надополнето: 2 април 2013 во 16:38 ---
Значи пишав погоре не е во ред тоа, а за таа случка не е криво детето туку родителите и мислам дека на нив треба да им се забрани на несовесните родители а не на детето.

А инаку за американците знам како размислуваат ела намуртиму или викни му на нивното дете ако смееш посебно доколку си вработен во тоа место но тоа е друга работа....
И како ќе им забраниме на родителите, ама не и на детето?
Госпоѓо, бебето може да остане, вие одете си?
 
Ај жити се. Кој ти вика ОПШТО И СЕКАДЕ да се забрани пристап на деца?

Насловот погрешно наведува, во право се кога се поведуваат по насловот.
Дај пиши таму до (кој е) модераторот на подфорумов, нека го сменат насловот во „(не)Толеранција на невоспитани деца (и родители)„

И нека додат една анкета кога се веќе таму. :)
 
А што ако некој се испрди до тебе и засмрди или здригне и тоа не си должен да го мирисаш или слушаш нели. Може се гадам од ждригање. Значи по правило посебно во америка знаеш дека нетреба да се мешаш на туѓа маса, а тоа дали е во ред што го прават е друга приказна. За инфо сум бил подолго во америка да не мислиш дека незнам како е тамо.

Ако некој си дозволи во Скопје да седи во кафич и да смрди, ќе го избркаат.
Го знам тоа, и работно, и неработно, по кафичи сум цело време :)
--- надополнето: 2 април 2013 во 16:40 ---
Насловот погрешно наведува, во право се кога се поведуваат по насловот.
Дај пиши таму до (кој е) модераторот на подфорумов, нека го сменат насловот во „(не)Толеранција на невоспитани деца (и родители)„

И нека додат една анкета кога се веќе таму. :)

Гледам дека модераторкиве (три) коментираат по темава, можат слободно да ја преименуваат и би било фино и анкета да стават.
 
Гледам дека модераторкиве (три) коментираат по темава, можат слободно да ја преименуваат и би било фино и анкета да стават.
Мислам дека треба формално-правно да побараш и притоа да ги запазиш административните процедури. :-D
 
Значи поентата е дека секој родител мора да го научи своето дете на ред и дисциплина, како што вика Пумата и нас ко деца секаде не мкнеле, ресторани, кина ова она, денешниве деца се бог да чува значи...ќе земат да се дерат ко од мегафон пуштени во ресторани, па на ништо не личи тоа....дај не бидете хуманисти многу тука `децата биле најголемиот дар` бла бла бла, ме заболе за тоа, битно е родителите да бидат поодговорни, ако не ги бива не ги носете со вас тогаш остај го дома нека се дере, крши и лудува.
 
битно е родителите да бидат поодговорни, ако не ги бива не ги носете со вас тогаш остај го дома нека се дере, крши и лудува.
Е така де, ама сето ова треба да се декларира на влезот од театарот/киното/локалот/ресторанот итн. Иначе пак се по старо...
 
Пак доаѓа до тоа дека не е проблемот да се забрани носење на деца туку забрана за несовесни родители. Инаку како на пример дете ќе знае како да се однесува во ресторан ако никогаш не било? Пример родителите со детето си седат на маса и детето почне да лупа по масата родителот треба да го опомене спречи или слично. Е сега доколку небило никогаш и незнае како да се однесува кога ќе порасне и излезе со друштво тој ќе прави глупави работи. Можеби и затоа некои родители на времето не ги носеле по ресторани и незнаат како да се однесуваат па сега кога се родители незнаат како треба и нивните деца да се однесувааат.
 
како на пример дете ќе знае како да се однесува во ресторан ако никогаш не било? Можеби и затоа некои родители на времето не ги носеле по ресторани и незнаат како да се однесуваат па сега кога се родители незнаат како треба и нивните деца да се однесувааат.
Тие родители многу убаво ќе научат што е ОК а што не е ОК, кога ќе ги исфрлат надвор. И тие што се симати од планина или излезени од пештера, но и (мало)граѓаните. Па потоа со наученото ќе можат да ги учат и воспитуваат децата.

Тие попаметните ќе „научат„ уште на влез кога ќе биде истакнато дека нема да се толерираат вриштења, малтретирања, менување пелени под нос на луѓето додека јадат, и смарања од тој вид.


15723000_BG1.jpg
463695-dee-why-grand.jpg
images
4243.jpg
:)
 
Јасно е се тоа ама како може дете да знае и да го разбере напишаното. Еден натпис пишува “напомена за сите деца и родители“ јас би го ставил напомена за сите родители
 
Јасно е се тоа ама како може дете да знае и да го разбере напишаното. Еден натпис пишува “напомена за сите деца и родители“ јас би го ставил напомена за сите родители
Па за родителите и е напомената... или сметаш дека децата сами ги посетуваат локалите? ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom