- Член од
- 24 април 2011
- Мислења
- 300
- Поени од реакции
- 162
Проблемот е што се уште си дете......
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Моментот кога тие што имаат или сакаат да имаат деца мислат дека го зграпчиле каменот на мудроста и глумат мајки терези демек ги сакаме децата а приватно често, застрашувачки често ги малтретираат најчесто психички или делуваат целосно незаинтересирани околу нивното воспитување. Најчесто создаваат нов живот поради други социјално-традиционални (а во последно време и политички) очекувања а не затоа што искрено сакаат и се чувствуваат спремни...е тој момент![]()
Абе коклу што знам во барови, ноќни, клубови, дискотеки и силично е забранет влез за малолетници, така да негледам како во такви места ќе се најдат деца па да сметаат на некого. За дневни кафичи негледам зошто да неможе да се излезе на кафе со дете? Значи ако имам(ш) дете неможе да излезеш и едно кафе да се напиеш? Плус ако сум со друштво ќе си имаат занимација и ќе си поиграат пријателите со детето. Јас имам дете скоро година и нормално дека не излегувам секаде во било кој кафич. Ако сум со него прво од дома ќе го нахранам и ќе го пресоблечам за нареден час и нешто на раат да не плаче и да не му мењавам пелени а со тоа да несметам на никого. Значи и родителите се луѓе и имаат право да излегуваат нормално на места соодветни на тоа, а има места каде што не го дозволуваат тоа. Е сега ако на некого му смета и тоа што одам на такви места може да ми се фати малку и нека размисли дека и тој/таа бил(а) дете. И сега ако имам дете несмеам да излезам во рестонант, а да немам кој да ми го чува детето? Па ела нека ми забрани а ако дојде би го прашал со кое право? Е сега доколку прават неред децат и досаѓаат тоагаш со право можат да реагираат. Според мене нетреба да се забранат децата туку несовесните родители кој го дозволуваат тоа. А таквите и самите тие сметаат за околината и можат да нарушуваат ред во околината па можеби повеќе сметаат од деца затоа што сепак е возрасен и треба да е совесен. и најверојатно како дете тој сметал затоа и е така воспитан, а така и најверојатно ќе ги воспитува децата.
И некој пиша као децата мали пренесувале болести и слично. Тешки глупости и кретенски коментари се тоа затоа што секој организам пренесува болест и плус тоа секој бил дете и поминал низ тоа. Или пак можеби одма пораснале и оп 18 години и не сметале на некого. Може да си расист шовинист феминистка и што сакаш и да ти сметаат разни типови на луѓе но сепак сите тие биле деца сите тие имаат заедночно нешто.
--- надополнето: 2 април 2013 во 13:09 ---
Тачно јас како родител пример не би излегол на места каде ќе се мачи детето а со тоа и јас самиот автоматски.
И шо сеа?Тука кажа све. Куче изедначи со дете легендо.![]()
Како прво не е во ред тоа на маса, како второ не се на твоја маса што те интересира тебе што се случува на масите околу тебе? Како трето незнам какви се условите во тој ресторант. Јас на пример во рамстор во тетово кога бев требаше да му сменам пелени отидов до кола и таму му сменив јас самиот несакам да менувам пред луѓе. Инаку во Цити мол или во веро во ск има во WC места за деца за смена на пелени. Ако одиш малку надвор од македонија па и балканов од словенија иа понатака во ресторанти па и места за одмор (бензиски пумпи) каде автобуси застануваат во WC то има исто така за да смениш пелени на детето. не дека го оправдувам мењавањето на пелени на маса но сепак кои други услови кај нас ги мамеме?
И како ќе им забраниме на родителите, ама не и на детето?Значи пишав погоре не е во ред тоа, а за таа случка не е криво детето туку родителите и мислам дека на нив треба да им се забрани на несовесните родители а не на детето.
А инаку за американците знам како размислуваат ела намуртиму или викни му на нивното дете ако смееш посебно доколку си вработен во тоа место но тоа е друга работа....
Ај жити се. Кој ти вика ОПШТО И СЕКАДЕ да се забрани пристап на деца?
А што ако некој се испрди до тебе и засмрди или здригне и тоа не си должен да го мирисаш или слушаш нели. Може се гадам од ждригање. Значи по правило посебно во америка знаеш дека нетреба да се мешаш на туѓа маса, а тоа дали е во ред што го прават е друга приказна. За инфо сум бил подолго во америка да не мислиш дека незнам како е тамо.
Насловот погрешно наведува, во право се кога се поведуваат по насловот.
Дај пиши таму до (кој е) модераторот на подфорумов, нека го сменат насловот во „(не)Толеранција на невоспитани деца (и родители)„
И нека додат една анкета кога се веќе таму.![]()
Мислам дека треба формално-правно да побараш и притоа да ги запазиш административните процедури. :-DГледам дека модераторкиве (три) коментираат по темава, можат слободно да ја преименуваат и би било фино и анкета да стават.
Е така де, ама сето ова треба да се декларира на влезот од театарот/киното/локалот/ресторанот итн. Иначе пак се по старо...битно е родителите да бидат поодговорни, ако не ги бива не ги носете со вас тогаш остај го дома нека се дере, крши и лудува.
Тие родители многу убаво ќе научат што е ОК а што не е ОК, кога ќе ги исфрлат надвор. И тие што се симати од планина или излезени од пештера, но и (мало)граѓаните. Па потоа со наученото ќе можат да ги учат и воспитуваат децата.како на пример дете ќе знае како да се однесува во ресторан ако никогаш не било? Можеби и затоа некои родители на времето не ги носеле по ресторани и незнаат како да се однесуваат па сега кога се родители незнаат како треба и нивните деца да се однесувааат.
Па за родителите и е напомената... или сметаш дека децата сами ги посетуваат локалите?Јасно е се тоа ама како може дете да знае и да го разбере напишаното. Еден натпис пишува “напомена за сите деца и родители“ јас би го ставил напомена за сите родители