- Член од
- 24 април 2011
- Мислења
- 300
- Поени од реакции
- 162
Е....тоа е моето дете.........Такви деца правам јас.....
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Абе ОК е сето тоа, ама премногу се толерираат децава денес. Еве летувалишта спомнуваш, мене јасно ми е дека кога ќе отидам во Градиште дека ќе има еден куп деца и бука и помирен сум со тоа. За дење ќе се снајдам чамецот и на подалечна плажа, ама навечер...се знае генерално во кои ресторани одат со деца. Има и летувалишта која се пофамилијарни итн. Не е некој сериозен проблем...
А тебе па персоналот ќе те праша. Не знам од кое село си, одамна во Скопје кучиња седат во кафичи. Не е нешто ново.
И не замарајте со кучиња. Си има кучешки теми.
Оваа тема е за деца, и тоа посебно досадни деца.
Абе кој деца...кој кучки, мачки, мравки......јеби га и така иде.....Мислам дека пишува од кое село сум.
Седат у кафичи ама на тераса,а внатре до сега не сум видел некој да внесе куче.
Како и да е,оправдано ти е тебе,немаш деца па нормално е да пишеш оваков пост.
Јас немам кучиња па нормално е да мрзам такви кои носат кучиња по ресторани.
Велвет, прогуглај малце за ресторанот од Северна Каролина и фамата околу него што се дигна, по банирањето на децата.
Изгледа дека профитот малце им се покачил, него нормално.
Очигледно има луѓе кои преферираат места без деца.
Ако не е така, не би ни постоеле такви места, нели?
Не зборуваме за автобуси, паркови, паркинзи, плоштади... аман.
Тоа е нешто што е заедничко и за мене, и за тие деца, и за циганчиња и за сите.
Меѓутоа ресторанот е приватен, и како таков газдата одлучува која категорија на луѓе ја сака внатре.
Пробај да седнеш циганче валкано во кафич, макар и да има пари да плати, нема да го пуштат.
Нормално, ако смрди. Клиентите се поважни од ,,групите,,. Тоа е приватниот бизнис и важен е профитот.
А ако на газдата му е важно јас да му оставам повеќе пати пари, да се вратам таму, ќе почне и да гледа што мене ми треба или не ми треба и ќе ми удоволува.
Како што веќе реков, од невоспитани возрасни ќе те спасат на културно место, (ресторан, кафич, кино..) но никој нема да те спаси од дете. Освен ако не му ги избркаат родителите, што не често се случува.
.
Мислам дека пишува од кое село сум.
Седат у кафичи ама на тераса,а внатре до сега не сум видел некој да внесе куче.
Како и да е,оправдано ти е тебе,немаш деца па нормално е да пишеш оваков пост.
Јас немам кучиња па нормално е да мрзам такви кои носат кучиња по ресторани.
Се си е тоа на место со сопствениците на приватни бизниси. Сами одлучуваат како ќе го водат бизнисот и можат и сами да си ги бираат клиентите. Дека е возможно да се спроведе забранава на дело - возможно е. Дека до некаде ќе наиде на одобрување - ќе наиде.
Ја се противам на општиот принцип кој стои позади забраната. Конкретно на фактот што децата се ставени на тапет, наместо родителите, кои крај краева се оние кои го донеле детето таму каде што го донеле и оние кои се замуабетиле додека малиот трча и создава хаос. Самата забрана би требало да биде насочена спрема несовесните родители. Во идеален свет, родителите не би ни требало да носат деца по кина и театри, барем не на филмови и претстави кои не се наменети за нивна возраст. Пошто е несигурно дека тоа некогаш во потполност ќе го доживееме, што ни преостанува? Многу ми е нагла и негативна забранава. Зборувам лично за мене, али подобра варијанта би било (како што беше спомнато погоре) некој вид на предупредување на влез дека неред од било каков вид нема да се толерира. На тој начин, ако родителите сами по себе не се свесни дека на другите гости/посетители им е непријатно - на влез ќе ги освестат
Паралелата со парковите и автобусите ја повлеков во смисла на муабетот - децата пречат. Ако веќе толку пречат, ќе пречат секаде и пак ништо не сме напраиле ако сме им забраниле влез во два ресторани и три кафичи.
Проблемот не е во децата, во родителите е - и нелогично ми е забраната да се постави против првите.
![]()
Добро, малку несреќно е поставен насловот на темата, но можеби пумата сакаше да го направи поконтроверзен.
Секако не мора да има натпис „Забранет влез за црнци, индијанци и деца“ ама како што предложија погоре може да има натпис „Нема да се толерираат деца што вриштат и замараат„.
![]()
Знаеш, порано беше поразлично. Било кој постар од улицата да не искарал нејчесто сме слушале, а ако се пожалиш дома и додатно ќе те изрибаат. Денес ако искараш дете, (не дај боже да викнеш или па васпитна да му залепиш) работата минимум со караница ќе заврши а често и со тепачки.
Ајде за јавен превоз, продавници и слично ќе се истрпи (таму секако трпиме свашта, како што напиша и ти). Ама и те како ќе ми дојде добро да нема малтретирања во ресторан, па и кино, театар, а зошто не и одмор и патувања.
Добро за сите ќе биде ако фамилиите со деца се групираат со други фамилии (со деца) а тие што сакаат раат да бидат со... тие што сакаат раат. Каде има проблем во ова?
Јас не мразам никого. А ни кучиња не носам по кафичи, затоа што не е културно.
Прашањето на култура, кој е, а кој не, очигледно се разликува меѓу мене и тебе.
И останатите кои носат кучиња/развриштени деца по кафичи.
Не се сложувам дека има деца што не може да се воспитаат, повеќе би рекол дека има деца што се поупорни од родителите.има деца ко на пример моето и многу други што ги знам, што нема шанси да седи мирно ни 5 секунди на едно место.И сеа јас не треба да излагам со него никаде или не треба да ме пуштаат никаде?Распрдени деца од родители што никогаш не им кажале НЕ или не ги скарале и јас не одобрувам,ама крајна дискриминација би било да им забраниш влез.
Често пати кога сум некаде,ако моево збесне станувам и си одам,иако нит сум се дојал,нит испил кафе,барам сметка и бегам зашто не сакам да пречам на другите или да не направи некоја беља малиот.
Добро Велвет, јас имам многу разбирање, ама 2 саати да се дере дете и родителите мува да не ги лази, на што личи тоа?Не ме сфаќај погрешно. Не сум ни јас за тоа да се дозволи се и сешто. Едноставно, да се има разбирање дека, ипак, деца се во прашање и дека се однесуваат онака како што научиле од дома и онака како што им е дозволено.
И дека брзо им досадува![]()
Од целиот мој пост ТИ се фати за последната реченица која очигледно те погоди околу кучињата,па побрза да ме напраиш сељак,а притоа ми збориш за култура.
Се согласувам дека за развриштените деца треба да се најде начин да се смират или на си одат но тоа треба да го направат родителите свесно.Неможе никој да ги избрка на сила.
Ти кажав претходно,ти немаш деца,па автоматски тоа те прави некомпетентна за да отвараш оваква тема и да разглабаш и бараш логика и разбирање од деца помеѓу 3 и 10 год.
Инаку кучиња што лаат нонстоп без прекин тоа па е мноооогу интересно и забавно ем за гледање ем за слушање.
Добро Велвет, јас имам многу разбирање, ама 2 саати да се дере дете и родителите мува да не ги лази, на што личи тоа?
Разбирам да џафне еднаш, два пати, да го смират, ама да не престане?!
Какво разбирање треба тука да имам?
--- надополнето: 2 април 2013 во 03:04 ---
Секако дека може да ги избрка. Во приватен бизнис со кого сакаш ќе соработуваш. И ако некој одлучи дека нема толеранција за врискави деца - значи нема.
И да, баш тоа што немам деца ме прави компетентна. Затоа што јас сум од оние луѓе кои ќе ги посетуваат тие места. Ти си понекомпетентен - затоа што тие места не се за тебе.
И баш затоа што немам деца, и не сакам да разглабам за нив, не сакам да ги има кај мене на столче, до мое уво, не сакам пелени, не сакам дување нос во сред кафич... затоа сум компетентна да барам место кое ќе ми овозможи да не го гледам сето тоа.
А кучиња што лаат нон стоп, немаат врска со мене. Никаква. Најди си го тој што ти пречи, и разбери се со него.