Еднаквост за сите прекршители на кодексот на однесување, децата и нивните родители не се исклучок

  • Креатор на темата Креатор на темата PurplePuma
  • Време на започнување Време на започнување
Е....тоа е моето дете.........Такви деца правам јас.....
 
Кога ке имате деца вие што сте ЗА забрана на деца вамте и тамте,ќе ве прашам или ако сте доблесни,ќе пишете овде на оваа тема како се снаоѓате со воспитување и контролирање на вашите деца.
1.Деца помеѓу 1,5-3 години,НЕМОЖЕШ да го воспиташ како што ТИ сакаш.КРАЈ,решение е да не излагаш од дома.Зависи се од детето,има деца што се мирни,тромави и кај и да го седнеш нема да мрдне ни да писне 3 саата. И има деца ко на пример моето и многу други што ги знам, што нема шанси да седи мирно ни 5 секунди на едно место.И сеа јас не треба да излагам со него никаде или не треба да ме пуштаат никаде?Распрдени деца од родители што никогаш не им кажале НЕ или не ги скарале и јас не одобрувам,ама крајна дискриминација би било да им забраниш влез.
Често пати кога сум некаде,ако моево збесне станувам и си одам,иако нит сум се дојал,нит испил кафе,барам сметка и бегам зашто не сакам да пречам на другите или да не направи некоја беља малиот.
2. Деца над 3 години,кога веќе разбираат,можеш да ги воспиташ,да бидат мирни послушни,но темпераментот пак нема да им дозволи да седат мирни. Пак ќе бидат бесни,растрчани.
Колку зависи од родителите толку зависи и од самото дете каков темперамент има.
Јас како мал сум бил многу немирен,сум правел бељи постојано,моите пробале секако,и со ќутек и со убаво и со наградување и што ти не,ама до мојата 12та година не сум се сменил.

Инаку околу тоа да се внесат кучиња или мачки таму кај што се служи храна па и само пијачки е ненормално. Јас лично ке станам и ке ги избркам тие луѓе ако тоа не го направи персоналот.
 
А тебе па персоналот ќе те праша. Не знам од кое село си, одамна во Скопје кучиња седат во кафичи. Не е нешто ново.
И не замарајте со кучиња. Си има кучешки теми.

Оваа тема е за деца, и тоа посебно досадни деца.
 
се знае генерално во кои ресторани одат со деца. Има и летувалишта која се пофамилијарни итн. Не е некој сериозен проблем...
Абе ОК е сето тоа, ама премногу се толерираат децава денес. Еве летувалишта спомнуваш, мене јасно ми е дека кога ќе отидам во Градиште дека ќе има еден куп деца и бука и помирен сум со тоа. За дење ќе се снајдам чамецот и на подалечна плажа, ама навечер...

Соседите имаа оставено на одмор некои осмооделенци, абе кампот го дигнаа во воздух. Камен пијани секоја вечер, по 10 во приколка плус гости. Ги караа постариве, чуварот демек им претеше повеќе пати и ништо не се деси, се додека не им влезе еден Чак Норис... И тоа е без врска ама го разбирам човекот. Со такви деца најлошо е кога си имаш проблем, мали се да ги тепаш на суд ќе наебеш, башка алкохолизирани 10+ гремлини во делириум тременс е јака бројчана надмоќ (а срамота е да викаш појачање). :)

Нејсе. Муабетот беше дека ебаниот камп требаше да ги санкционира, разбираш? Било кој што крши ред и мир после 11 треба да се санкционира. ОК, ред и мир е мисловен поим во нашиве кампови ама и најокореливе пијаници легнуваат по 2ам и гасат музика а копиљациве буквално до 7-9 наутро невероватна бука правеа.

Од друга страна и чуварот треба да се разбере, нема јасни инструкции за деца што се таму без родители. Ако ги избрка од камп што ќе прават, може он да наебе (ма сигурно ќе наебе). Пак нема извинување, требаше барем полиција да викне.
Знам дека не е ова најсоодветен пример, ама само илустрирам како често не се регулирани правилата за децата и често ги толерираме премногу.
 
Да!
Друг муабет е ,,проклетиот,, запад и пијани деца.
Не ги ни начнав пубертетлиите, затоа што тие не се баш категорија што ќе досаѓа во кафич.
Но ајде.
На проклетиот запад ако правиш забава каде што присуствуваат малолетници, а има и алкохол, ќе наебеш и ти и нивните родители.
Сосема оправдано.
 
А тебе па персоналот ќе те праша. Не знам од кое село си, одамна во Скопје кучиња седат во кафичи. Не е нешто ново.
И не замарајте со кучиња. Си има кучешки теми.

Оваа тема е за деца, и тоа посебно досадни деца.

Мислам дека пишува од кое село сум.
Седат у кафичи ама на тераса,а внатре до сега не сум видел некој да внесе куче.
Како и да е,оправдано ти е тебе,немаш деца па нормално е да пишеш оваков пост.
Јас немам кучиња па нормално е да мрзам такви кои носат кучиња по ресторани.
 
Абе кој деца...кој кучки, мачки, мравки......јеби га и така иде.....
 
Велвет, прогуглај малце за ресторанот од Северна Каролина и фамата околу него што се дигна, по банирањето на децата.
Изгледа дека профитот малце им се покачил, него нормално.
Очигледно има луѓе кои преферираат места без деца.

Ако не е така, не би ни постоеле такви места, нели?

Не зборуваме за автобуси, паркови, паркинзи, плоштади... аман. :)
Тоа е нешто што е заедничко и за мене, и за тие деца, и за циганчиња и за сите.
Меѓутоа ресторанот е приватен, и како таков газдата одлучува која категорија на луѓе ја сака внатре.

Пробај да седнеш циганче валкано во кафич, макар и да има пари да плати, нема да го пуштат.
Нормално, ако смрди. Клиентите се поважни од ,,групите,,. Тоа е приватниот бизнис и важен е профитот.
А ако на газдата му е важно јас да му оставам повеќе пати пари, да се вратам таму, ќе почне и да гледа што мене ми треба или не ми треба и ќе ми удоволува.

Како што веќе реков, од невоспитани возрасни ќе те спасат на културно место, (ресторан, кафич, кино..) но никој нема да те спаси од дете. Освен ако не му ги избркаат родителите, што не често се случува.

.

Се си е тоа на место со сопствениците на приватни бизниси. Сами одлучуваат како ќе го водат бизнисот и можат и сами да си ги бираат клиентите. Дека е возможно да се спроведе забранава на дело - возможно е. Дека до некаде ќе наиде на одобрување - ќе наиде.

Ја се противам на општиот принцип кој стои позади забраната. Конкретно на фактот што децата се ставени на тапет, наместо родителите, кои крај краева се оние кои го донеле детето таму каде што го донеле и оние кои се замуабетиле додека малиот трча и создава хаос. Самата забрана би требало да биде насочена спрема несовесните родители. Во идеален свет, родителите не би ни требало да носат деца по кина и театри, барем не на филмови и претстави кои не се наменети за нивна возраст. Пошто е несигурно дека тоа некогаш во потполност ќе го доживееме, што ни преостанува? Многу ми е нагла и негативна забранава. Зборувам лично за мене, али подобра варијанта би било (како што беше спомнато погоре) некој вид на предупредување на влез дека неред од било каков вид нема да се толерира. На тој начин, ако родителите сами по себе не се свесни дека на другите гости/посетители им е непријатно - на влез ќе ги освестат :)

Паралелата со парковите и автобусите ја повлеков во смисла на муабетот - децата пречат. Ако веќе толку пречат, ќе пречат секаде и пак ништо не сме напраиле ако сме им забраниле влез во два ресторани и три кафичи.

Проблемот не е во децата, во родителите е - и нелогично ми е забраната да се постави против првите.
:)
 
Мислам дека пишува од кое село сум.
Седат у кафичи ама на тераса,а внатре до сега не сум видел некој да внесе куче.
Како и да е,оправдано ти е тебе,немаш деца па нормално е да пишеш оваков пост.
Јас немам кучиња па нормално е да мрзам такви кои носат кучиња по ресторани.

Јас не мразам никого. А ни кучиња не носам по кафичи, затоа што не е културно.
Прашањето на култура, кој е, а кој не, очигледно се разликува меѓу мене и тебе.
И останатите кои носат кучиња/развриштени деца по кафичи.
--- надополнето: 2 април 2013 во 02:54 ---
Се си е тоа на место со сопствениците на приватни бизниси. Сами одлучуваат како ќе го водат бизнисот и можат и сами да си ги бираат клиентите. Дека е возможно да се спроведе забранава на дело - возможно е. Дека до некаде ќе наиде на одобрување - ќе наиде.

Ја се противам на општиот принцип кој стои позади забраната. Конкретно на фактот што децата се ставени на тапет, наместо родителите, кои крај краева се оние кои го донеле детето таму каде што го донеле и оние кои се замуабетиле додека малиот трча и создава хаос. Самата забрана би требало да биде насочена спрема несовесните родители. Во идеален свет, родителите не би ни требало да носат деца по кина и театри, барем не на филмови и претстави кои не се наменети за нивна возраст. Пошто е несигурно дека тоа некогаш во потполност ќе го доживееме, што ни преостанува? Многу ми е нагла и негативна забранава. Зборувам лично за мене, али подобра варијанта би било (како што беше спомнато погоре) некој вид на предупредување на влез дека неред од било каков вид нема да се толерира. На тој начин, ако родителите сами по себе не се свесни дека на другите гости/посетители им е непријатно - на влез ќе ги освестат :)

Паралелата со парковите и автобусите ја повлеков во смисла на муабетот - децата пречат. Ако веќе толку пречат, ќе пречат секаде и пак ништо не сме напраиле ако сме им забраниле влез во два ресторани и три кафичи.

Проблемот не е во децата, во родителите е - и нелогично ми е забраната да се постави против првите.
:)

Па таа забрана и произлегува токму од лошите искуства со лошите родители.
Значи, ако треба да одберам, ќе одберам kids free кафич. И такво летувалиште. Итн.
Добро е да имаш опции!

Што не значи дека сакам да се забранат деца на јавно место, тоа е и смешно, и глупаво.
Едноставно да се знае - ова е пофамилијарно место, ова не е. Ова е бар, не одат тука бебиња.
Мислам, ако е нормално дека бебе не се носи во дискотека, зошто не е нормално да има места каде што денски не се носи детето? Немам ли јас право на избор?
Нормално дека ги обвинувам родителите, но немам друго чаре освен да барам kids free место.

Забранава не постои сеуште никаде, постојат одредени компании (како авионската, и таа со крузерите) кои овозможуваат посебни делови (авионите) каде што може со деца да се оди, и посебен дел од авионот каде што не може со деца, а крузери си има посебни за со деца, и посебни за без деца (каде што првите имаат 4, а вторите 3 брода). Во кафичите и рестораните забраната е од типот - ако ти вриска детето, нема да бидете толерирани,. Ако е мирно, добредојдени сте. Мене тоа ми е сосема ОК.

И да, ќе пречат секаде, но ако јас купувам нешто, ќе го купам како што ми одговара. Ако ми одговара со разврескани деца, ќе одам во фемили френдли место. Ако не ми одговара, ќе одам во адултс онли.

За мене е сосема доволно да не бидат толерирани.
 
Добро, малку несреќно е поставен насловот на темата, но можеби пумата сакаше да го направи поконтроверзен.
Секако не мора да има натпис „Забранет влез за црнци, индијанци и деца“ ама како што предложија погоре може да има натпис „Нема да се толерираат деца што вриштат и замараат„.

100909-screamingsign-hmed-6agrid-4x2jpg-ae6a59bac8f1616b_large.jpg

Знаеш, порано беше поразлично. Било кој постар од улицата да не искарал нејчесто сме слушале, а ако се пожалиш дома и додатно ќе те изрибаат. Денес ако искараш дете, (не дај боже да викнеш или па васпитна да му залепиш) работата минимум со караница ќе заврши а често и со тепачки.

Ајде за јавен превоз, продавници и слично ќе се истрпи (таму секако трпиме свашта, како што напиша и ти). Ама и те како ќе ми дојде добро да нема малтретирања во ресторан, па и кино, театар, а зошто не и одмор и патувања.
Добро за сите ќе биде ако фамилиите со деца се групираат со други фамилии (со деца) а тие што сакаат раат да бидат со... тие што сакаат раат. Каде има проблем во ова?

Не ме сфаќај погрешно. Не сум ни јас за тоа да се дозволи се и сешто. Едноставно, да се има разбирање дека, ипак, деца се во прашање и дека се однесуваат онака како што научиле од дома и онака како што им е дозволено.
И дека брзо им досадува :)
 
Јас не мразам никого. А ни кучиња не носам по кафичи, затоа што не е културно.
Прашањето на култура, кој е, а кој не, очигледно се разликува меѓу мене и тебе.
И останатите кои носат кучиња/развриштени деца по кафичи.

Од целиот мој пост ТИ се фати за последната реченица која очигледно те погоди околу кучињата,па побрза да ме напраиш сељак,а притоа ми збориш за култура.
Се согласувам дека за развриштените деца треба да се најде начин да се смират или на си одат но тоа треба да го направат родителите свесно.Неможе никој да ги избрка на сила.
Ти кажав претходно,ти немаш деца,па автоматски тоа те прави некомпетентна за да отвараш оваква тема и да разглабаш и бараш логика и разбирање од деца помеѓу 3 и 10 год.
Инаку кучиња што лаат нонстоп без прекин тоа па е мноооогу интересно и забавно ем за гледање ем за слушање.
 
има деца ко на пример моето и многу други што ги знам, што нема шанси да седи мирно ни 5 секунди на едно место.И сеа јас не треба да излагам со него никаде или не треба да ме пуштаат никаде?Распрдени деца од родители што никогаш не им кажале НЕ или не ги скарале и јас не одобрувам,ама крајна дискриминација би било да им забраниш влез.
Често пати кога сум некаде,ако моево збесне станувам и си одам,иако нит сум се дојал,нит испил кафе,барам сметка и бегам зашто не сакам да пречам на другите или да не направи некоја беља малиот.
Не се сложувам дека има деца што не може да се воспитаат, повеќе би рекол дека има деца што се поупорни од родителите.

Нејсе. Ти сепак си позитивен пример, иако со напуштање на локалот заради бељите на детето го решаваш проблемот на сите освен на самиот себе.

Туку факт е дека таквите како тебе што имаат осет за сметањето и совест и етика да станат и да си одат, таквите се малцинство. Кажи ми што правиме со мнозинството?
Да ги трпиме?

Не бе баче, кога ќе почнат да отвараат такви места каде не толерираат вриштења -таму ќе одам за раат и јас и многу други. Треба да има и места за со деца ама и места само за возрасни. За сите поубаво ќе биде, за тоа и зборуваме тука -да се најде некое решение. Да можеш и Ти да излезеш и да седнеш на раат ама и јас исто така.
 
Не ме сфаќај погрешно. Не сум ни јас за тоа да се дозволи се и сешто. Едноставно, да се има разбирање дека, ипак, деца се во прашање и дека се однесуваат онака како што научиле од дома и онака како што им е дозволено.
И дека брзо им досадува :)
Добро Велвет, јас имам многу разбирање, ама 2 саати да се дере дете и родителите мува да не ги лази, на што личи тоа?
Разбирам да џафне еднаш, два пати, да го смират, ама да не престане?!
Какво разбирање треба тука да имам?
--- надополнето: 2 април 2013 во 03:04 ---
Од целиот мој пост ТИ се фати за последната реченица која очигледно те погоди околу кучињата,па побрза да ме напраиш сељак,а притоа ми збориш за култура.
Се согласувам дека за развриштените деца треба да се најде начин да се смират или на си одат но тоа треба да го направат родителите свесно.Неможе никој да ги избрка на сила.
Ти кажав претходно,ти немаш деца,па автоматски тоа те прави некомпетентна за да отвараш оваква тема и да разглабаш и бараш логика и разбирање од деца помеѓу 3 и 10 год.
Инаку кучиња што лаат нонстоп без прекин тоа па е мноооогу интересно и забавно ем за гледање ем за слушање.

Секако дека може да ги избрка. Во приватен бизнис со кого сакаш ќе соработуваш. И ако некој одлучи дека нема толеранција за врискави деца - значи нема.
И да, баш тоа што немам деца ме прави компетентна. Затоа што јас сум од оние луѓе кои ќе ги посетуваат тие места. Ти си понекомпетентен - затоа што тие места не се за тебе.
И баш затоа што немам деца, и не сакам да разглабам за нив, не сакам да ги има кај мене на столче, до мое уво, не сакам пелени, не сакам дување нос во сред кафич... затоа сум компетентна да барам место кое ќе ми овозможи да не го гледам сето тоа.

А кучиња што лаат нон стоп, немаат врска со мене. Никаква. Најди си го тој што ти пречи, и разбери се со него.
 
Добро Велвет, јас имам многу разбирање, ама 2 саати да се дере дете и родителите мува да не ги лази, на што личи тоа?
Разбирам да џафне еднаш, два пати, да го смират, ама да не престане?!
Какво разбирање треба тука да имам?
--- надополнето: 2 април 2013 во 03:04 ---

Секако дека може да ги избрка. Во приватен бизнис со кого сакаш ќе соработуваш. И ако некој одлучи дека нема толеранција за врискави деца - значи нема.
И да, баш тоа што немам деца ме прави компетентна. Затоа што јас сум од оние луѓе кои ќе ги посетуваат тие места. Ти си понекомпетентен - затоа што тие места не се за тебе.
И баш затоа што немам деца, и не сакам да разглабам за нив, не сакам да ги има кај мене на столче, до мое уво, не сакам пелени, не сакам дување нос во сред кафич... затоа сум компетентна да барам место кое ќе ми овозможи да не го гледам сето тоа.

А кучиња што лаат нон стоп, немаат врска со мене. Никаква. Најди си го тој што ти пречи, и разбери се со него.

Не го сфати изгледа тоа што го пишав дека не си компетентна. Кога некогаш ќе имаш деца ќе ти се разјаснат некои работи.И јас кога бев ко тебе ми сметаа такви деца што вриштеа без престан и што трчаа низ маси.Но сето тоа се менува,сега си пишала ова,но ќе дојде време кога ке се чудиш самата на своите постови.Верувај.
 
Погрешно ги сфаќате и Пумата и Ванлокот. Не се децомразачи, сакаат само да ви објаснат дека како прво НЕКУЛТУРНО е на јавно место некој да прави било каква галама, без да се дели на деца и возрасни. Во Швајцарија на една моја другарка во зградата и дале дури и распоред кога смее да чисти со правосмукалка, да преместува мебел а во кои саати не смее па сега видете какви морални принципи имаат за галама па да не збориме за на јавни места во Европа.

За оваа случката што ви ја кажав мајката кога виде што направија децава не се ни извини ниту им пререче нешто, само им вика ја гледам "ајде мама да јадете, ајде" :facepalm: со такво лизни мазни понашање само брливи деца може да искочат. Или научи го да се понаша во јавност или дај некој да ти го причува за тие неколку саати.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom