што те интересира тебе што се случува на масите околу тебе? Како трето незнам какви се условите во тој ресторант. Јас на пример во рамстор во тетово кога бев требаше да му сменам пелени отидов до кола и таму му сменив јас самиот несакам да менувам пред луѓе.
Епа ете ти, има избор нели: ќе бираш места за излегување што имаат места за преповивање бебиња, или ќе отидеш до кола, а сигурен сум дека и WC-то ќе заврши работа со мала помош од уште една личност.
Ама те молам, не лупај такви глупост како „што те интересира тебе што се случува на масите околу тебе„. Не е ни нормално ни хигиенски (ниту па апетит дава) мирис на гомца, не е дека на бебенцава не им мирисаат какачките.
Има каде и има како да се заменат пелените без да им го згадиш животот (и оброкот) на сите во ресторанот. Се другово се оправдувања заради мрзливост.
За дневни кафичи негледам зошто да неможе да се излезе на кафе со дете? Значи ако имам(ш) дете неможе да излезеш и едно кафе да се напиеш? Плус ако сум со друштво ќе си имаат занимација и ќе си поиграат пријателите со детето. ...Значи и родителите се луѓе и имаат право да излегуваат нормално на места соодветни на тоа. Е сега ако на некого му смета и тоа што одам на такви места може да ми се фати малку и нека размисли дека и тој/таа бил(а) дете. И сега ако имам дете несмеам да излезам во рестонант, а да немам кој да ми го чува детето? Па ела нека ми забрани а ако дојде би го прашал со кое право?
Ok, повторно насловот на темата ја
онади дискусијава.
Да повторам пак, со директен коментар на подвлеченето.
Целата поента на муабетов се сведува на:
Секој има право да оди било каде, но (барем на некои места) никој не би требало да има право да им смета на другите.
Децата се деца, ама тоа не значи дека треба да вриштат во кафичи, ресторани, театри...
Значи детето си има потреба за трошење на вишок енергија, и
таа потреба не е компатибилна со твојата потреба да седнеш на кафе, ручек/вечера или на филм/претстава. Детето има потреба да го однесеш на игралиште надвор, да поигра на лулашки, клацкалки и тобогани, а ако е зима има игрални со други деца во нив (каде исто можеш да пиеш кафе).
Дури потоа по
приоритет би требало да дојдат твоите потреби, да седнеш на кафе во некој не-за-деца-кафич-каде-ќе-смараш, или да гледаш филм/претстава (каде пак сите ќе ги замара ненаигранато дете).
Е сеа,
ако си себичен родител, најверојатно токму тоа и го правиш.
Го носиш детето неизнаиграно и неистрчано, со вишок енергија и еден куп досада во него,
на места каде луѓето сакаат мир и раат.