Еднаквост за сите прекршители на кодексот на однесување, децата и нивните родители не се исклучок

  • Креатор на темата Креатор на темата PurplePuma
  • Време на започнување Време на започнување
Еден совет од мене, немој стварно да имаш дете ако кај тебе интелегенцијата се намалува на пола со секое дете, дека ќе отидеш бааги во минус ;)
--- надополнето: 20 август 2013 во 22:46 ---

Лејди олади. ;)

Некој знак е твојава интелигенција што ја продаваш на темава? Колку ги роди, трички до сега? Не ти е бе срам на темав ада се појавуваш да виткаш нечија аргументативна кичма во своја полза да дебатираш за тоа што сакаш да дебатираш (не темата во прашање), и да ги асоцираш другите луѓе со групи кои немаат никаква врска со нив? Ако си еден од "тие" родители, ќути си и седи си мадро, само посматрај ја темава. Како тргна, некој лесно би те замислил како некој од родителите за кои јадеме гомна на тамава веќе со месеци. Кој sales-pitch ти е следен на листа? Со што ќе не убедуваш дека претеруваме во врска со недолично однесување и неодговорни родители?
--- надополнето: 3 септември 2013 во 02:19 ---
Темава станала лудница :vozbud: Не сум знаел дека има до толку луѓе што може да мразат деца.

Вака сега, Пумата воопшто не е компетентна да учествува во темата како прво. Зошто? Човече оди прочитај и ги ставовите за нејзиното куче! Ќе видиш колку таа мрази деца.

А ти што, демек компетентен си? Да копаме по твоите постови да најдеме нешто juicy, сакаш? Остај што ПОИМ немаш за што се расправа во темава (инаку немаше да спомнеш мразење на деца).

Друга работа, менаџерите не се толку глупави личности ( и да се, газдите не се), така да ако децата сметаат врз работата на ресторанот, нормално е дека ќе се забрани влез за деца. Supply & demand се вика тоа. Кога ќе има доволно потражувачка ќе се отвори ресторан во којшто ќе немаат пристап деца. It's so fucking simple ! Пума и Ванлок - ете ви бизнис план! За возврат доволно ќе ми е да видам дека и вие можете да бидете среќни во вашиот ресторан.

Не живееме во паметна држава да газдите знаат каква целна група да привлечат. Затоа секој што ќе смести зандик кај нив го служат, а ситуации од какви се жалеле доста овде се земаат како дневна доза хумор кај околните присутни, а вработените мува не ги лази. До толку можеби не сметаат врз работата на персоналот во ресторанот, но сметаат на останатите муштерии.
--- надополнето: 3 септември 2013 во 02:53 ---
Пример бр. 1: Седат на маса два пара родители со 4 деца. Возраст на децата, најмалото да имаше 3-4, најстарото не повеќе од 10. Децата се качуваат по столчиња, скокаат по сепариња, расфрлаат се на секаде, се влечат по земја, вриштат, пречат на се живо околу себе, останати гости почнаа да реагираат. Едното дете беше рашлакано од мајката. Во сред кафич.
.

Тоа е проблемот. Суштнскиот. Родителот не ја гледа грешкат акај себе, туку кај детето, и детето пак ќе јаде ќотек затоа што на родителот не му функционира мозокот на оптимално ниво. Ќотек, затоа што "ја срамат" во јавност мајка им. А неа не и е срам нели?
 
Прво ОДМА да те искарам - никој не бара НИКАКОВ закон. Ако некој бара, тоа не сум јас и се оградувам од таквите размислувања.
Децата се нашата иднина и не треба да ги лишуваме, туку да им овозможуваме да растат и да се развиваат во што подобри услови, преку отворање и создавање на различни бесплатни центри за грижа и едукација. Ова би го разглабале во друга, соодветна тема.

Јас бев најкратка што можев во воведниот пост, го изнесов моето мислење најконцизно што можам, но ако сакаш повторно да резимираме, еве вака:

,,Според мене, треба да има посебни локали кои не дозволуваат деца. Не затоа што самите деца - како деца сметаат некому, туку затоа што има несвесни родители кои очекуваат нивните деца да бидат сакани од сите.“

,,Имам многу разбирање, на пример за плачливи бебиња во авион, летав со едно. Сепак, тука немаат многу избор родителите, и е нешто што - мора да се направи. ,,

,, Како и да е, темата сакам да ја насочам не кон бебињата - бебето штом го добие тоа што го сака, замолчува и заспива веднаш, освен тоа не трча и не досадува на други - туку исклучиво на деца 3 - 10 години. Оние кои се бркаат околу твојата маса во ресторан, врескаат итн.,,

,,Дали сте за да постојат места кои ќе им гарантираат на луѓето дека нема да бидат вознемирувани од деца? Затоа што знаеме дека ако одиме во ресторан, и се појави возрасен човек кој изгледа лошо или се однесува непримерно, ќе биде отстранет, но никаде нас не ни гарантираат заштита од детско тормозење.,,

Е сега, за да прецизирам уште повеќе:
Постојат 10 ресторани. 7 се за возрасни и за деца. 3 се само за возрасни, а деца се добредојдени под услов да седат мирни, а ако веќе не седат, родителот да биде отстранет од местото.

Ако јас се одлучам да одам во првите 7, сама сум си крива ако некое дете ме полие со сок. Свесно сум отишла онаму каде што се добредојдени деца и каде што нивното растрчување низ ресторан е нормално.
Ако отидам во останатите 3, знам дека нема да ми трчаат деца, да ми вриштат и да ме полеваат со праска. Нема да гледам ситуации ,,Леоооо мамичкаааа,,.

Ниту еден родител и дете не страда во ваква ситуација - имаш ебани 7 ресторани каде што си добредојден. Ебаго не иди во останатите 3 ако не можеш да си го зауздаш детето.
Ако можеш, оди. Или едино, оди, ама без детето.

Мислам дека концептот е многу едноставен, со тоа што на влезот на локалот се истакнува дека не се толерира некултурно однесување, од кого и да е, на ваков начин:
100909-screamingsign-hmed-6a.grid-4x2.jpg




Мислам дека сум доволно јасна, не е проблем ако треба дообјаснување.
--- надополнето: 3 септември 2013 во 00:11 ---



И никој не ги обвини децата.
Ги обвинивме родителите.

Иначе, секој со својата мака :) Има многу поголема и поопширна тема за хомосексуалци, баби во ЈСП, вонбрачни деца и тако даље, па никому ништо.


Again, fair enough.

Доста реално размилување, тоа е исто што и јас кажав на почетокот. Разбирам што некои луѓе имаат низок праг на толеранција (дали кон деца, кон возрасни или што и да е) и подржувам идеја да ете тие луѓе си се дружат на посебно место. Ете како што наведе и ти, пример од 10 ресторани, 3 нека се со забранет пристап за деца. Тоа и јас го кажав на почетокот, supply & demand. Кога ќе има доволно demand, ќе има доволно и supply. Колку е тоа изводливо во Македонија тоа е друго прашање. Мое лично мислење е дека во скоро време многу тешко да видиме нешто такво.
Ете ако се создаде иницијатива може и посебни кабини во авион да се направат за мајките со деца да не ги вознемируваат другите патници.
Муабетов ми е за ресторани, за кафани и кафиќи со гласна музика, и посебно навечер, сметам дека децата нема што да бараат таму.

А ти што, демек компетентен си? Да копаме по твоите постови да најдеме нешто juicy, сакаш? Остај што ПОИМ немаш за што се расправа во темава (инаку немаше да спомнеш мразење на деца).



Не живееме во паметна држава да газдите знаат каква целна група да привлечат. Затоа секој што ќе смести зандик кај нив го служат, а ситуации од какви се жалеле доста овде се земаат како дневна доза хумор кај околните присутни, а вработените мува не ги лази. До толку можеби не сметаат врз работата на персоналот во ресторанот, но сметаат на останатите муштерии.

Да Шкорпион, компетентен сум. Ако можеш да направиш некаква паралела со моите претходни мислења и темава тогаш изволте најди нешто juicy. ;)

За државата ми е јасно, за бизнис моделите на бизнисмените исто така ми е јасно (немаат). Сите работат у принцип: Ќе отворам нешто па ако тргне нека тргне, тоа е судбина?!?!
 
...пази ова, не се само децата со непримерно поведение, некогаш постарите знаат да се однесуваат полошо и од најлошите деца што сте ги виделе. Но, секако ова нема да ве интересира, бидејќи нели темава е за деца... o_O
Појма ти немаш за што се однесува темава.

Обиди се повторно да го прочиташ насловот и првиот пасос од првиот пост.


...најбољи ми се овие како цитираниов што улетуваат у пост со самоубиствен зафат глава у ѕид (и ко ќе се избацат со некоја мисла, ко сеа да ја почнале темата)-е то ти е, исто така форма на СМАРАЧ :)
На форумите таквите како нив ги викаме МЛАДИ ТРОЛЧИЊА. Еден од илјада такви можеби ќе израсне во голем трол. Од нив, еден од илјада, можеби ќе израсне во Лет3... кој воглавно е забавен за читање.

Кај троловите е голема конкуренцијата. Но има за сите, толку многу храна им се дава.
Затоа да знаеш, единствено оружје против трол е да не му даваш храна. Но алас, до сега не се родил таков што секогаш може да го следи овој совет. :)
 
Абе што е многу, многу е 50 страни за хипотетички проблеми и утописки размислувања, а се зборува во подфорум за дом и семејство.

Ретроспективно од закон за забрна за деца во ресторани и кафиќи, преку мерки од страна на угостителите за таа работа, дојдовме до поделба 7:3 каде смее, а каде не смее да одат деца.
Смешно, да не речам трагично и лудо.
1. - Која е таа будала што ќе однесе дете на такво место после 22 часот?

2. - Кој е тој јунак што ќе ја дефинира границата за нетолеранција?

3. - Која е таа мајка што во полн ресторан ќе менува пелени на своето дете на сред маса?

И еден куп други прашања кои се наметнуваат на оваа тема.

Зарем тоа што на отворените тераси на кеј, каде е дозволено пушење, и на мирните деца им оди димот во лице од соседната маса, каде некои лигли и лигуши, само ја држат цигарата во рака, не е за реакција од страна на родителите?

Па мене ми се случувало неколку пати да барам да ги тргнат цигарите, и ако не помага, го викам келнерот и барам да ми ја премести масата подалеку од шмизлите, кои во позадина коментираат види го ненормален, за да им се возврати повторно со некој коментар. Пази молим те им се ремети нивното уживање во цигарата:eek::confused:

Се наоѓате ли вие во тие улоги? Треба ли да се почне да се бара да има локали каде ќе нема воопшто пушачи или веднаш ваквите под итно да се отстранат и казнат оти не ја тргаат цигарата на време?
Не ми чини, се преместувам или си одам од тој локал. Крај на муабетот. Сторете го и вие истото.

Да се помислува за воведување забрани по локали за деца е нон сенс. Звучи најблаго кажано непријатно.

Или како што вели Пумата, со што она и останатите поддржувачи на оваа ступидна идеја, го задолжиле општеството повеќе од детето кое плачело и неговите родители? Со ништо, ама баш со ништо повеќе.

Решението е едноставно не ти се свиѓа, замини си или воопшто не влегувај. ВО кафиќ со гласна музика не влегувам со моето дете. Не им барам да ја намалат музиката нели? Ступидно би било.
 
Појма ти немаш за што се однесува темава.

Обиди се повторно да го прочиташ насловот и првиот пасос од првиот пост.



На форумите таквите како нив ги викаме МЛАДИ ТРОЛЧИЊА. Еден од илјада такви можеби ќе израсне во голем трол. Од нив, еден од илјада, можеби ќе израсне во Лет3... кој воглавно е забавен за читање.

Кај троловите е голема конкуренцијата. Но има за сите, толку многу храна им се дава.
Затоа да знаеш, единствено оружје против трол е да не му даваш храна. Но алас, до сега не се родил таков што секогаш може да го следи овој совет. :)

Браво, знаеш да цитираш и со тоа да го извадиш цитатот од контекст, да го зачиниш сето тоа со малку цинизам и обвинување дека соговорникот е трол. :cuc:
Туку ајде, терај како што си замислил.
 
Јасно е бе, конечно си доволно јасна. Сепак за да сме сигурни дека се разбравме, потврди дека го кажуваш следново:

Работите не се во ред. Без врска се.
Но, за да не си добиеш по муцката, ќути и трпи!

Во основа тоа го кажуваш, или грешам?

Еднаш еден пријател италијанец знаеш што ми има речено, никогаш ама никогаш немој да се расправаш со невоспитан, груб и нецивилизиран човек (дал маж или жена), оти како прво ќе почне, па ќе те симне на негово ниво (оти нормално ти така не си воспитана), е кога ќе те симне на негово ниво ќе те порази, и ќе се чувствуваш помало и од гомно.

Е сега види ти што ми е муабетот нон стоп.
 
Ало бре седнуваш у кафана,кафич,ресторант било каде џукели ти трчаат околу тебе и лаат, па се наоѓа и такви шо лингурите у рацее ги држат и ги галат за полесно да се разлетаат влакништа.
Деца им сметале :pos:

А пак кога ќе видиш дека и газдата има исто такво и тоа дека е внатре е тоа е моментот...

Навистина како што гледам најдобро би било рестораните и кафиќите да си одделат простории каде ќе можат да одат родители со деци и таман да си играат деците, да мењаат пелени и читаат БЕБЕ.

А од друга страна да бидат луѓето кои сакаат малку Мир, кафенце, тутун раат наместо џавкање, мислам дека оваа опција е најсолидна бидејќи еве сега што ќе правам јас зимово..па нема да можам кафе да се напијам брее од проклетиов закон против пушење да им ебам мамата а у ВЦ-њата и се се пуши и прави екс на секс ама ајде тоа е Ок.

Жити све затворете ја темава.

Кодекс на Однесување во Војска, на Торакална хирургија и во Судница.

Но може во ресторани и профитно ориентирани угостителски објекти да важат посебни правилници, а дека стгварно мноогу пелени се мењале имам сведок кој работеше во МекДоналдс во германија и ми го дефинираше бебешкиот измет како најодвратно нешто и ми кажа купишта таму па собирај ги со нараквици, фрлај ги и врати се на скарата.
 
Абе што е многу, многу е 50 страни за хипотетички проблеми и утописки размислувања, а се зборува во подфорум за дом и семејство..

Не е хипотетички проблем, тука е поентата која не ја разбирате.

Да Шкорпион, компетентен сум. Ако можеш да направиш некаква паралела со моите претходни мислења и темава тогаш изволте најди нешто juicy. ;)

За државата ми е јасно, за бизнис моделите на бизнисмените исто така ми е јасно (немаат). Сите работат у принцип: Ќе отворам нешто па ако тргне нека тргне, тоа е судбина?!?!

Ако мораш да потенцираш дека си компетентен, најверојатно не си. Не сфати зошто го пишав тоа на тој начин.

Сакале-нејќеле, ќе дојде и ова на дневен ред еден ден. Ако помина тоа со пушачите, а и на тоа се смееја кој стигне, па еве што се случи, така да според мене е само прашање на време. Дур е рано, треба тие, дотичните родители за кои се разговара на големо на темава да си ја променат таа рутина и социјални навики пред да има преголем импакт кога промените би стапиле на сила.
 
Видиш, и ја го сменив тој забар за покул, кој што, исто така, работи со деца (само овој не дозволува пренемагање и чачкање по инструменти). Има разлика.

Многу пати на темава е потенцирано дека родителите се проблем во суштина, а преку нив и децата. Едно со друго оди. Всушност, во кафич не може да дојде само дете, без родителот. Затоа, ако детето прави проблем а родителот не превзема ништо, проблем стануваат и детето и родителот. И треба да се пратат заедно дома.
Ако ти звучи подобро, ке кажам и вака: родителот е виновен што не обрнува внимание кога на детето му е до таа мера досадно, што станува напорно за околината. И, повторно, треба да се пратат заедно дома.

Ако се согласуваме дека и на двете групи ни пречи некултурно однесување, тогаш во што е разликата? Очигледно, во реалноста сите си молчиме и толерираме, само едниве јадеме г*мна по форум, а другиве морализираат.


Да прашам, симптоматично за што?

Ха, пази муабет. :)
- Го сменив забарот.
- Зошто?
- Па деца му чачкаа по инструментите низ ординација.
- Аха, и јас го сменив мојот.
- Зошто?
- Па и кај мојов деца чачкаа наоколу, ама овој не ги држеше инструментите чисти и стерилни.

Гледаш колку ти е ступиден аргументот? Браво за тебе ако си го сменила забарот пошто трчале деца наоколу и ги чачкале инструментите, сигурна сум дека ординацијата му е на среТ детска градинка. :)

Колку и да ви се издржани аргументите, се` паѓа во вода кога се обидувате од исклучоци да направите правило. Исто како она погоре, за манџата и помаранџата, кога некое дете што трчајќи низ песокот случајно, несвесно и несакајќи, во целата детска игра фрлил малку песок на крпата. Стани и истреси ја, принцезо мала, на плажа си, а не во театар. Важно детето е криво. Не, уствари родителот е крив, ама најкрив е што воопшто помислил да излезе од дома со такво гремлинче. Да си го земе под мишка и да оди дома и да не излегува додека не го репрограмира во Ц++.

Едно време спомна и од продавници да се елиминираат, за потоа да ги премолчиш. А јас пак просто да си препрашам. Ќе го прошириме ли истово и на приватни автобуси, еве да кажеме приватна 23-ка? И до каде е границата?

Потоа повторно запрашај се што е симптоматично.
 
Еднаш еден пријател италијанец...

Е сега види ти што ми е муабетот нон стоп.
Изговори, изговори.

Приказни и изговори. Промовираш дефетизам, зошто алтернативата демек е анархија. И тоа на тема каде зборуваме за воведување ред и неселективно применување на кодексот на однесување.

Продаваш демагогија. Што е уште полошо, лошо го правиш тоа.
 
Не е хипотетички проблем, тука е поентата која не ја разбирате.

Ако мораш да потенцираш дека си компетентен, најверојатно не си. Не сфати зошто го пишав тоа на тој начин.

Сакале-нејќеле, ќе дојде и ова на дневен ред еден ден. Ако помина тоа со пушачите, а и на тоа се смееја кој стигне, па еве што се случи, така да според мене е само прашање на време. Дур е рано, треба тие, дотичните родители за кои се разговара на големо на темава да си ја променат таа рутина и социјални навики пред да има преголем импакт кога промените би стапиле на сила.

Ок Шкорпион, if you say so :(

Ај еве пак ќе се повторам, бидејќи никој друг освен Пумата не даде пример како очекуваат “Кодексот на однесување на децата и нивните родители“ :confused:, да се воспостави?
Пумата даде сооднос 7:3 ресторани. Колкав е соодносот за плажи? Кој ќе ги воспостави овие норми? Кој ќе воспостави норма на толеранција за недолично однесување на едно дете?

Како планирате да се изведе сето ова?

П.С Немојте да ми одговарате со: Еднаквост или слични срања.

П.П.С Немојте ова да го споредувате со законот за пушење на јавно место. Срамота е. Јас сум за законот иако и јас сум пушач. И мене понекогаш ми сметаат цигарите кога јадам или пијам.
Ова што неколку луѓе тука го предлагаат е подобро да се спореди со забраните за црнци за користење на авотбуси во Америка, забраните за Евреите итн.
 
Ха, пази муабет. :)
- Го сменив забарот.
- Зошто?
- Па деца му чачкаа по инструментите низ ординација.
- Аха, и јас го сменив мојот.
- Зошто?
- Па и кај мојов деца чачкаа наоколу, ама овој не ги држеше инструментите чисти и стерилни.

Гледаш колку ти е ступиден аргументот? Браво за тебе ако си го сменила забарот пошто трчале деца и ги чачкале инструментите наоколу, сигурна сум дека ординацијата му е на среТ детска градинка. :)

Да, пази муабет. Баш пази :rolleyes:. Не срц, ти не гледаш колку твојот аргумент е ступиден. Ова е дневна политика меѓу родителите. Едни со други на тој начин си ги оправдуваат глупостите кои ги правеле, прават и ќе продолжат да ги прават. Нели, дека само луѓе со сличен нарав и слични искуства се "разбираат" меѓу себе. Ќе го направат забарот подоле од ѓубре, а детето ќе го кренат на пиедестал, помножувајќи со нула тоа што го направило. Премногу такви родители познавам. И тоа традиционално по дефиниција се вика bad parenting. И да, според мене, треба со прирачници да иде ова родителствово. Не се сите кроени да бидат родители.

Колку и да ви се издржани аргументите, се` паѓа во вода кога се обидувате од исклучоци да направите правило.

Сепак значи се издржани аргументите. Тоа што вие сметате дека се изолирани случаи и исклучоци е пак само свесно или потсвесно нулифицирање на проблемот. Сепак, тоа не го менува случајот на едно поколективно, макро-ниво. Проблемот постои, и очигледно од до сега изјавеното во дискусијава, не се работи баш за исклучоци. Но нели, мора да ги наречете така, бидејќи на тој начин ние само го балонизираме проблемчето надвор од реалните пропорции.

Исто како она погоре, за манџата и помаранџата, кога некое дете што трчајќи низ песокот случајно, несвесно и несакајќи, во целата детска игра фрлил малку песок на крпата. Стани и истреси ја, принцезо мала, на плажа си, а не во театар. Важно детето е криво. Не, уствари родителот е крив, ама најкрив е што воопшто помислил да излезе од дома со такво гремлинче. Да си го земе под мишка и да оди дома и да не излегува додека не го репрограмира во Ц++.

Пак е родителот крив! Зар како родител јас треба да дозволам песочна верзија на Star Wars да играат моите деца користејќи други луѓе кои лежат на плажата како барикади? Молим те, значи прочитај се што зборуваш! И да е преполна плажата, пак не е изговор! Имаат вода за играње, имаат и игралишта, имаат и често тобогани и сл. ако не е доволно се друго. Ако на дете му е сето тоа горе досадно, а му е интересно да замара други луѓе, кај бе да го гледаме проблемот?? Да, ако некој родител размислува како тебе, боље нека седи дома со децата наместо да тероризира нечие право на одмор и релаксација, кое не треба да завршува со песок во коса и очи. C++ треба за луѓе како вас, не за децата. Треба да пронајдат parenting software да ви инсталираат кој ќе иде со претходно спомнатиот прирачник.
 
Колку и да ви се издржани аргументите, се` паѓа во вода кога се обидувате од исклучоци да направите правило.

Важно детето е криво. Не, уствари родителот е крив, ама најкрив е што воопшто помислил да излезе од дома со такво гремлинче. Да си го земе под мишка и да оди дома и да не излегува додека не го репрограмира во Ц++.
Напротив. Исклучоците се тие кои го потврдуваат правилото.
Денес е исклучително ретко да сретнеш воспитано и конролирано дете.

Тоа што таквите како тебе се обидуваат некултурата и малтретирањето да ги протнат на мала врата, истиве не ги прави правило.

Токму темата е воведување на правила, поточно реафирмирање на старите и докажани вредности за етика и однесување.
Не баш проблем на ниво на нуклеарна физика. Или во твојот контекст, синтаксата на потребниот јазик ја знаат сите... Но премногу се мрзливи за да програмираат хардвер што бара непрестајно допрограмирање, зафатени се со извршување на програмот СЕБИЧНОСТ.
 
Ок Шкорпион, if you say so :(

Ај еве пак ќе се повторам, бидејќи никој друг освен Пумата не даде пример како очекуваат “Кодексот на однесување на децата и нивните родители“ :confused:, да се воспостави?
Пумата даде сооднос 7:3 ресторани. Колкав е соодносот за плажи? Кој ќе ги воспостави овие норми? Кој ќе воспостави норма на толеранција за недолично однесување на едно дете?

Како планирате да се изведе сето ова?

П.С Немојте да ми одговарате со: Еднаквост или слични срања.

П.П.С Немојте ова да го споредувате со законот за пушење на јавно место. Срамота е. Јас сум за законот иако и јас сум пушач. И мене понекогаш ми сметаат цигарите кога јадам или пијам.
Ова што неколку луѓе тука го предлагаат е подобро да се спореди со забраните за црнци за користење на авотбуси во Америка, забраните за Евреите итн.

Ми збориш за глупи споредби со пушачите, па соодносот на добри и лоши родители го избалансира со белци и црнци? What the fucking fuck човече!?

Кодексот? Како што владава знае да инсвестира во разно разни глупости, може да инвестира, како што прават сега промоции за трето дете, бенефици и сл. - да прават обука за родители (не е смешно како што може ќе ти звучи, во голем број странски држави го има истото, од истите причини за кои некои од нас го дрват овде 40 и кусур страници). За добрите родители, бонус бенефиции како тоа со третото дете (стимулација :D). Или едноставно регулативи и казни, како што Ванлок и Пумата ставија. Предупредувања, ако децата ви се однесуваат недолично, ќе бидете замолени и децата и вие да го напуштите местото итн.
 
Шкорпион дај просветли не што тоа не разбираме.

Дека на Пума секој ден и истураат невоспитани деца кафе на нејзините блузи?
Или можеби што Ванлок секој дена гледа како му мењаат пелени на сред маса?
Или пак Лејди Кју која мења забари затоа што имало деца таму кои ги пипкале инструментите?

Vanlok кутар ти, какви дефетизми и какви демагогии зборуваш бе еј?

На почетокот мислев дека е заебанција темава, ама кога гледам дека вие сте сериозни со вашите размисли, се чувствувам фрапирано какви млади генерации има во државава.

Трагично.

Може да скокате до утре сабајле, да мислите дека се знаете и дека сте го осознале животот седејќи зад компјутер и користејќи гугл, ама тоа нема да ви ги реши вашите проблеми, со кои ќе ве ошамари реалноста.

Во случајов и после денешниов коментар, пак ќе се најде дете кое ќе ви трча низ ресторанот во кој вие јадете и пиете кафе, и ќе ви ја ремети вашата замислена идила.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom