H.P Lovecraft (Call of Cthulhu)

  • Креатор на темата Креатор на темата Decadance
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 април 2009
Мислења
10
Поени од реакции
1
Не знам колку од вас ги имаат читано делата на Х.П. Лавкрафт, автор на многу хорор приказни. Неодамна го открив случајно на гугл, зошто не сум посебно заинтересиран за хорор новели. Но, откако ја прочитав неговата 'Shadow over Innsmouth' (Сенката над Инсмут), неговата работа ми привлече внимание.
Најдеталниот опис на К'тулу може да се најде во кратката приказна „Повикот на К'тулу“ и е заснован врз статуи на суштеството. За една од нив, создадена од вајар по серија немирни сништа, се вели дека „истовремено буди слики на октопод, змеј и човечка карикатура... Грутчеста глава со пипци поставена на гротескно крлушесто тело со рудиментарни крилја.“ Друга статуа, конфискувана за време на рација во просториите на еден убиствен култ, „претставуваше чудовиште со едвај антропоиден изглед, но со октоподовидна глава чие лице беше збир на пипци, крлушесто, навидум гумено тело, запрепастувачки канџи на предните и задните нозе и долги, тесни крилја на грбот.“

Скоро сите негови дела зборуваат за “Великите прастари“, суштества кои постојат уште од почетокот на времето и претставуваат најголемото зло во космосот.

Би сакал ваше мислење за делата на Лавкрафт доколку ги имате прочитано. :))
 
Книгата не, ама ја имам играта свртено неколку пати и можам да ти кажам дека е феноменална. Баш прикаската во играта е таа што ме воодушеви. Моја препорака е да ја симниш и да ја свртиш еднаш, нема да зажалиш.
 
Call of Cthulhu ми е омилена игра, се согласувам дека приказната е феноменална и ако се прочитаат сите текстуални делови во играта тоа е токму како книга да си прочитал :)
 
баш вчера ја ислушав вечерта повикот на Ктулу, одлична книга, хорор елементот заедно со нарацијата на Герик Хагон. интересна хорор приказна која крајот е прекрасен ;)
 
Дали ја има The call of Cthulhu на македонски?

Не. Но има српска верзија со наслов Некрономикон, тоа е збирка на најдобрите раскази на лавкрафт, нормално ако не ти се чита на англиски.
 
Да, играта ја спуштив и ја играм веќе некое време. Ама сепак сакав да ја прочитам и книгата.
 
имам pdf од H.P Lovecraft Complete works
дај меил по ПП и ќе ти ја пратам :)
 
На кого му треба ПДФ фајлот и ако не го мрзи да прогугла, нека ми пише ПП.

Интересно е што главна инспирација за да се напише ова дело, бил "Кракенот" напишан во 1830/31.

images
 
Не знам колку од вас ги имаат читано делата на Х.П. Лавкрафт, автор на многу хорор приказни. Неодамна го открив случајно на гугл, зошто не сум посебно заинтересиран за хорор новели. Но, откако ја прочитав неговата 'Shadow over Innsmouth' (Сенката над Инсмут), неговата работа ми привлече внимание.
Каде може да ја најдам книгата, ако ја има во печатена верзија, не електронска?
 
Има многу добар бенд наречен по писателот, книгата ја имам прочитано многу оддамна и ја имаше на српски во библиотека.
 
Јас сум го отпревртил ова чудо од игра. Ептен ми се бендиса, додуша тро тешкичка, или јас помал за 3-4 години(а со то поглуп) но не е битно.
Играта е темелена на една од книгите(чинам дека повеќе беа како што имам запомнено)
 
И Deadmau5 му има посветено песна на тоа митско суштество Ктулу :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom