- Член од
- 21 септември 2013
- Мислења
- 4
- Поени од реакции
- 1
- Возраст
- 40
Наидува 31.05.2013, гасење на Аналогниот сигнал. Колку што гледам, гледачите кој што со стари ТВ апарати со антени гледаа МРТВ , ( а каде има и други МК телевизии), сега освен Радиодифузната такса ќе мора да плаќаат задолжително и месечна претплата на некој Оператор. ОНЕ, кој ја врши дигитализацијата излезе со понуда Мини БООМ ТВ, но и тоа е со задолжителна претплата, 199мкд месечно и задолжителен Договор на 24 месеци. Потребно е правно толкување, кој треба да понуди на пазарот уреди ( Сет Бокс конвертори) со кој ќе може да се прати некодираната дигитална програма на МРТВ. Посебно што има реони НЕПОКРИЕНИ од ОНЕ. Не се работи само за 199 мкд месечно, туку со ова ОНЕ е во привилегирана и монополска позиција. Дали може некој надлежен орган да го натера ОНЕ или МРТВ да им понудат на граѓаните решение со еднократно купување на соодветен Сет Бокс уред со кој ќе може да гледаат МРТВ со постојните телевизори, а врз основ дека на МРТВ и плаќаат Радиодифузна такса ???
Друго решение е УКИНУВАЊЕ на Радиодифузна такса и кодирање и на МРТВ, па наместо Радиодифузна такса граѓаните ќе плаќаат МиниБООМ ТВ, а МРТВ нека си зема дел од ОНЕ
Пред се дигитализацијата не е направена заради некаква поубава слика туку за БИЗНИС и изнудување на пари од граѓаните. Зошто да не може да си има аналоген сигнал а и можност за дигитална ТВ па кој сака нека се дигитализира а кој не? нека си тера по старо. Ама лоповите во Владата мислат само како да извлечат пара од бедниот народ. како на пр. Сега не треба да плаќаме радиодифузна такса на МТВ затоа што гледаме преку БУМ, па ОНЕ нека плаќа на МТВ, а не дупло да не крадат. Втора работа е што сметките од БУМ доаѓаат ОДНАПРЕД! што никоја друга компанија т.е оператор НЕ наплаќа однапред. Ај што наплаќаат однапред туку и сметките ги ажурираат така да се толку нејасни и двосмислени. Имено на првата сметка што ќе ја добиете , ќе ви бараат да платите за „тековен и нареден месец„ а наредниот месец ви доаѓа повторно сметка за истиот месец. Кога ќе се пожалите кај ОНЕ тие велат дека таа сметка била за „последниот„ месец од договорот иако во договорот не го пишува тоа, а и да е за последниот месец нека стои во фактурата- за последен месец а не за нареден месец! Значи сума сумарум си играат мајтап со луѓето! ако се жалиш во АЕК, тогаш тие се само штура бирократија која само ќе го потврди она што операторот го тврди, т.е за АЕК корисниците никогаш не се во право. СРАМОТА! Има ли во оваа земја некоја институција која цврсто стои зад правата на потрошувачите и корисниците или сите постојат само плата да земаат и да си одат.