Цена за Такси Битола - Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата wek4
  • Време на започнување Време на започнување
4300 МКД ви е цената од такси компанија,сакате со клима,со парно или со промаја ?
 
Охрид Скопје со лагално такси над 4500 ден, ... е сега има и такви такси кои возат по карта од автобус, ама да се соберат 4 ...
 
Штип - Скопје е 300 денара те носи од кај сакаш до кај сакаш , кој тоа те ограбил од Кочани до Штип можеш слободно да го тужиш.
Со автобус е 300..ако сте биле 5 души у таксито и да сте делиле по 300 денара цената може.
 
Такси
Охрид-Битола 2200 ден.
Битола-Охрид 1600 ден.

И ај барајте сега логика...
 
Со автобус е 300..ако сте биле 5 души у таксито и да сте делиле по 300 денара цената може.

Во такси сум се возел и со 2-ца пак 300 платив, ме зеде од дома , и ме однесе до Скопје до дома. И сам сум одел сум платил 300 денари, али тоа само еднаш и ептен преку човек кој го познаваше таксистот па се нафати да ме однесе до дома оти многу куфери имав дека се селев и требаше да враќам за Скопје некои работи и затоа. Тогаш требаше како за 2-ца да платам заради куферите али човекот ми среди да платам само за мене. И ден денес, да решиш да одиш од Штип за Скопје ќе ти земат 300 денара , може и нешто повеќе ради тоа што ги поскапеа сега автобусите и немам отидено одамна со такси али у секој случај таа е цената. :)
 
Такси
Охрид-Битола 2200 ден.
Битола-Охрид 1600 ден.

И ај барајте сега логика...

Битолчани се евтина работна снага. Секаде е така. Помалиот или понетуристичкиот град е поевтин. Полесно е на некој од БТ да му се јавиш да дојде да те земе него да си ја чукаш главата со од ОХ. Исто му е и онака мора да вози во 2 правци.
 
се јавив ми рекоа околу 4,000 легални таксисти, пишете за дививе дали се поефтини, колку се етц
 
А овие од Reklama5, Pazar3 што имаат коли и ве возат. Мислам 3000 денари беше не ме држи за збор. За кога ти треба превозот?
 
Ако ви треба превоз одете на фејсбук групата ''Превоз Битола-Скопје и обратно'' 300-350 денари во еден правец е. Те зима од кај сакаш те носи до кај сакаш. Не давајте пари за џабе, битолчани одлично се имаат организирано.

Може ќе ви биде чудно и ќе ви делува не сигурно ама одлично функционира. Во суштина многу луѓе работат во Скопје и споделуваат само трошоци, многу подобро и поефтино од било кој друг превоз. Пишуваш на групата накај колку саат ти треба превоз и во која насока и за неколку саати се е договорено.
 
Последно уредено:
здраво дечки, некој да има инфо за цена на такси услуга од Железничка битола до Хотел молика?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom