N
NikolaMKD91
Гостин
Ова истражување се спротиставува на идејата дека еволуцијата е во една насока и дека организмите не можат да ги уништат промените. Идејата дека организмите не можат да се вратат назад на еволутивната скала е поддржана со Доловиот закон, кој вели дека „еволуцијата не е повратен процес; последователно на тоа, облиците или функцијата отфрлена во текот на процесот на еволуцијата не се појавува повторно во дадениот ред на организмот“. Оваа хипотеза прв ја унапредил историчарот Едгар Квинет.
Новото истражување го спроведе тимот на чело со два биолози од Универзитетот Мичиген, кој испитувале обични, прашински гини кои живеат во душеците, каучите и теписите. Овие грини еволуирале од паразити, кои од друга страна, потекнуваат од непаразитски микроорганизми.
„Сите наши анализи покажале дека грините од прашината го напуштиле паразитскиот начин на живот, станале независни и потоа во процесот на специјација (еволутивен процес со кој настануваат нови биолошки видови), се населиле во неколку живеалишта, вклучувајќи го и човекот“, наведуваат биолозите Павел Климов и Бери О'Конор.
Истражувачите откриле дека гините се вратиле назад на патот на своите предци, почнувајќи да живеат независно, што е феномен кој се спротиставува на идејата дека еволуцијата оди само напред. Научниците проучиле 62 хипотези на оваа тема и спровеле обемни ДНК анализи на повеќе од 700 видови грини, за да офромат своевидно семејно стебло (филогенетско, еволутивно стебло) на грини. Тие спровеле сложени статистички анализи за да ја испитаат секоја хипотеза која го објаснува потеклото на грините.

Филогенетското стебло на грините покажало дека нивни блики роднини се „Psoroptidia“, паразит кој живее во органите на птиците и животните. Исто така, непосреден предок во теписите и каучите се грините кои живеат во крзното на мачките и кучињата.
„Овој резултат беше толку изненадувачки што одлучивме да ги контактираме нашите колеги и да ја добиеме нивната поддршка пред да ги објавиме податоците“, навел Климов. Тој и О'Конор велат дека многуте промени довеле грините да започнат независен облик на животот, значајно различен од нивното паразитско минато.
Неколку особини кои придонеле на ова враќање на еволутивната скала се способноста да живеат во околина која има ниско ниво на влажност, моќен дигестивен систем кој им овозможува да се хранат со кожа и коса и способноста да преминат од еден домаќин на друг.
„Паразитите може брзо да еволуираат во софистицирани механизми за експлоатација на домаќинот и може да ја изгубат својата способност да функционираат независно од него. Тие често трпат деградација, но и губење на многу ггени, бидејќи нивните функции повеќе не се потребни во богата околина, во која домаќинот обезбедува и животен простор и хранливи материи. Многу истражувачи во оваа област гледаат на таа специјализација како на еволутивно неповратна“, истакнал Климов.
Истражувањето е објавено во магазинот „Systematic Biology“.