Научниците: Можна е обратна еволуција

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување Време на започнување
N

NikolaMKD91

Гостин
Ова истражување се спротиставува на идејата дека еволуцијата е во една насока и дека организмите не можат да ги уништат промените. Идејата дека организмите не можат да се вратат назад на еволутивната скала е поддржана со Доловиот закон, кој вели дека „еволуцијата не е повратен процес; последователно на тоа, облиците или функцијата отфрлена во текот на процесот на еволуцијата не се појавува повторно во дадениот ред на организмот“. Оваа хипотеза прв ја унапредил историчарот Едгар Квинет.

Новото истражување го спроведе тимот на чело со два биолози од Универзитетот Мичиген, кој испитувале обични, прашински гини кои живеат во душеците, каучите и теписите. Овие грини еволуирале од паразити, кои од друга страна, потекнуваат од непаразитски микроорганизми.

„Сите наши анализи покажале дека грините од прашината го напуштиле паразитскиот начин на живот, станале независни и потоа во процесот на специјација (еволутивен процес со кој настануваат нови биолошки видови), се населиле во неколку живеалишта, вклучувајќи го и човекот“, наведуваат биолозите Павел Климов и Бери О'Конор.

Истражувачите откриле дека гините се вратиле назад на патот на своите предци, почнувајќи да живеат независно, што е феномен кој се спротиставува на идејата дека еволуцијата оди само напред. Научниците проучиле 62 хипотези на оваа тема и спровеле обемни ДНК анализи на повеќе од 700 видови грини, за да офромат своевидно семејно стебло (филогенетско, еволутивно стебло) на грини. Тие спровеле сложени статистички анализи за да ја испитаат секоја хипотеза која го објаснува потеклото на грините.

20130311-nauchnicite-mozhna-e-obratna-evolucija-2.jpg


Филогенетското стебло на грините покажало дека нивни блики роднини се „Psoroptidia“, паразит кој живее во органите на птиците и животните. Исто така, непосреден предок во теписите и каучите се грините кои живеат во крзното на мачките и кучињата.​
„Овој резултат беше толку изненадувачки што одлучивме да ги контактираме нашите колеги и да ја добиеме нивната поддршка пред да ги објавиме податоците“, навел Климов. Тој и О'Конор велат дека многуте промени довеле грините да започнат независен облик на животот, значајно различен од нивното паразитско минато.​
Неколку особини кои придонеле на ова враќање на еволутивната скала се способноста да живеат во околина која има ниско ниво на влажност, моќен дигестивен систем кој им овозможува да се хранат со кожа и коса и способноста да преминат од еден домаќин на друг.​
„Паразитите може брзо да еволуираат во софистицирани механизми за експлоатација на домаќинот и може да ја изгубат својата способност да функционираат независно од него. Тие често трпат деградација, но и губење на многу ггени, бидејќи нивните функции повеќе не се потребни во богата околина, во која домаќинот обезбедува и животен простор и хранливи материи. Многу истражувачи во оваа област гледаат на таа специјализација како на еволутивно неповратна“, истакнал Климов.​
Истражувањето е објавено во магазинот „Systematic Biology“.​
 
Види немам никакви научни познавања, лаик сум како повеќето на форумот за овие работи. Но, сум гледал и сум читам, ме интересирале од секогаш вакви работи. Мое мислење е дека можеби се научниците се во право, постои ваква обратна еволуција ама само кај прости организми како што е дадено во примерите на статијата. А дека ние ќе се вратиме пак во мајмуни или едноклеточни организми, нема теоретски шанси.
 
Ок, за еволуцијата знаеме дека треба да биде прогресивна и да води кон посовршени форми. Но што се совршени форми? Според мене тоа се форми кои најдобро ќе се адаптираат на средината. Секоја измена на средината нужно ќе бара измена и во организмите доколку истите сакаат да преживеат. Ако средината прави некој цикличен процес на изменување низ милениумите, тогаш и организмите би го следеле тој процес. Нели? Е сега дали буквално би се враќале кон старите форми е знак прашалник, бидејќи еволуцијата не може никогаш егзактно да се определи во кој правец ќе се развива. Како беше она, evolution works in mysterious ways. :)
 
Функсционалното упростување немора секогаш да значи и еволутивно уназадување. Многу вируси имаат екстремно проста форма, но тоа незначи дека се еволутивно постари. Напротив нивното усовршување во начинот на паразитирање, значел нивно упростување и поедноставување.
 
не верувам дека се враќаме во мајмун впрочем веќе се случило пред милиони години од мајмунот станувал човек,а денес за 50 години од човекот станувал мајмун според тоа што гледам во парламентот особено албанците очигледно еволуцијата е побрза од ајфон ;)
Како и да е, јас верувам дека Господ го човекот и ништо друго не верувам .
 
Ако некому не му е јасно како може ова да се случи нека појде во Прилеп да види со свои очи дека е можна обратна еволуција:D
 
Можеш и од графит да направиш дијамант, ама термодинамиката ти вика ќе ти требаат огромни температури и притисоци а кинетиката вика дека ако сакаш да се дешава тоа спонтано на нормална температура и притисок ќе треба милиони години.

Така и со ова.
 
не верувам дека се враќаме во мајмун впрочем веќе се случило пред милиони години од мајмунот станувал човек,а денес за 50 години од човекот станувал мајмун според тоа што гледам во парламентот особено албанците очигледно еволуцијата е побрза од ајфон ;)
Како и да е, јас верувам дека Господ го човекот и ништо друго не верувам .

http://www.youtube.com/watch?v=tn8vUrASVjw
http://www.youtube.com/watch?v=EXFJSoqUCCg
http://www.youtube.com/watch?v=vkjGjFb27mE
http://www.youtube.com/watch?v=0j59czN_tKI
http://www.youtube.com/watch?v=a4yvpUPysWk
http://www.youtube.com/watch?v=iHQ9p62cPdE
http://www.youtube.com/watch?v=IMyndqhI51c

Зоолошка а???
 
Сликине од демотивација не биле за џабе ..
 
ominus ceula e ceula
односно да настани човекот претходно требало да има човек
а тоа дека човекот настанал од мајмун преку еволуција според мене не е издржано со факти и докази бидеќи се правени експерименти и не е успеано од мајмун да направиш човек
Надворешните влијанија како температурата интезитетот на осветлување местоположбата каде живее развитокот на опшеството развојот на технологијата на животното или човекот во целина неможат да влијаат врз генетиката и врз ДНК.
Единтвен начин да настанат модификации е преку употреба на хемиски елементи и промена на самите кодови во ДНК. Значи според мене неможе да има обратна еволуција бидеќи човекот каков што бил пред неколку милијони години таков е и денес.
А за бактрериите алгите и габите може да има промена под дејство на вирусите кои ја менуваат самата дезоксирибонуклеинска киселина воедно и генеските кодови
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom