Тајна Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО)

Член од
6 август 2006
Мислења
201
Поени од реакции
29
Pa sjde istoricari da ve videme sto znaete za TMORO (1893-1905), osnovaci, razvoj, celi, intrigi, propagandi, lagi, unistuvanje i pricini, Ilinden, ustrojstvo i kraj! Mislam deka e mnogu interesna i neistrazena tema, pa ako imate i linkovi i naucni dokazi, uste podobro!
p.s. pocnete, pa posle ce odbiete i moe mislenje, samo da gi sredam podatocite.
 
На ова сме расправале милијарда и еден пат. Само што тоа не било се во една тема....сите одговори можеш да ги најдеш кога ќе споиш 5-6 теми заедно....(постовите на татарите на - ignore)
 
Покрај некои позитивни страни на историската ВМРО, пред се борбата за ослободување од османлиската власт, денес не треба лесно да се пренебрегнуваат и некои нејзини суштински слабости. Според некои наши историчари, кога при крајот на 1893 година во Солун беше основана оваа организација, нејзиното име гласеше "Бугарски македоно-одрински комитети". Следната година беше усвоен и уставот на организацијата, во кој се велеше дека нејзин член може да биде "секој Бугарин". Вака остана се до 1896 година. Тогаш името на организацијата беше изменето во ТМОРО (Тајна македонско-одринска револуционерна организација), а новиот устав ги опфаќаше "сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народноста". Задачата остана иста: автономија на Македонија и Одринско (Тракија) во рамките на Отоманската Империја. Претходно, во 1895 година, во Софија бугарската влада го основа "Врховниот македонско-одрински комитет" со идентична задача. Поврзаноста и соработката меѓу двете организации беше блиска. Повремено се јавуваа извесни судири, но тие речиси никогаш не беа од суштинска природа во однос на главните цели. Името ТМОРО се одржа се до Рилскиот конгрес на организацијата во 1905 година. Тогаш зборот "тајна" беше заменет со "внатрешна" и новото име гласеше ВМОРО (Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација). Ова име се задржа се до крајот на Првата светска војна. Во 1919 година, во Бугарија (Пиринска Македонија), Тодор Александров ја обнови организацијата, но со нешто изменето име - ВМРО (Внатрешна македонска револуционерна организација), овојпат без да се однесува и на "Бугарите" во Одринско (Тракија). Значи, не беше случајно што организацијата претходно ја покриваше не само Македонија, туку и Одринско (Тракија) - територија што се протега од југоисточната граница на географска Македонија се до Мраморно Море. И тогаш, како и денес, во бугарска политика и наука се живееше со тезата дека Тракија и Македонија се "бугарски земји". Меѓутоа, по Првата светска војна, кога Тракија им припадна на Грција и на Турција, Бугарија практично се откажа од оваа територија бидејќи бугарското население во Тракија во меѓувреме беше сведено на многу мал број луѓе. Од тој момент, бугарскиот територијален интерес се концентрира само на "Бугарите" во Македонија. Се разбира, постојат и многу други јасни показатели за бугарскиот признак на организацијата. Да споменеме само два: јазикот и црквата, клучни за посебноста на националниот идентитет на македонскиот народ. Јазикот на ВМРО (во документите, весниците и сл.) секогаш беше бугарскиот. Во организацијата никогаш не се ни помислуваше за признавање и воведување на македонскиот јазик, без оглед на фактот што уште од средината на деветнаесеттиот век во македонските средини, како во земјата, така и во странство, разни поединци, друштва, клубови и други организации се залагаа за негова употреба, пред се во училиштата, учебниците и печатот. За ВМРО македонскиот јазик не постоеше, а многу негови документи говореа само за "бугарска борба". Слично беше и со македонската црква, за чие основање имаше многубројни барања и активности. Но, сите тие барања и активности беа поставувани и водени надвор од ВМРО. Една од главните задачи на ВМРО беше во Македонија да се заштитат бугарската Егзархија и нејзините училишта.
Значи, повеќе од очигледно е дека денешна Македонија, втемелена врз АСНОМ, нема апсолутно никаква врска со замислената Македонија на историската ВМРО. Напротив, станува збор за две крајно спротивставени национални идеологии.
 
Nikos, mozda si vo pravo ama da znaes deka vo Odrinsko verojatno imalo Makedonci (vo toa vreme) taka da ne e sigurno deka se odnesuvalo na bugarite vo Odrinsko. Vo Trakija mozam da ti kazam deka i denes ima Makedonci (so islamska veroispoved) koi za zal veke golem broj se izjasnuvaat kako tursko malcinstvo (i onaka znaeme kakva e sostojbata vo Grcija so "nepostoeckite" malcinstva).

Silen
 
Silen напиша:
Nikos, mozda si vo pravo ama da znaes deka vo Odrinsko verojatno imalo Makedonci (vo toa vreme) taka da ne e sigurno deka se odnesuvalo na bugarite vo Odrinsko. Vo Trakija mozam da ti kazam deka i denes ima Makedonci (so islamska veroispoved) koi za zal veke golem broj se izjasnuvaat kako tursko malcinstvo (i onaka znaeme kakva e sostojbata vo Grcija so "nepostoeckite" malcinstva).

Silen

имало македонци...а зашто партијата на јане Сандански се казва Народна федератија партија /б'лгарска секција/
а другата партија по време на Хуриера 1908 г е Б'лгарски конституционни клубове

Членовте на двете партии са от Македонија и Одринско
 

Заклетвата на ВМРО
"Се колнеме во името на Бога, верата и честа, дека отсега ќе служиме колку што можеме за слобода на нашата татковина Македонија и Одринско; ќе ги слушаме наредбите на нашите главатари; нема никому да ги кажеме скришните народни работи. Ако не ги слушаме наредбите на нашите главатарии ако некому, свесно или несвесно, кажеме за она што сега го гледаме, што го слушаме и што го работиме да бидеме убиени од браќата со оружјето што сега го целиваме. Амин"
 
Создавањето на ТМОРО е од историско значење за Македонија и македонскиот народ бидејќи преку неа за прв пат се остварува сплотување на сите македонци за заедничко настапување против Османлиите.

Идејата за создавање на МРО се родила кај Дамјан Груев кој заминал за Солун каде на неколку средби со Иван Хаџи Николов успеал да го убеди дека неговата идеја треба да се реализира бидејќи тој бил единствениот начин да се спречи продорот на балканските - соседни пропаганди и на бугарскиот политички фактор во Македонија. На тој начин, на 23 октомври (4 ноември) 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун се сретнале Д. Груев, Христо Татарчев, Андон Димитров, Петар поп Арсов и Христо Ботанџиев. На нареден состанок во јануари наредната година било потврдено формирањето ан МРО и се пристапило кон изработка на нацрт Устав и брошура за разобличување на Бугарската пропаганда во Макердонија( таа задача ја земал Петар поп Арсов). На нареден состанок, истта година бил оформен ЦК од сите 6 члена на организацијата, а биле формирани и Околински, окружни и селски комитети.

Во 1894 година кон организацијата се приклучуваат и Гоце Делчев, Пере Тошев и Ѓорче Петров кои допринеле за ширење на мрежата низ Македонија, пред се низ селата.

На Солунскиот конгрес (Првиот мислам) околу Велигден во 1896 година МРО била преименувана во ТМОРО и било оформено ЗП (задгранично претставништво) од двајца членови - Гое Делчев и Ѓорче Петров. Тие исто така го изработиле и Уставот и Правилникот на Организацијата.

Во 1898 година Делчев е поставен за контролор за организираните и постојани чети и токму тој се грижел за вооружувањето, распоредот и составот на четите.

Инаку, да не заборавам, по Солунскиот конгрес Мак. е поделена на 5 револуционерни окрузи: Скопски, Битолски, Серски, Солунски и Струмички, и надвор од Македонија бил Одрински.

Главна цел во почетните години ан организацијата била да се создаде револуционерната мрежа низ Македонија со што ќе се постави основната базаза почеток на едно масовно вооружено востание, како и да се помогне на народот околу тешкотиите со властите, како ан пример: подучување за да не одат на Судовите кај кадиите туку самите тие даси формираат судови и самите да си донесуваат пресуди.

Самостојноста на Организацијата била влошена од страна на Бугарската Егзархија и на ВМК (Врховен Македонски комитет - што јас ни во еден случај не би го нарекол така), како и од ТБРБ (Тајното Бугарско револуционерно брадство) кое во 1899 година ќе изврши влевање на Бугарски фанатици и националисти во ТМОРО. На тој начин Организацијата запаѓала во рацете ан Бугарскиот непријател.

Во 1901 година се случила Големата Солунска провала кога сите членови на ЦК (без Даме Груев и Петар Поп Арсов - бидејќи биле осудени на 101 година затвор во Подрум Кале во Мала Азија) завршиле зад решетки. Единствено успеал дасе извлече Иван Хаџи Николов кој пакод страв и возбуда, ТМОРО ја препуштил во рацете на Врховистите, т.е. на Иван Гарванов.

Иван гарванов е основниот виновник за пребрзаниот и несигурен почеток ан Илинденското востание кое пак ќе остави големи траги врз македонскиот идентитет, но исто така и ќе го сврти вниманието на Светот кон Југот од Балканот, но за џабе!!!
 
Бадијала кажуваме и на оваа тема ќе се посерат Татарите...

Но сепак, убаво би било да се прокоментира и на ова па нека јадат К тие.
 
(Тајна македонско-одринска револуционерна организација), а новиот устав ги опфаќаше "сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народноста".
Да ама имаш и нешто друго под Член 4. во тој устав..ти оставам самиот да прочиташ да видиш што пишува..

И уставот на ТМОРО е напишан во 1902 година, не е напишан во 1896 година......а во 1895 година се формира и МОК во Бугарија од Трајко Китанчев, и целтта на овој комитет била да собира Македонци емигранти од Бугарија да се борат за Македонија, но самиот Китанчев ќе биде уапсен од бугарскиот двор и на тој комитет ќе дојде на чело Борис Сарафов(мислам дека беше).....човек на Бугарскиот двор......
 
Edna popravka. Ivan Garvanov nikoga ne bil clen na VMK ta da bil ''varhovist'' i TMORO nokoga ne bila v losi vrzki s Egzarhijta, sto Delcev, Gruev, Pere Tosev, Giorce Petrov pa i mlogo drugi bili daskali naznaceni i na plata od Bulgarskata Egzarhija. Srabotkata mezdu TMORO I VMK bili mlogo tesni koga VMK go vodeli Kitancev a posli i Sarafov.:smir:
 
Bratstvoto na Ivan Garvanov ne sorabotuvalo so vrhovistite, nego garvanov si imal ednostavno za cel da ja prisoedini Makedonija kon Bugarija, inaku revolucionernoto Bratstvo stanuva del od Vmro po sredbi na zadgranicnite pretstavnici i Garvanov
 
За ТМОРО е долга и опширна темата. Не знам што точно да пишувам. Многу има за кажување/пишување. Читај потпис :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom