Земјите од Вишеградската група со заедничка воена формација

  • Креатор на темата Креатор на темата $korpion
  • Време на започнување Време на започнување

$korpion

MusicProducer
Член од
14 април 2009
Мислења
252
Поени од реакции
90
Премиерите на Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, земји здружени во Вишеградската група (В4) заедно со претставници на Франција и Германија се договориле за продлабочување на воената соработка и до 2016 година планираат да формираат воена формација.

Според чешкиот заменик-министер за одбрана Властимил Пицек, Чешка е подготвена во т.н „бетл груп“ да распореди до 800 војници и три транспортни хеликоптери, јави МИА.
Заедничката борбена група би имала вкупно 3.000 лица и тоа според планираното 1.300 -1.600 полски војници, 400 од Словачка и околу 350 војници од Унгарија. Полска ќе го обезбеди главниот дел од борбените сили, Чешка нуди медицинска и логистичка поддршка, додека Унгарија и Словачка ќе учествуваат со професионалци за борба против оружјето за масовно уништување.
Чешкиот премиер Петр Нечас потсети дека европските земји почитувајќи ја буџетската дисциплина ги намалуваат трошоците за одбраната споредено со со периодот пред една деценија.
- Тоа значи поголема соработка, споделување на одбранбените способности и поголема координација на нашите одбранбени напори. Нашата цел е да се избегне паралелното создавањето на пример на командните способности како меѓу Европската унија и НАТО", рече Нечас. Чешките медиуми ја пренесоа и изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел, која заедно со францускиот претседател Франсоа Оланд учествуваше на средбата во Варшава.
- Разбирливо е, дека денес една земја не може да се справи со ситуацијата и одговорноста за одбраната на Европа треба да ја преземеме сите заедно, изјавила Меркел, додавајќи дека за проблематиката на одбраната се дискутирало на барање на земјите од В4. Според Оланд, за продлабочување на европската одбрана е потребно да се развие конкретна стратешка визија, која како што најави ќе биде подготвена за декемврискиот самит на ЕУ.
 
Тоа значи интегрирање во една армија, армија на Европска Унија како преодна фаза и после во светска армија.
 
Тоа значи интегрирање во една армија, армија на Европска Унија како преодна фаза и после во светска армија.
E сето то убо.

Него кажими, светската ар(а)мија освен шо ќе троши ресурси, од кој ќе не брани? Од самата себе?
 
E сето то убо.

Него кажими, светската ар(а)мија освен шо ќе троши ресурси, од кој ќе не брани? Од самата себе?

А зошто мислиш дека ќе те брани тебе од нешто?
Знаев дека ова клише прашање следи, нема друго :icon_lol:.

Армијата ќе биде тука да ги штити малкутемина од многутемина.
 
Вишеградската група која се формира по распадот на комунизмот во Европа имаше за цел да се штити од влијанија и да формира еден мини реон во Европа кој под силните традиционални врски кои ги имаат овие земји меѓусебе да си биде на некој начин изолиран. Вишеградската група и имаше за цел заедно да пристапи во ЕУ и можеби после неколку децении и заедно ќе се одделат ако има услови за тоа иако е тешко да се верува. Комунизмот остави трага врз овие земји и како што кажав Полска, Чешка, Словачка и Унгарија кои насилно беа присвоени од страна на Русите со оваа заедница сакаа да се борат против асимилирање нешто што на Балканот се случи а тоа е со влезот на Америка во војната во Југославија.
 
Армијата ќе биде тука да ги штити малкутемина од многутемина.
Малкутемина од многутемина, жими газов... Нити било, нити е, нити ќе биди.
Армијата ќе биди тука за да има за шо да плаќаме даноци, придонеси и слични давачки. А дека ќе те брани од нешто (особено ако не е од нечиј -читај американски- интерес), не ни верувам.
 
Создаването на заеднички воени формации во рамките на ЕУ не е нешто ново.Таа политика беше започната уште во 2007 година. Уште повеке се зборува за 3000 воjници. Тоа е минорна броjка, като се земе предвид за колко држави станува збор.
Ваква слична група постои на Балканот, како во неja влеугват- Кипар, Романиja, Грциja, Словениja и Бугариja.
 
Малкутемина од многутемина, жими газов... Нити било, нити е, нити ќе биди.
Армијата ќе биди тука за да има за шо да плаќаме даноци, придонеси и слични давачки. А дека ќе те брани од нешто (особено ако не е од нечиј -читај американски- интерес), не ни верувам.
Мислам дека погрешно си го сфатил.Со „малкутемина од многутемина“ мисли на одбрана на елитата од народот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom