Скопје расте на штета на граѓаните

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Ajде да не збориме глупости како прво.Скопје е град,голем град и што очекувате вие од Скопје..да биде село од разбиен тип..здради на километар?? Што да каже ондак Прага,погледни како е густо изградено таму....

Prague.jpg


Скопје ни приближно не е со таа густина изградено..Но не викам дека не е загаден град,загаден е и тоа многу..Проблемот со Скопје е друг.
Прв фактор,хигиената е на лошо ниво,културата на народов уште полоша.
Втор фактор,лош јавен транспорт,град кој се потпира само на автобуски превоз (голем град) има лош јавен транспорт..На Скопје му треба под хитно друга опција (трамвај,ЛРТ,метро..научна фантастика)
Трет фактор,Скопје лежи во котлина,опкружен со планини и со намален проток на воздух..густината на зградите не е предусна..
Многу сообраќај,метежи,тесни булевари и сл. Се тоа влијае на загадувањето.
Цитро......Прага е градена во сосем друго време,а ние баш вака градиме во 21 век....
Прочитај што пишав погоре мој личен пример.Ако мислиш дека ова е згуснато,отиди во Чаир,Дебар Маало и Тафталиџе (кај бараките) каде што е се градено во овој век и таму види која џунгла е.Башка ова убаво изгледа во Прага и било врв на архитектурата во тоа време....ние градиме вака тесно и густо картонски кутии.

Башка што во сите тие средноевропски градови имаме иселлување од центарот (од ваквите згради) и населување на приградски населби.Верувај дека пола од становите на сликава се празни или во нив живеат по 1-2ца пензионери....
 
Па што и да се гради треба да биде плански и испланирано. Оди во некои од вистинските метрополи низ нашава Европа па да видиш што се случува во центарот на градот. Никако нема градежен хаос како овде. Ние сме едни од ретките, ако не и единствени што имаме планина - Водно на 2км од центар. Не треба да го изгубиме и тоа.
Па ова со референдумот би било супер идеја, ама џабе кој не врти нас. А има ли можност да се направи иницијатива за такво нешто, може ли некако да дејствуваме а не само да збориме? :D

Колку што знам инаку ќе се гради и во самиот парк, катна гаража, нешто околу салата Градски парк, нели ке се прави луна паркот, после на самиот кеј итн итн..

Водно е веќе претворено во Дебармаало 2, кога видов пред некое време се исплашив... Зградишта, комшиите прозор во прозор се гледаат...
 
Експерти. Пффф. Тие што не се купени од урбаната мафија и од Владата, никој не ги ферма од медиумите, причината е јасна. Не знам како не сфаќаат луѓево дека кај нас така иде работата.
Svakaat ama taka im cini :свиркам:
 
Dodeka e na vlast vrmo taka kje (n) Sekade gradat i go unistija celo zelenilo na vodno vekje kje pocnat sto se vika i zgradi da gradat t.e na sredno vodno :facepalm:
Аје бе не јади бурек, исти гомна с(т?)е сите, со разлики у нијанси и мекоча!

Скопје стан(ув)а за никаде. Хаос, смог, гужви, сељачаана на секој чекор... крајно време за бегање во предградија или уште подобро во периферија... кој може, се разбира.
 
Аје бе не јади бурек, исти гомна с(т?)е сите, со разлики у нијанси и мекоча!

Скопје стан(ув)а за никаде. Хаос, смог, гужви, сељачаана на секој чекор... крајно време за бегање во предградија или уште подобро во периферија... кој може, се разбира.
Јас можам ама немам пари да изградам :) Инаку не само ВМРО и сите останати се исти :гомце: така да ... во Скопје не се купува стан ...
 
Picture 136.jpgPicture 135.jpgPicture 135.jpg
кој го ова измисли-проектира -нацрта да биде вака ,веднаш да виси за мудата
на коњот на Аце,три дена и три ноќи.
Оди летно време сега помини овдека после пладне,а цела населба поминува од тука со години,до душа по земјена патека-нива беше со бостан. А сега Асфалт. 100 %.
Ова е во новата населба во Ново Лисиче. Само згради,згради и пак згради и Асфалт за оние што ќе дојдат тука (не е темава за нив) и сакаш потоа долг живот,епа нема.
Нема воздух повеќе тука за сите.
Нели можеше овој глупчо од проектант да остави по едно крукче без Асфалт на 5-6 м. па да се насади по некое дрво,ова на се личи само не на населено место,зградата е на 5 метри од овој Асфалт,кои ќе почне и да се топи летоска, и кои мирис ќе имат тоа населените овдека,и кој воздух,и кој поглед на Асфалт,земјичка златна никаде.
Ќе го бара некој Мариово и Порече златно,ама да не е касно.
 
Аје бе не јади бурек, исти гомна с(т?)е сите, со разлики у нијанси и мекоча!

Скопје стан(ув)а за никаде. Хаос, смог, гужви, сељачаана на секој чекор... крајно време за бегање во предградија или уште подобро во периферија... кој може, се разбира.

најдобро преку граници
оти спас му нема- допрва граѓаните односно идните генерации ќе ги сетат штетите
 
koga posleden pat se videle https://fbcdn-sphotos-g-a.akamaihd.net/hphotos-ak-prn1/548655_422471641140411_1277991201_n.jpg
nema flora- ischeznuva i faunata
Skopje pochna da nalikuva na Atina -koj e eden grozen grad - celiot vo sivilo - prljav,so eden mal ploshtad, so tesni ulici i zgradi zbieni , bez parkinzi bez trevi i parkovi i so naselenie koe e zbirshtina od sekade ......uzhas

Како до сега ова не сум го отворил и одговорил.
Да,пред земјотресот,како деца многи сме трчале и фаќале светулки во Скопје.
Покрај јазот,така го викавме,под Капиштец па до Водњанска.
Од тогаш не сум видел светулки,па и ги нема по асфалтов.
-----------
Не е цело Скопје асфалт и густо изградено,има и добри делови.
Да видиш на де веруваш,алал да му е на проектантот на Ново Лисиче (и Аеродром)
Ново Лисиче стариот дел, синоќа шетав таму после полноќ-милина,воздух-ладовина.
Не е како во новиот дел на населбата зграда до зграда,коли под зграда и пред зграда.(погоре дадени и слики)
Таму со кола не може ни да се приближиш до зграда и до влезовите.
Има парк помеѓу зградите,сигурно над 1Км,со величина како градски.
Во средина на тој парк е улицата Тоше Проевски која сега ја реновираат.
Кога би ставил некој слика (авионска ) од тој дел и да се види оваа убавина.
Блазе си им на тие што живеат во тој дел на населбата и во тие згради и кули.
Ваков дел има и во Аеродром од лева страна кога одиш накај Лисиче.
Да се чудиш како толкава површина заземена со паркови,игралишта,лулашки и сл.
 
Му гледа на комшијата во спална – гради кој кај ќе стигне во Скопје


„Како што можете да видите од фотографиите кои Ви ги праќам во прилог, наоддалеченост од само 1 метар од дворот на мојата семејна куќа на улица Баница бр.19 се гради зградата со вкупно 40 отвори-прозори и врати кон мојата семејна куќа и двор.,, се вели во писмото кое читател го испратил до Прес 24.
Во Одобрението за градба и ДУП за Црниче на оваа локација смее да се гради семејна куќа. Проценете сами од фотографиите кои Ви ги праќам дали овој објект е семејна куќа. Почитувани, во минатиот период се обративме кај СИТЕ надлежни органи во Р. Македонија да го спречат овој очигледен криминал наречен мито и корупција за стекнување противправна имотна корист.
Целата комуникација е документирана и Ви стојам на располагање доколку сакате овој случај да го истражите и да ја информирате јавноста во Македонија за овој очигледен случај на УРБАН КРИМИНАЛ“ – пишува читател на Press24.
http://mkd-news.com/mu-gleda-na-kom...a-vo-spalna-gradi-koj-kaj-ke-stigne-vo-skopje
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom