Руски уличен фронт против дрогата

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
А

Атомската мравка

Гостин
Паралелно со регуларната марихуана, рускиот пазар е преполн со тн синтетичка марихуана која во основа воопшто не наликува и е бескрајно поштетна и поопасна од оригиналниот производ. Како одговор на ова низ земјата почнуваат да се формираат банди од млади дечки кои најдиректно тргаат во лов на дилерите на оваа дрога. Групата се нарекува Молодежныј Антинаркотическиј Спецназ (МАС) нема никаква политичка позадина и функционира на своја рака. Дечките функционираат низ целата земја и немаат некаква строга поврзаност или централа која ги координира, а главна мета им се уличните дилери на "спајс".

Принципот на акција им е приближно идентичен. Се собираат група од 15 - 20 момци (понекогаш има и девојки), наоѓаат човек за кој се сомневаат дека е дилер и еден од нив оди до него за да купи пакетче спајс. Доколку човекот стварно продава (а ова најчесто се луѓе што работат во трафика), тие го враќаат пакетчето кај групата, го снимаат, и потоа прават јуриш на трафиката која комплетно ја демолираат, а дилерот (кој завршува со влечење ама без премногу ќотек) го посипуваат со црвена боја. Ако дилерот има автомобил, тој обично завршува превртен на кров.

Алал нека им е, храброст имаат, сепак некој од овие дилери може и да припука со пиштол во цела таа фрка...алал нека им е на дечките...нека продолжат колку толку ќе им влеат страв на ситните риби...кај нас се еповрзано ова не би успеало, да му акниш една на дилер, ќе се испостави дека чичко му е началник а мајкаму јавен обвинител.....
 
Ова само во Русија може да се деси :)
Колку толку помага во спречување на продажба на синтетичка трева,сепак големите риби се вистинскиот проблем.
 
RESPECT! ние никогаш нема да имаме муда за ова ;)

Алал нека им е, храброст имаат, сепак некој од овие дилери може и да припука со пиштол во цела таа фрка...алал нека им е на дечките...нека продолжат колку толку ќе им влеат страв на ситните риби...кај нас се еповрзано ова не би успеало, да му акниш една на дилер, ќе се испостави дека чичко му е началник а мајкаму јавен обвинител.....

Во право си дека има шанси и некој да припука ризикуваат ама поголема група се 15-20 души огромни се шансите ако припука после тоа другите да го претепаат до смрт тој што пукал, вака бар гледаш не ги тепаат многу само ги откриваат и предаваат на полицијата. Така да најлошо што може да му се случи на дилерот е да си одлежи казна затвор за дрогата, инаку имате повеќе видеа откако ќе го изгледате ова гледајте ги и другите на страна, ставив линк за повеќе видеа ама изгледа оти беше од друг сајт ми го избришале..
 
Очигледно е дека Русија ја имате видено само на телевизија. За разлика од вас имам појдено таму неколку пати и можам да ви кажам дека Русија е дефинитивно најкорумпираната држава во Европа таму некаде со Косово се на исто рамниште. 90 % од овие што ги апсат излегуваат на улица за неколку часа оти ќе му ја платат “тарифата“ на командирот на полицијата.

Заглавуваат само тие што немаат платат или тие што се трн во око на некој локален шериф.

И гарант овие не се независни. Ништо во Русија не е независно.
 
Ти верувам друже ... Русија, Белорусија и Украина се најкорумпираните држави не само во Европа туку можеби и на планетава !
Според она што ми го имаат кажувано за таму како било лица(роднини како и познаници) кои работеле таму(градежно) со години ова што го кажуваш е вистина !
Еве на пр. во МКД да те фати полиција(на пр. правиш некаков сообраќаен прекршок) мамата ќе ти ја расплачат, а таму фино лепо на полицаецот ќе му ставиш во предниот џеб од кошулата некоја рубља/гривња и ќе ти ја искине казната за секунда и ќе ти се насмее ... ова како еден пример само !
Таму имаш купишта девојчици кои се продаваат за ептен ситни пари, таму имаш скоро цела популација од 7 до 77 ќоро-пијано, таму во одредени региони времето е запрено и сеуште е 1900 и некоја година... ОК можеби во Москва, Киев, Минск е нешто боље односно има покултурен и поситуиран народ, добра инфраструктура, но сепак грото од народот(во овие сега веќе од 1991 год. посебни и независни екс.СССР држави) живее во мизерија(бетер од нас овде) а за криминал и корупција се први не само во Европа туку и на пошироко ниво ...
Ова не го измислувам ова ми го имаат кажувано лица кои работеле во тие држави со години и верувам дека е така ... јес да во секоја држава има криминал, корупција, разни девијантни појави и.т.н. но овие држави предничат во овие работи т.е. ги има во изобилие !
Но сепак овие држави се подобри од нас затоа што имаат огромни сопствени природни ресурси(особено Русија) и затоа имаат доста поевтини горива, струја, вода, природен гас, храна и.т.н. од нас овдека каде што токму овие работи се најскапи !
 
Апсолутно ова со сообраќајните полицајци е вистина. Со мои очи имам видено, го блокираа патот се направи колона од 50 возила тој брате ни пет, ни шест оди од кола до кола ги “проверува“ документите. Сите гледаат, имаше сигурно преку 100 сведоци а тој ги наполни џебовите со пари. И уште ако не му се свиѓа сумата што си му ја дал одма ќе ти најде дефект на возилото демек гумите ти биле ќелави и сл. :eek:
 
:pos::pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom