Најчести грешки во секојдневниот говор/пишување?

Кога ќе прочитам или слушнам случаеви ми се навиткува косата на главата o_O. Правилно си е од случај-случаи. Секој може да згреши во пишувањето, но најмногу се нервирам кога тоа го прават личности кои не треба да го прават и упорно грешат, како одредени новинари и водители на емисии.
 
македонец, Македонски-Македонец, македонски
љуто-луто
зема(минато свршено време)- ЗЕДЕ
 
Сè ти е точно, освен за:

Нѝ треба вашата поддршка.

И „Нѝ“ (кратка заменска форма од „нам нѝ“) се пишува со надреден знак, а со цел да се разликува од „ни“ (ни лево, ни десно). Исто така, не сум сигурен дали има некои измени на правописот во поново време за ова, ама мислам дека треба да се прави разлика и меѓу òд“ (чекор, одење) и „од“.

Инаку, еден од изразите кои најмногу ме нервираат е „зема/зима“ кога се користи во минато време :mad:
Дарт Каране,

Сè си е точно напишано. Ти си јанлаш. Формата „нѝ“ не постои во правописот. Провери си. Инаку, сосема е логично да постои таква форма за да се разликува заменската форма „нѝ“ од партикулата „ни“, баш како што пишуваш. Арно ама, сè уште нема таква правописна норма.

Што се однесува до правењето графемска разлика меѓу именката „од“ и предлогот „од“, и тој муабет држи. Таква иницијатива имаше во средината на 80те. Имаше и напис во тогашна „Нова Македонија.“ Само не ти чини предлогот за дијакритичкото бележење на именката „од“. Именката треба да се бележи со циркумфлекс акцент: „ôд“ , а не акцент гравис: „òд“. Причината е едноставна: зголемената вокалска должина на „о“ во „ôд“ наспроти краткото „о“ во предлогот „од“. Елементарни фонетски факти, одамна потврдени со акустички мерења.

Јасно е дека правописот бара уточнувања. Примери има уште. Треба асален лингвист да седне и да ги одработи, а чичковците и тетките во МАНУ да турат мур.
 
уствари - всушност
свиѓа - допаѓа
збори - зборува
така да - така што
за џабе - залудно

набрзина до сега овие ми текнаа
Уствари ова е дијалект, не е никаква грешка во пишување и говор.
Исто префиксите за компаратив и суперлатив (по- и нај-) многу често се пишуваат одделно.
(пр. нај добар, по добар...)
Зошто за ова уопште не сум сигурен? Некој да не просветли?
 
Уствари ова е дијалет, не е никаква грешка во пишување и говор.
Зошто за ова уопште не сум сигурен? Некој да не просветли?
Воопшто :P
Инаку заедно се пишуваат, најдобар, подобар, предобар
 
Скопјани извинете ама кога ке слушнам ,,руките ,ногите

глааа,
Тоа не е Скопски освен глаа/глаата. Скопски е рацете, нозете исто како во литературниот , можеби било така во Скопскиот до пред 10-15 години но денес тешко.
 
Ако толку сакате да сте правописно точни еве ви некои кодови што ќе ви помогнат без да користите Word.

è - држите ALT+138
ò - ALT +149
á - ALT+160
 
Еве мене што ми излегува:

ALT+138 - Ő
ALT +149 - Ľ
ALT+160 - á

:confused:

Мене ми е многу чудно кога ќе прочитам: „Јас ја свиѓав“ или „Таа ме свиѓаше.“
Тоа никаде не сум го чула, ниту прочитала, освен на форумот кајгана.
 
è - ALT+0232 со бројките на нумеричкиот дел од тастатурата, но со англиска поддршка.
Со македонска излегува „и“
Се пишува и нулата, во спротивно ALT+232 излегува „ш“.
 
Сега ми текна, дека 50 % прават грешки при ставање на “наводници“. Толку е тешко да се сфати, дека не користиме исти како во другите јазици?

*намерно е ова ставено така, да се долови поентата.
 
Тоа не е Скопски освен глаа/глаата. Скопски е рацете, нозете исто како во литературниот , можеби било така во Скопскиот до пред 10-15 години но денес тешко.
руките,ногите си останаа до ден денес.и свиѓа
--- надополнето: 28 февруари 2013 во 12:18 ---
зборот =најповеќе

или кажете највеќе или повеќе
 
зборот =најповеќе

или кажете највеќе или повеќе

Не е правилно ни највеќе. Не можеш да ставиш суперлатив на веќе. Прифатливата форма е најмногу.
 
Мене ми е многу чудно кога ќе прочитам: „Јас ја свиѓав“ или „Таа ме свиѓаше.“
Тоа никаде не сум го чула, ниту прочитала, освен на форумот кајгана.
Слабо се вртиш по Дебар Маало, затоа не си ги чула. „ја свиѓав“ и „ме свиѓаше“ се легитимен скопски сленг. И да, наместо индиректен објект, има директен објект. Ги немаше во твое време, а ни во мое. Ама, времињата се менуваат, луѓето, па и сленгот. Сленгот е најдинамичната варијанта на говорниот јазик во која се препознаваат јазичните трендови -- оние изрази, вокабулар и синтакса кои во моментот се „ин“ кај тинејџерите и адолесецентите. А тие дечки се главните креатори на сленгот. Дали тебе ти се чудни ваквите форми е башка муабет. Те навасува времето, драга моја...:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom