Најчести грешки во секојдневниот говор/пишување?

И кажале дека сватив се пишува со Ф и напишала сватиФ. :icon_mrgr:

Најмногу ме нервира кога некој ке напише:
Јас сум оТ пичкесиматерине.
Kaјси?
Oдкако
Звезда
Ноги....:mad:
 
Добитна комбинација на интернетов за мене е кирилицата комбинирана со правопис. Едноставно секси е, делува префинето. Ме привлекува. Иако не секогаш пишувам правописно, некои ситуации поубаво се доловуваат и опишуваат на сленг со улични фрази.

П.С. Јас пак не научив како да напишам „е со цртичка“. Кога ми треба барам на Google и го копирам најчесто од Википедија.
 
Јас имам друго прашање: има ли компјутери чија тастатура е со македонска кирилица?

Со кирилични и латинични букви заедно, да. Притоа кириличните се помали и се на долу поставени.
Но, само со кирилични немам видено.
 
Со кирилични и латинични букви заедно, да. Притоа кириличните се помали и се на долу поставени.
Но, само со кирилични немам видено.

Тава са само налепници.....
Физичка/механичка кирилична руска/бугарска...
Иначе се друго е латиница.
 
Тава са само налепници.....
Физичка/механичка кирилична руска/бугарска...
Иначе се друго е латиница.

Е тоа не знам. Ама имам приметено тастатура со кирилични наши македонски букви (ж, џ, ј, љ, њ, ц, ќ, ѓ и други букви кои ги немаат Бугарите или Русите) и плус латинични.
 
страшно го мразам сумљам
кај е србизам па уште не ни размислуваат кога го кажуваат
сумњам е да му се сневиди, од се сомневам, не од се сомљевам
да ве сомљеват!

а да, и секад
никад ајде, србизам, ама секад?
во вардар директно

A си чул/а за дијалекти ? :))

Во скопскиот има многу србизми ,ама таков си е дијалектот...
 
Е тоа не знам. Ама имам приметено тастатура со кирилични наши македонски букви (ж, џ, ј, љ, њ, ц, ќ, ѓ и други букви кои ги немаат Бугарите или Русите) и плус латинични.
Има си македонски стандард на распоредувајне на буквите на тастатурата, ама тава се праа софтверски, не са хардверно програмирани...
И производителите на тастатури ги лепат на самите копчиина овија буквички.
 
Ова блогче објаснува сè за употребата на надредениот (дијакритички) знак
http://lektormk.blogspot.com/2010/10/e-e.html
Надредниот знак во македонскиот јазик има ограничена употреба. Се среќава над буквите е и и, и тоа само во кратките заменски форми ѝ(нејзе ѝ), нè (нас нè) и во општата заменска форма сè (зеде сè со себе). Се користи за да се разликуваат овие форми од сврзникот и,негацијата не и од се во значење повратна заменска форма (се смее, себеси се виде во огледалото) или форма од помошниот глагол сум (тиесе тука), соодветно.
Другите хомоними во нашиот јазик не се означуваат со надредни знаци.

Надредниот знак се означува со коса црта, која почнува од горе лево и завршува долу десно: è, ѝ.
Обележувањето со коса црта во спротивниот правец (é) е неприфатливо. Оваа ознака е резервирана за бележење на акцентот.

Нè претставува кратка заменска форма за директен објект за прво лице множина и, како што споменавме, се пишува со надреден знак, за да се одвои од негацијата не.

Пример:
Сите ги поканија, а нас не нè викнаа.
Не сака (спротивно од сака) VS нè сака (чувствува љубов кон нас)

На кратката заменска форма ѝ за индиректен објект, за трето лице еднина во женски род, се става надреден знак, за да ја одвоиме од сврзникот и.

Пример:
Книгата (нејзе) ѝ ја оставив на масата.
Нејзе ѝ оставив книга и чоколадо.

Општата заменска форма сè означува целосна опфатеност на нешто. Без надреден знак се пишуваат повратната заменска форма и третото лице множина, сегашно време, од помошниот глагол сум.

Пример:
Таа има сè и не ѝе доволно.
Тој се израдува на сè што му кажаа.
Тие се тука веќе неколку години.

Честопати, зборувачите кои недоволно ги научиле јазичните правила, прават грешки во обидот да не згрешат. Така, се среќаваат и други заменски форми со надреден знак.

Пример:
Нѝ треба вашата поддршка.
Вчера ѝм се јавив за да ги поканам на состанок.

Секако, ова е погрешно.

Уште една грешка која се јавува, повторно поради хиперкоректноста на зборувачите, е ставање надреден знак и во сложените зборови што содржат сè.

Пример: сèедно, сèвкупно, сèприсутен.

Овие примери всушност треба да изгледаат вака: сеедно, севкупно, сеприсутен. Тоа што треба да се запомни е дека во сложенките сèсе пишува слеано со основата на зборот и, притоа, не се пишува надреден знак.

Единствен исклучок е сè уште, кој се пишува разделено и со надреден знак.

Пример: Сè уште го немам гледано филмот.

Во врска со надредните знаци, се јавува проблем и од техничка природа. Кириличната тастатура не ги содржи овие знаци, па корисниците најчесто импровизираат и се снаоѓаат самите, но многу почесто го избираат полесниот начин и го изоставаат надредниот знак.
 
донеле - донесле
инфаркт - инфарк
чет - чат (ова е англиски збор ама кога ќе видам некој на Фејсбук да напише „Дојди чат“ се нервирам за нивната глупавост, дури и го пишуваат на латиница cat.)
 
Сè ти е точно, освен за:

Нѝ треба вашата поддршка.

И „Нѝ“ (кратка заменска форма од „нам нѝ“) се пишува со надреден знак, а со цел да се разликува од „ни“ (ни лево, ни десно). Исто така, не сум сигурен дали има некои измени на правописот во поново време за ова, ама мислам дека треба да се прави разлика и меѓу òд“ (чекор, одење) и „од“.

Инаку, еден од изразите кои најмногу ме нервираат е „зема/зима“ кога се користи во минато време :mad:
 
Хаха ова со изразот кој те нервира е најчесто во Скопскиот говор.

Иначе највеќе ме нервира кога се користат повеќе дијалектите за официјално зборување отколку литературниот јазик, а понекогаш ми оди на нерви што луѓето пишуваат со латиница иако нашиот јазик е само кириличен.
Разбирам дека понекогаш немаат можност за пишување со кирилично писмо (телефон,компјутер без наместена подршка итн) бидејќи и јас немам, но бар кога имате можност потрудете се да ја користите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom