Најчести грешки во секојдневниот говор/пишување?

БевНе, јадевНе, пиевНе, спиевНе...сТреќни... бљааак!:mad:
 
За “Ѝѝ“ ти е тилде на македонска поддршка.
За Е-то нема копче.
ако може за неупатените, што ти е тоа “тилде“? и како се прави? испоштракав се можно на тастатурава и никако да го најдам тоа “И“
П.С. на форум Хич не внимавам на правопис :pos:
 
ако може за неупатените, што ти е тоа “тилде“? и како се прави? испоштракав се можно на тастатурава и никако да го најдам тоа “И“
П.С. на форум Хич не внимавам на правопис :pos:
Не се замараjте, ќе обjавам овде македонска тастатура со надредните знаци (сам jа направив). Лесно се инсталира.
Моментално ги имам: ѝ, ѐ, '.
 
Многу грешки правам при пишување. Си редам запирки како ќе ми текне. Често нови реченици започнувам со мала буква и ред други работи за кои сум повеќе или помалку свесен, но така ми тргнало. Неретко правам и грешки кои други, пописмени од мене, ги воочуваат наместо мене. Кога треба да напишам нешто, а не се работи за форумски пост, порака, електронска пошта и слично, знам да го консултирам правописот. Сериозно. Грешки секогаш има, но колку поретко, толку подобро. Во секојдневниот говор не се оптоварувам многу околу тоа како зборувам. Побитно е што и како велам.
 
Еве линк до тастатурата. RAR file е. Отпакуваjте го, и стиснете на setup.exe и готово.
Следен чекор е да се подеси во Control Panel:
Afr6hSJ.png

Или ќе го наjдете како Layout01 Description или како Macedonian +.
Ова е распоредот на буквите:
4ohMvOp.png
 
Може и ова сте го забележале во некои мои текстови.
Најповеќе грешам кај буквите Ф и В.
Кога го пишувам најчесто ставам В во зборовите,но потоа кога го читам истото увидувам дека требало Ф. Па и се уште за некои зборови не сум сигурен дали треба Ф или В, а и кога се изговара а најчесто не е прва буква во зборот се слуша како В
- Така го напишав и првиот текст,иако знам дека грешам.
- На пример; напишав грамавонска плоча или грамавон,но откога го прочитав морав да го променам,ова ми се случуваше овие денови.
--------------------
СЕга читам и стварно се мислам дали морав е со В или Ф.
Исто така гледам и прочитаВ сум напишал-точно ли е со В.
 
Тие грешките на маникенките во базентот.Сваќаш, сваќе?Или несваќаш?Поздрави ја вуња ти и честитај и за новата куња.И речии кварот на бољерот, не сакајки беше.
 
Sheldon Cooper само она Е со цртичка ми е накако чудно. или јас имам некоја некомплетна тастатура? :D
до З се наоѓа само shift. нема друго. или да не си ти нешто грешка?
 
Sheldon Cooper само она Е со цртичка ми е накако чудно. или јас имам некоја некомплетна тастатура? :D
до З се наоѓа само shift. нема друго. или да не си ти нешто грешка?
Има тастатури што имаат + копче лево од З :) Затоа и наjдесно го поставив т.е измеѓу десен шифт и точката.
 
уствари - всушност
свиѓа - допаѓа
збори - зборува
така да - така што
за џабе - залудно

набрзина до сега овие ми текнаа
 
Има доста луѓе со факултетска диплома на кои тешко е да им докажеш дека сфаќа се пишува со ф, а не со в. И дека сваќа е жената на сватот. Но, тоа е што е.

Исто префиксите за компаратив и суперлатив (по- и нај-) многу често се пишуваат одделно.
(пр. нај добар, по добар...)

Од несоодветно употребени зборови или зборови кои едноставно не се на место се следниве:
-Пренајубаво;
-Како резултат на филмската реплика: „Извини Пиги, морално беше“ морално денес често се употребува во контекст на нешто задолжително, нешто што мора да се направи;
-Секундарно, не како второстепено (како што треба да е) туку како нешто што се случило брзо, најверојатно бидејќи ги асоцира на секунда.
 
јас имам еден другар што УВЕК ама увек пишува мОабет со О... незнам колку пати сум му укажал на тоа и пак џабе е.... така го има научено и крај. и голем број на луѓе гледам на многу места кај што треба ќ да стават ставаат к (и јас се вбројувам тука во нив) - не дека незнам туку по „далечно“ ми е ќ-то на тастатурата...

иначе убаво би било на виндоусов да има опција автоматски после точка автоматски да биде првата буква голема ако веќе правиме муабет за правилно пишување
 
Јас имам друго прашање: има ли компјутери чија тастатура е со македонска кирилица?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom