Најчести грешки во секојдневниот говор/пишување?

Слабо се вртиш по Дебар Маало, затоа не си ги чула. „ја свиѓав“ и „ме свиѓаше“ се легитимен скопски сленг. И да, наместо индиректен објект, има директен објект. Ги немаше во твое време, а ни во мое. Ама, времињата се менуваат, луѓето, па и сленгот. Сленгот е најдинамичната варијанта на говорниот јазик во која се препознаваат јазичните трендови -- оние изрази, вокабулар и синтакса кои во моментот се „ин“ кај тинејџерите и адолесецентите. А тие дечки се главните креатори на сленгот. Дали тебе ти се чудни ваквите форми е башка муабет. Те навасува времето, драга моја...:)

Опасни сте вие во Скопјето. Кај нас од Дражево до Владевци си викаме „ме ареса“, „ареса ми се“.
Петар, подвлечената реченица ја имам чуено многу одамна, и да не знаев дека не носиш очила, ќе се штрептосав :cautious:
 
Опасни сте вие во Скопјето. Кај нас од Дражево до Владевци си викаме „ме ареса“, „ареса ми се“.
Петар, подвлечената реченица ја имам чуено многу одамна, и да не знаев дека не носиш очила, ќе се штрептосав :cautious:
Така де, сленгот не е саде скопска одлика. А на мене ме ареса и дражевскио сленг, и тај од Владевци, та и тај оште подалеко уф Петралинци. И са трудам да ги научам. А наочаарто си ги носум, нема штрептосвајне.
 
обете-двете
обајцата-двајцата
ваљда-веројатно
инжињер-инженер
запримети-забележа
живели-да живееме
некад,никад,више-некогаш,никогаш,повеќе
запосли-вработи
заоштри-заостри
жмигавец-трепкач
пажња-внимание
лепота-убавина
oслонува-потпира
уствари-всушност
понашање-однесување
отвара/затвара-отвора/затвора
чуства-чувства
бутка-турка
чланарина-членарина
сумљање-сомневање
намештај-мебел
смештај-сместување
позивен број-повикувачки број

Kнигата нема страни туку страници. Страни се исток, запад, север, југ.
 
погрешно употребени странски зборови кои би требало да бидат во минато свршено време, ама ете не се :) на пр. триумфираше, се пласираше... и мојот фаворит - експлодираше. по дефиниција експлозијата е нешто што трае многу кратко. како може експлодираШЕ? кога помина ти во близина сè уште се одвиваше експлозијата, па кога замина не си сигурен дали беше завршена? wtf? се извинувам за странцизмот
 
Уште еден од многуте буквалистички преведени и неуко склепани зборови: ултимативен. Налет што има куп солидни македонски еквиваленти за оваа придавка (конечен, краен, апла, ептен, до даска, итн.) туку „преводот“ е неписмена копија, разбира се, од ultimate. Арно ама, пуста желба да се изразуе по странцуски и да звучи „ин“. И тоа не е ич проблем ако чоек е малце од малце писмен. Како што е формулирана, придавката „ултимативен“ добива семантичка и морфолошка врска со „ултиматум“ па оттаму означува квалитет или својство кое произлегува од некакво натурање, присила, т.е., ултиматум. Значи, „ултиматумски, изнасилен, присилен, наметнат“. Сосема различно од „конечен, краен, ектремен, аплаџиски, до јаја“. За споредба, кога preservative ќе се преведе како презерватив (а бајаги народ го преведува вака без око да му трепне), од конзерванс се добива куртон. А тоа го менува вкусот на манџата, нали. Ултимативно.
 
обете-двете
обајцата-двајцата
ваљда-веројатно
инжињер-инженер
запримети-забележа
живели-да живееме
некад,никад,више-некогаш,никогаш,повеќе
запосли-вработи
заоштри-заостри
жмигавец-трепкач
пажња-внимание
лепота-убавина
oслонува-потпира
уствари-всушност
понашање-однесување
отвара/затвара-отвора/затвора
чуства-чувства
бутка-турка
чланарина-членарина
сумљање-сомневање
намештај-мебел
смештај-сместување
позивен број-повикувачки број

Kнигата нема страни туку страници. Страни се исток, запад, север, југ.

Ова според тебе се грешки момак?
 
Ова според тебе се грешки момак?
Правиме збор за литературно, не за уличен, секојдневен говор кој сите си го користиме. Шо значи според мене да, грешки се.
 
Правиме збор за литературно, не за уличен, секојдневен говор кој сите си го користиме. Шо значи според мене да, грешки се.

Јас мислев правиме муабет за правописни грешки од типот снеК,леП,страм итн ,а не за сленг и уличен говор останат од старите.
Значи според тебе стари Скопјани кога викаат бева,отидова,или ние помладите што користиме сленг при говор или при пишување е грешка?Ако е така тогаш сите наши дијалекти се грешка.
Има разлика помеѓу неписменост и дијалектика и сленг,се што си набројал во твојот пост е или сленг или дијалект.
 
Ме сасчишсвит дирекно и ин дирекно ко ќе јадет овоштие и ко ќе пукет со орудија :confused:
 
Овие две работи најмногу ме нервираат кога се грешат: сФаќа & не знам!
 
Негација и глагол се пишуваат ли заедно? (пр. неможам, несакам) Се почнува реченица со мала буква, за имиња да не зборувам, се внесуваат многу неологизми кои лесно ќе го уништат нашиов јазик ако се продолжи со ова темпо. (ме аддна, се тагнав, кисче и не знам што) ....
 
Негација и глагол се пишуваат ли заедно? (пр. неможам, несакам) Се почнува реченица со мала буква, за имиња да не зборувам, се внесуваат многу неологизми кои лесно ќе го уништат нашиов јазик ако продолжи со ова темпо. (ме аддна, се тагнав, кисче и не знам што) ....

Тоа не е ни толку проблем колку што е внесување на странски зборови на местото на веќе постоечки зборови.
Пример: тензично/напнато.
 
Тоа не е ни толку проблем колку што е внесување на странски зборови на местото на веќе постоечки зборови.
Пример: тензично/напнато.
Е и тоа што викаш. Куриозност, ситуација... технолошките изрази се друга тема. :)
 
Секој ден во рецептите на интернет се користи додади наместо додај пр. додади 2 лажици сол.
Прашањето ми е во заповеден начин како би изгледало подај ми ја книгата или додај ми ја книгата ?
Братучед или братучет
ноктот го среќавам како нокот
примат или примаат ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom