Колекционери на лименки од енергетски пијалоци

Ново од Италија. Цена, незнам :)
monster-x-presso-coffee-energy-drink-hammer-96-ounce-cans-pack-of-12_3314_500.jpg
 
Во Рим, е сега незнам каде точно и во кој дел од Рим. Од супер маркет беше, и во самиот маркет имаше посебен дел за автомобили. Тука го начекав и неможев да не го земам. :)

Еве како изгледа. За мене е мераци.

Tonino Lamborghini го носат и кај нас, не знам точно каде го има, ја знам само маркетинг агенцијата што им ја води кампањата.
 
Tonino Lamborghini го носат и кај нас, не знам точно каде го има, ја знам само маркетинг агенцијата што им ја води кампањата.
Дури сега гледам. Да, уште одамна и јас видов дека ги има и кај нас. 80 или 85 денари се.

Сега го пијам и најновиот член од колекцијата Dragonheart. Ми се допаѓа како изгледа, иако е слаб - 32mg.

Dragon%20Heart%20product.png



И да ви кажам дека веќе и кај нас донесоа баш вакви Monster Energy. Цената е 165 денари во Окта.

Ако имате видено низ Скопјево некои интересни енергетски, пишете тука или по ПП. :D
 
Последно уредено:
Почнав и јас со ова хоби, но не собирам само од енергетски пијалоци, туку секакви лименки. Имам 5-6 лименки, да ги подсоберам повеќе и ќе ви сликам.
 
Последна фотографија што имам направено од моите лименки е оваа
limenkismall.jpg


Ме мрзи да седнам да правам нова фотографија, сеа имам многу повеќе лименки :)
 
Прв пат слушам/гледам некој да збира лименки од енергетски пијалоци. Да знаев ќе ви сочував бар 15 лименки кои ги немате во колекцијава, почнувајќи од плав, црвен и сребрен Red Bull во неколку различни големини (250, 350, 455 ml), па енеретски пијалок со лого на Fashon TV, па XAL и т.н. Исто така 50ml шотовите од RedBull и MadBat и уште не знам какви се не шотови.

Патем гледам го немате Booster, поготово тоа малото од 150ml. Многу е јако и многу отрезнува, само кај нас го шиткаат прескапо - 300~350 денари. Го начекав само еднаш по цена од 170 денари на бензинска на Макпетрол на автопат после Демир Капија пред тунелите и им ги купив сите шо ги имаа.
 
Еве ја мојата скромна колекција. Одамна не сум земал ново парче, низ Скопјево нема веќе што да се земе. Ако некој носи од странство, нека ми каже да му земам. :D

10904325_10200210306537557_170277158_n.jpg


10928815_10200210306497556_711570606_n.jpg


10921724_10200210306457555_2057652381_n.jpg


10937275_10200210306097546_1896854665_n.jpg
 
Интересно и доста чудно хоби.

Ме интересира вас испиени ви се пијалоциве или така неотворени ги чувате ?

Јас порано како помал собирав од лименките тие отварачите што се (од горе на лименката што се ) не знам како точно се викаат. Паметам бев на одмор со мојте во Турција и таму прв пат видов лименки со такви отварачи во боја и поради тоа почна ова мое мало хоби.

Ги собирав и ставав на привезок. Имав црвени,зелени, безбојни но по една година почнаа да им излегува бојата и ги фрлив во ѓубре.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom