Stefus Corp.
Рационална Коза
- Член од
- 22 август 2012
- Мислења
- 2.097
- Поени од реакции
- 1.821

Диригентот Панко Панкероски го завршил синоќешниот настап со оркестарот на македонската филхармонија во Домот на АРМ со кршење на диригентската палка и спектакуларен скок во публиката.
Откако го дал и последниот такт, Панкероски при последните тонови на композицијата „Болеро“ од Морис Равел ја фрлил својата палка на подот и почал да ја гази.
„Публиката беше изненадена, бидејќи не е навикната на такви краеви на концертите на класична музика, а вистинското изненадување уследи кога диригентот зема залет и од бината се фрли во првите редови на публиката. Луѓето го прифатија, а диригентот на рацете на публиката стигна дури до петтиот ред, каде што беше спуштен на земја“, изјави еден од очевидците со кои разговаравме.
Културологот Перо Спасески вели дека скопската културна сцена не памети олку моќен музички настап и проценува дека настапот на македонската филхармонија ќе биде прогласен за концерт на годината.
„Порано Јонче Христовски го фрлаше палтото или мавташе со него, на театарските претстави некои од глумците им се закануваа на средношколците кои правеа врева, но ова е нешто сосема поинакво, вистинска револуција“, изјави Спасески.