Бугарскиот премиер Борисов поднесе оставка

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Премиерот на бугарската Влада Бојко Борисов соопшти денеска дека неговата Влада поднесува оставка заради протестите во државата предизвикани од зголемените цени на струјата и мерките за штедење.
Како што јавија бугарски медиуми, парламентот добил известување од Владата за оставката и утре како прва точка на расправа и ќе гласа за оставката на Кабинетот.
– Ќе ги исполнуваме функциите до избор на нова влада и ќе направиме се што е неопходно за обезбедување непречена работа на државните органи, се вели во соопштение испратено од Владата до Собранието.
– Имаме чест и достоинство. Народот не донесе на власт и ние власта денеска ја враќаме, изјави Борисов во Собранието.

Тој додаде дека нема да учествува во работа на преодна влада.
– Нема да учествувам во влада во која полицијата го тепа народот, наведе тој.

Борисов ја презеде власта во јули 2009 година. Редовните парламентарни избори треба да се одржат во јули. Според аналитичари во Бугарија, можно е гласањето да се одржи во крајот на април, јавува ДПА.
Бугарските пратеници денеска требаше да се изјаснат за реконструкција на Кабинетот предложена од Борисов, како и за оставката на министерот за финансии и заменик премиер Симеон Џанков. Него требаше да го замени министерот Томислав Дончев. Сепак, наместо реконструкција, Владата целосно се повлече.
- ГЕРБ ќе победи и на следните парламентарни избори со мнозинство, изјави Џанков по најавата на Борисов.
– Со објавување подготвеност за оставката на Кабинетот, премиерот Борисов покажа дека е вистински лидер, нагласи тој.

Во демонстрациите кои и вчера се одржаа во Софија, 11 луѓе беа повредени меѓу кои шест демонстранти кога се случи судир со полицијата.
– Пет полицајци и шест демонстранти се повредени, но никој не е сериозно повреден, изјави Валери Јорданов шеф на полицијата во Софија. Во полициски притвор се 11 луѓе, јавуваат бугарски медиуми

Извор.

Вака, ова е интересна тема, оваа вест одекна денеска и е главна тема насекаде. Со оглед дека Бугарија е наш сосед, ваквите теми треба да бидат разгледани и продискутирани, се разбира конструктивно.
Ретко се случува премиер и цела Влада да дадат оставка.
Имаме тука и граѓани на Бугарија, исто може да ни пренесат дел од атмосферата во Бугарија и начинот на кој се перцепира оваа одлука на Борисов.
Што мислите?
Одлука навистина заради доброто на народот или некој вид маркетиншки трик? Многу луѓе се изненадени од оваа одлука. Дали е истата навистина изненадување?
Што значи ова за Бугарија?
 
Значи дека Бугарија е нормална и демократска земја, и владата паѓа на 11 % невработеност и на просечна плата, барем во Софија, од 500 евра, а во Македонија владее тиранија над неспособни лингури и кукавици.
 
– Ќе ги исполнуваме функциите до избор на нова влада и ќе направиме се што е неопходно за обезбедување непречена работа на државните органи,
– Имаме чест и достоинство. Народот не донесе на власт и ние власта денеска ја враќаме, изјави Борисов во Собранието.

– Нема да учествувам во влада во која полицијата го тепа народот, наведе тој.
Не ги разбирам овие делови, може превод, мислам дека никој овде не ги разбира? Фала. :)
 
Не ги разбирам овие делови, може превод, мислам дека никој овде не ги разбира? Фала. :)

1. Е па сака да каже дека непречено ќе си се одвива работата на државните институции, за да нема застој во работата, се додека не се избере нова влада. Нема да има блокади, нема да има комплетно распуштање, мора институциите да продолжат да работат.

2. Ова другото мислам дека се однесува на протестите кои беа со силен интензитет и претпоставувам дека имало судир меѓу полицијата и демонстрантите (прочитав некаде дека има повредени демонстранти) и демек не сака да биде премиер каде полицијата така се однесува со народот, нешто што обично е дел од реториката на политичаритe.
 
Мислам дека има многу лицемерие во одлукава, знаејќи го минатото на Борисов кој не е ни малку „чист.“ Особено делот со „полицијата и тепањето“, кој ми смрди на фингиран, за да се добие изговор, а главната причина е некаде во позадина.

Можеби следи уште поголем шок за Бугарија па сакаат да избегаат од тоа, можеби тајните средби со соседните премиери не беа случајност. Бугарска работа. :D
 
1. Е па сака да каже дека непречено ќе си се одвива работата на државните институции, за да нема застој во работата, се додека не се избере нова влада. Нема да има блокади, нема да има комплетно распуштање, мора институциите да продолжат да работат.

2. Ова другото мислам дека се однесува на протестите кои беа со силен интензитет и претпоставувам дека имало судир меѓу полицијата и демонстрантите (прочитав некаде дека има повредени демонстранти) и демек не сака да биде премиер каде полицијата така се однесува со народот, нешто што обично е дел од реториката на политичаритр.
Не ми ја сфати поентата,ама ај.. :D :)
 
А што ако Собранието не му ја прифати оставката ???
Не знам како стои со рејтинг и дали на престојните изборите пак ќе победи, па се одлучува да си даде оставка. Не верувам дека постои политичар кој дава фотеља за добро на народот.

П.С Комплименти за народот кој не е заспан и знае како тоа се прави. (y)
 
Објасни ја поентата за да сфатам и јас.:icon_mrgr:
Во Македонија тие зборови нема никогаш да бидат кажани од некој премиер, never ever, иако досега имаше ситуации кога требаше да бидат кажани. :)
 
Паѓање на Влада не подразбира секогаш политичка криза.

Зошто имаш таков впечаток? Ме интересираат твоите аргументи. :)
 
1. Е па сака да каже дека непречено ќе си се одвива работата на државните институции, за да нема застој во работата, се додека не се избере нова влада. Нема да има блокади, нема да има комплетно распуштање, мора институциите да продолжат да работат.
Тоа е бегање на политичка одговорност, значи ако началникот бега од одговорност, не можеш да очекуваш од обичниот работник да ги земе работите во свои раце!
 
Извор.

Вака, ова е интересна тема, оваа вест одекна денеска и е главна тема насекаде. Со оглед дека Бугарија е наш сосед, ваквите теми треба да бидат разгледани и продискутирани, се разбира конструктивно.
Ретко се случува премиер и цела Влада да дадат оставка.
Имаме тука и граѓани на Бугарија, исто може да ни пренесат дел од атмосферата во Бугарија и начинот на кој се перцепира оваа одлука на Борисов.
Што мислите?
Одлука навистина заради доброто на народот или некој вид маркетиншки трик? Многу луѓе се изненадени од оваа одлука. Дали е истата навистина изненадување?
Што значи ова за Бугарија?
тоа дека поднесе оставка не значи дека протестите ќе престанат ние демонстрантите сакаме решение на проблемите за тоа штрајкуваат. Бугарија не е ни малку сиромашна држава проблемот е дека многу се краде и од наши и странски лица и фирми, ако тоа престане нема да станеме Америка но барем ќе имаме стандардот на Словенија и чехија.Важно е дека народот се подигна и нема намера да запре пред да освои правата кои заслужува. Бугарија ја чека нејзината,, арапска пролет''
 
Ги спремаат бугарите за смартметри, без жица струја либерализација на пазар, одбирање на оператор по сопствен избор тоа вака за народот. А реално радијација од смартметрите, користење на истите за шпиунски активности (исто така мерат кога си дома колку луѓе се присутни итн), потоа давање на операторот можност да ти ја намали или исклучи струјата од нивна канцеларија од 2000 километри далечина, и нормално нема да има шалтер да се жалиш затоа што сметките ќе се плаќаат виртуелно преку мобилен или компјутер итн.
 
тоа дека поднесе оставка не значи дека протестите ќе престанат ние демонстрантите сакаме решение на проблемите за тоа штрајкуваат. Бугарија не е ни малку сиромашна држава проблемот е дека многу се краде и од наши и странски лица и фирми, ако тоа престане нема да станеме Америка но барем ќе имаме стандардот на Словенија и чехија.Важно е дека народот се подигна и нема намера да запре пред да освои правата кои заслужува. Бугарија ја чека нејзината,, арапска пролет''
А еве вака да те прашам, ме интересира кои се основните барања на демонстрантите? Дали целта беше да падне Владата?
И дали оваа одлука се толкува како позитивна насока кон решавање на проблемите или бегање од проблемите?
Ме интересира општо какво е јавното мислење во Бугарија по однос на ова. (Претпоставувам има поделени мислења, како и секаде, но ме интересира генералната слика)
 
лицемерие или не но има моралот да поднесе оставка .. потоа такви сцени тешко се управува...
1ec9c29c33a6.jpg

3a5ed2cb2b28.jpg

sofiq-gymji-ot-policiq-chasove-predi-protestite-130306.jpg

f94876b5233517c6c66e51be85b12007.jpg

8.jpg

но мора да се признае дека имаше и доста луѓе кои беа таму само за да се борат со полицијата:(
Сакаш да кажеш дека нема да го изберат на наредните избори?


Паѓање на Влада не подразбира секогаш политичка криза.
Зошто имаш таков впечаток? Ме интересираат твоите аргументи

алтернативите на управувањето на Борисов се такви што беше подобро да се избере по малото зло- да не поднесува оставка!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom