$korpion
MusicProducer
- Член од
- 14 април 2009
- Мислења
- 252
- Поени од реакции
- 90
Расте бројот на странска работна сила во Русија – младите експерти од земјите на Еу и САД сѐ почесто ја бираат Русија како дестинација за живот и стекнување на работно искуство,
Според информациите на бројни агенции за вработување, кон Русија се упатени и работници, најчесто млади, од Заедницата на Независни Држави, од Таџикистан или Модавија на пример, кои се подготвени да работат што било, дури и работи за кои не е потребна висока квалификација.
Добро образованите, кои потекнуваат од Европа или Америка, не се заинтересирани за чистење снег, миење садови или улична продажба. Тие сакаат високи приходи, добри плати, а во Русија можат да ги добијат.
Така рускиот пазар на труд, неочекувано дури и за самите Руси, станал многу привлечен. Во Русија менаџерите од среден или висок ранг заработуваат повеќе отколку на истите позиции во Европа или Америка.
Странските експерти пристигнуваат, не обраќајќи внимание на тоа што странските државјани плаќаат повисоки даноци од самите Руси. Во Русија даноците на личен доход се 13 отсто, додека на странците им се земаат дури 30 отсто. Тоа, сепак, е далеку помалку отколку во повеќето западноевропски земји.
Русија се обидува да ја намали зависноста на својата економија од енергетиката и индустријара на сировини и да го развива високотехнолошкиот сектор. Се градат нови технопаркови, иновациски центри, кластери. Во овие сегменти странските експерти се секогаш добредојдени.