Мелена, толчена, к’цана сол македонска

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

Од Велес си?
Имаш пробано кратовска пастрамајка? Или пошто си од Велес по дифолт велешката е поубава?
Го виде смајлито по мојата реченица? Намерно пишав дека е повкусна, не дека навистина е или не е, бидејќи се работи за вкус, а за вкус не се дискутира, особено не меѓу мене и тебе (вечешанец и кратовчанец во дискусија за велешка и кратовска пастрамајка/-лија). И тотално си офф-топик, дискутираме за к'цана сол тука.

Сега ја натерав мајка ми топол леб да меси, ме фати треска во сабота навечер по к'цана сол :icon_lol:
 
Ајде, јас како Кратовчанец да се изјаснам :)

Мантиите ги правиме без к'цана сол, барем ние дома, а и повеќето што ги знам.

:pipi:
мантии имам јадено - и тоа со кисело млеко од горе па потпечени, а и само мантии со месо внатре , и да превкусни се- ама не македонски, туку узбецки и се без толчена сол
--- надополнето: 16 февруари 2013 во 22:43 ---
можеби се разликуваат од македонските- ама називот им е ист ;)
 
Браво за темава Cool@ на сите ни ги разбуди сетилата и не потсети на корените(y)
--- надополнето: 17 февруари 2013 во 00:01 ---
Maјсторе Џејми Оливер може нозете да ти ги мие водата да ти ја пие:D

Пошто по цела година скитам по ридои, собирам тревки уз пат и си правам своја сол.

Од ароматичните билки користам:
-наптц (србиве го викаат кокотец),
-мајчина душичка
-планинска чубрица (може и градинарска чубрица, само таа има послаб мирис)
-нане

Значи, 30тина сушени црвени пиперки (везени), се сушат во рерна тука треба да се пази најмногу, затоа што не треба да изгорат, оти ќе горчи солта.
Во тавче се ставаат 300 грами пуканки и 300 грами пченка, се потпекуваат во рерна, или уште поубаво на плоча.

Пред толчење, сите состојки мораат да бидат оладени до собна температура, онака ќе ви се слепат состојките.

Јас за толчење користам еден огромен аван останат ми е од дедо ми аманет, а како толчник рачка од секира. :icon_lol:

Прво се ставаат пуканките и пченката убаво се толчат па се ставаат билките, соодносот најчесто ми е 3 дела кокотец, 3 дела чубрица и 1 дел мачнина душичка и нане заедно. На крај пиперките се кршат на поситни парчиња и се додаваат, се убаво се толчи и на крај се додава готварска сол по вкус.

Ваквата сол ја сеам низ сито за сеење на брашно, тоа што ќе остане пак го враќам во аванот и така неколку пати додека рацеве не ми опаднат. :icon_mrgr: На крај се меша убаво солта за да се хомогенизира колку толку и се собира во кутии и се чува на суво место.

Упс, темава не била во гурманско катче, ја пак рецепт пишав.

Иначе јадам кцана сол, со домашно лепче, со путер, абе со се. :icon_mrgr:
 
толчена ДА,кцана...не ми е познат тој збор,а баба ми ја викаше црна сол:)
Ја има и под други имиња : солца. шарена сол . толчена сол....
Надополнете ме....
 
Чисто информативно, шо бара темата у свет, нели треба да биде у гурманско катче?
 
Чисто информативно, шо бара темата у свет, нели треба да биде у гурманско катче?
доколку автор на статијата бев јас или ти , а не Francesco Martino
изгледа не ја прочита, нели? -:icon_lol:
 
доколку автор на статијата бев јас или ти , а не Francesco Martino
изгледа не ја прочита, нели? -:icon_lol:
:) Фрлив поглед само, али ипак мислам дека треба да биде у Гурманско катче. Ако бива вака, ај и темата за пастрмајлии да ја бапнеме у Македонски градови :)
 
:) Фрлив поглед само, али ипак мислам дека треба да биде у Гурманско катче. Ако бива вака, ај и темата за пастрмајлии да ја бапнеме у Македонски градови :)
А, ова подфорум „Свет“ те спречува да напишеш збор-два по темава? или доколку беше во „гурманско катче„ ќе напишеше некој рецепт ?
 
А, ова подфорум „Свет“ те спречува да напишеш збор-два по темава? или доколку беше во „гурманско катче„ ќе напишеше некој рецепт ?
:) А за рецепти не ме бива, уствари ај еден, запечи три-четири парчиња лепче на рингла (тури фолија одоздоле, оти не можеш да знаеш шо се е стојало на ринглата), намачкај маргарин, посоли, и бутај.
 
Вчера во с.Шлегово присустував на правње к'цна сол.. И има разлика од мелена сол затоа што се прави ручно се толчат сите состојки и е доста тешко за правење, а мелената ја правеле така што истата се мелела и станувала како брашно, и далеку по лесна за правење. Дефинитивно преубава работа, може и да налутнува по желба, 1кг 1000ден, а во 1кг - три тегли. Преубаво е само чуството да присуствуваш на такво нешто да се вратиш малку назад во старите времиња.
Тука има и подетално
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom