Колку ви недостигаат реалните шоуа?

  • Креатор на темата Креатор на темата Simony
  • Време на започнување Време на започнување
Реално шоу како тоа сум јас или големиот брат според мене се многу моронски, пуштиле 10-15 будали да живеат заедно да се караат,да прават сцени за на крајо само еден да земе некоја парична награда. Треба да бидеш мрднат со умот ако се пријавиш и сакаш да бидеш затворен толку време во една куќа...
 
Ич.
Искрено, никогаш не сум сакала реални шоу-а. Ме нервира таа желба и потреба на луѓето да зјапаат во интимата на другите, исто како што ме нервира потребата на луѓето целата интима да ја става на тацна за другите. Мислам нивен избор си е тоа, ама јас одлучувам да не бидам дел од целата таа парада на интимата. Единствено реално шоу што сум го гледала и што ми било интересно беше Операција Триумф, затоа што имаше конкретна цел и имаше пеење на песни, значи имаа некаков талент, не дремеа само.
 
Не ми се допаѓаат вакви срања.
Зошто некоја ороспија или некое копиле да стани популарен од тоа што се ќе се еби на телевизија?
И на сето тоа малолетни будали да плачат зошто гореспоменатиот идот испаднал :cautious:
Едноставно нема некоја цел.
 
Колку што ми недостига тон ѓубре кај мене дома, па сеа ти види... ИЧ НЕ МИ НЕДОСТИГААТ ВАКВИ СРАЊА.
 
Сервајвер ама не оној Вип туку оној обичнион ..ние од Вип Сервајверот мнгоу се занесуваат ..
 
србите имаат одговор на тоа шоу го гледав скоро се вика Луда Куќа...интересно ама се гледа дека е местено
Што знам кај Џери и крв паѓаше а на овие прељубници кај србиве бетер од стрип е . Во загор има повеќе крв :D
 
Ова сериозно? :)

Тоа е тоа всушност, причината зошто идејата на хитлер дека луѓето се глупи и не знаат што сакаат се додека не им го дадеш има смисла.

Реални факинг шоу, леб и игри за народот, додека ние владееме, ве крадеме и ебеме.

Не, не ми недостасуваат, би сакал сите да ги снема...но за жал.
 
Нишо од bullshit-от. Досадни ми се сите. Ужасно досадни. А попатем и осеќаш режирани работи само да се напрајт работи поинтересни. Мислам, чиј живот интересен 24/7? А кога еден живот ќе се сведе само на моментумот да ги заглават у куќа/соба/остров, шо и да е, chances are, тоа ќе бидат досадни XXX (време на часови потрошени у дотичното место) часови, шо не сфаќам освен ако сте попалени или фасцинирани од некоја личност зашо би ги трошеле зјапајќи како се движи во простор од XX (двоцифрена бројка квадрати)? Истата личност има интеракција со другите (X-1 преостанати учесници) од коишо со ниеден не е реално блиска, и има поприлично големи шанси дека сите ќе се потрудат да се претстават како like-able карактер за да се гласа за нив, и пак иде глумата, наспроти "реалното", па целата поента на реално шоу паѓа во вода.

Ваљда ова шо ја го зборев најлесно ќе се поврзе со Тоа сум јас. Но и у Survivor има еден куп денови шо нишо не се дешава, и потоа наеднаш за да се воздигне атмосфера и привлечат гледачи наеднаш од нигде се дешаваат драми помеѓу рандом членови во шоуто. Операција Триумф беше ок, ама никогаш не го сметав како типично реалити шоу, и гледав поприлично ретко да се занимавам со тоа шо прават у куќата ака у главном да ги уклучувам само од недела за недела главни шоуа кај шо си ги покажуваа вокалните способности и креативност на сцена.
 
До пред неколку години бев затрескан по вакви шоуа како што е Голем брат ,ама некако се истото и истото се дешава секоја година ,не се интересни веќе за гледање.

Единствено само Survivor , Операција Тријумф ,Танц со свездите , Survivor највеќе ради тое натпреварите и местото/природата каде што се сместени .,a Oперација Тријумф и Танц со Ѕвездите (иако не би го сместил во категорија како овие Голем Брат,Фарма и друи ) само ради тоа што покажуваат таленти за пеење и танцување.
 
Нека има дрога за народот, нека останат заковани пред телевизорите, да им се допере и онака испраниот мозок. Елитата ќе владее ние ќе "уживаме", во реалните шоуа. Абе разбудете се еј!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom