@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115

Кувајт - е една од најбогатите земји во светот. Огромните нафтени извори им дозволуваат да живеат екстра.Места за трошење пари тука и нема .Вкупното население е 3.5 милиони , а само 1 ооо. ооо се граѓани на Кувајт - и меѓу тој златен милион се распределуваат нафтените доходи. На пример:
На свадба младоженците добиваат од државта подарок од 250 000$ .
Платата на докторите или учителите е 15 000$ ( а тука мора да се напомене и тоа дека местните доктори не работат било што - туку се само на раководни места ).
За нивното население земјата е без пари - исто така кредит од 250 000$ можно е да се добие со 0% камата .Половина од кредитот после 5-10 години им го опростуваат

Здравството и образованието се безплатни.
Ако сака некој да студира надвор - во странство државата го плаќа патот , факултетот и плус му дава стипендија од 2000$.
Ако некој жител се разболи и не можат да го излекуваат тамошните лекари - државата го плаќа лекувањето во странство по избор на болниот како и сите трошоци за неговите придружници.(роднини)
За секое дете се добива 200$,и тоа се’ додека детето не наполни 26 години ..

разведена жена добива 1400$ месечно се’ додека не најде работа..
Минималната пензија во Кувајт е 3000$

Во 2007 државата им опрости на граѓаните кредити во висина од 1 милијарда долари
Понекогаш им даваат пари и за ништо

Минатата година сите цела година добивале бесплатни продукти ( ориз, масло, кокошки.... )
Секој месец имаат и додатоци на плата пример: Магистер - 700$, доктор - 1400$
Еднократна премија за пензионирање добиваат учителите - плата во висина на 18 месеци .
мажите се пензионираат со 30 години стаж , а жените со 25 години.
Бонуси имаат многи, така да еден вработен на платата добива плус 50% во вид на бонуси.
70% од населениет се дојденци - гастербајтери, кои го опслужуваат оној "златен милион".