Кога Македонци не можат да постават државно знаме на ПРИВАТЕН имот!

Статус
Затворена за нови мислења.

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.215
Поени од реакции
18.327
Локација
с. Издеглавје
И стигнавме до таа точка....


Државното знаме не смее да се вее на приватен имот - струшко Мислешево на нозе

Локалната власт донела решение да се прекине со градба и да се урне постаментот, бидејќи бил изграден без дозвола!

getImageThumbnail.axd

Жителите на струшкото село Мислешево се решени и со жив штит да го бранат јарболот на кој сакаат да го развиорат државното знаме.
Локалната власт донела решение да се прекине со градба и да се урне постаментот, бидејќи бил изграден без дозвола.
Идејата била на мештаните кои ја финансираат од свој џеб, а минатата недела во нива на еден соселанец ги удриле темелите. Сакале македонското знаме да им го краси селото, немале намера никого ни да провоцираат ни да навредат.
- Цела Струга беше со албански знамиња. Не ни сметаа нас, ние не ни чепнавме знаме албанско, ниту запаливме, ниту реагиравме на тоа. И си поставивме наше знаме. Ние ќе го истакнеме, кој сака нека дојде. Како што се вее во Обединетите Нации македонски знаме, зошто да не може во Македонија да се вее – рече Стрезо Јовчески од месната заедница Мислешево
Не отстапуваат ни локалните власти.
Јарболот не смеел да се изгради, оти точно во законот пишувало каде треба да се вее државното знаме.
- Не може приватен субјект самоиницијативно да постави знаме на Република Македонија. Без разлика дали се работи за државен или за приватен имот. За тоа има посебни процедури, кои се утврдени со прописи, вели Зоран Гулицоски – секретар на општина Струга (е ова е тој коњот советник на патриотската партија) - Сам себе го убијал тип! :sick:
Како бе КОЊУ еден во Зајас е поинаку????
Општината не само што ќе го урива јарболот, туку сега ја доведува до прашање и сопственоста на нивата.
Од таму тврдат дека е на државата, а сопственикот има своја тапија.
- Ова нема тргање од овде. Ова е лично мој имот. Јас го имам подарено да се стави јарбол, а овој имот ќе си го вратам јас – рече сопственикот на нивата Ѓорѓи Трифуноски.
Жителите на Мислешево планираат јарболот да биде висок дваесет метри, а државното знаме да го развиорат пред локалните избори.
Маја Јовановска
08.02.2013, 15:19​

mislesevo-1.jpg
mislesevo-2.jpg
Ако не друго, мило ми е видов познати лица на блокадава :)

Поздрав до патриотите преку овега!
 
Истиов закон се имплементира и за споменикот на Т. Александров на приватен имот во Велес. Тогаш никој ништо не рече.
Треба да се почитуваат законите и да се добие прво дозвола од надлежните институции.
 
Нема да го урнат.

Но доволно е што покажаа, дека можат да оспорат да ставиш сопствено знаме, на сопстевн имот.

Ја покажаа силата, и покажаа што мислат за тоа чија земја е Македонија.

Не е до нив, до нас е. НЕ знам, кога ќе се свестиме само. Дали воопшто ќе се случи тоа.

Секој си го жнее, тоа што го посеал.
 
Истиов закон се имплементира и за споменикот на Т. Александров на приватен имот во Велес. Тогаш никој ништо не рече.
Треба да се почитуваат законите и да се добие прво дозвола од надлежните институции.

Чекај, споредуваш спомен-обележје со државен симбол???

Едното е уредено со еден закон, дургото со друг.

Станува збор за државното знаме, не за некое туѓо.
 
Море, у план ми е да закачам еден мини јарбол пред врата, па нека дојде некој да го руши :)
 
"Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа" - ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
gulici2.jpg
 
Чекај, споредуваш спомен-обележје со државен симбол???

Едното е уредено со еден закон, дургото со друг.

Станува збор за државното знаме, не за некое туѓо.

Не го знам законот точно ама чим инспектор македонец рече дека е така мислам дека треба да му веруваме и законот да се почитува за да не настани тотална анархија. Сега е делумна зошто одредени етнички групи не го почитуваат да не ја дорасипаме и ние државава.
 
Ако знамето сакаат да го постават на нива која е сопственост на некој селанец тогаш не гледам ништо лошо тука ниту пак има потреба од некоја посебна дозвола за да се постави државното знаме. Тоа му доаѓа како мене некој сега дома да ми дојде и да ми каже дека во сопствениот дом не смеам да си го истакнам знамето. Бог да чува и да брани од терористичко племе!

ПС: Дарданчо, образложи го ова те молиме. Кој тоа не дозволува на сопствен имот да си правиш што сакаш.
 
Не го знам законот ама чим инспектор македонец рече дека е така мислам дека треба да му веруваме и законот да се почитува за да не настани тотална анархија. Сега е делумна зошто одредени етнички групи не го почитуваат да не ја дорасипаме и ние државава.

не е инспектор.. ИДИОТ Е.. секретарка во општина Струга е... играт како шо му свирит Мерко... и то е најлошото македонец е... СТОКА !!!
 
Ајдеее да не можам знаме да си ставам на приватен имот па ако сакам и Јамајканско знаме ке ставам не па Македонско во Македонија! :facepalm:
На приватен имот можам што сакам да правам само ова племево си има проблеми некој.
 
Море, у план ми е да закачам еден мини јарбол пред врата, па нека дојде некој да го руши :)
Во грција кога сум бил тоа е некое чудо во секој дом стан/куќа населено место , ридче или било што го има грчкото знаме закачено типичен пример на кого треба да се огледуваме стварно нешто прекрасно би било кога истото би се пресликало и во мојата земја секој дом да го закачи 16 кракото сонце enjoyment
 
Ова е страмота тие е како буквално да сакат да речат Македонија НЕ е на македоници.Страмота е што на свој имот не смејш да си го поставиш државното знаме иако ти то го финансираш од свој џеп
 
Ај баш да видам како ќе го урнат. Ако се деси тоа си ги пакувам куферите и адио на запад

Mногу поголеми срања се десиле и се дешаат во државава.Ова е пичкин дим.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom