Претседателот на московската Академија за геополитички проблеми и рускиот генерал во пензија Леонид Ивашов оцeнува дека денес Црна Гора со влезот во НАТО само би постанала „топовско месо“ за целите на тој сојуз.
Имено, Ивашов е еден од најугледните руски воени експерти, а познат е по тоа што во 1999-та прв влезе со руските трупи на СФОР во Косово и Метохија и го завзеде аеродромот Слатина кај Пртиштина.
-На НАТО му е потребно „топовско месо“, потребни му се војници кои ќе се борат за интересите на супербогатите, за интересите на САД, Велика Британија и можеби за уште неколку други земји. Не гледам никаква корист од влезот на Црна Гора во НАТО, изјавил Ивашов за порталот ИН4С.
Тој не ја исклучува и можноста за црногорските војници, доколку пристапат кон НАТО, еден ден да бидат во првите редови за напад кон Русија.
-Американците не сакаат лично да се борат со нас, тие сакаат Европјаните да се борат, можеби не во голема војна, туку во некои мали судири со Русија. Фактот е дека кога постојат трупи од разни страни на теренот, никој не те прашува дали си ти Србин, Црногорец или Англичанец. Но, ако Црна Гора влезе во НАТО, први ќе бидат испратени во војна против Русија нашите словенски браќа, наведува Ивашов.
Според неговите зборови, моќни западни компании свесно ја гушат националната економија на словенските држави.
-На тоа сме сведоци денес и во Црна Гора. Тие велат „ние ќе ви дадеме на вас кредити, но живејте само од кредити и засновајте ја економијата само врз туризмот“, тоа е само бајка. Потребно е да се развие сопствено производство, но колку што можам да забележам во Црна Гора дури ни сокови не произведуваат, туку ги увезуваат од Италија, како што увезуваат и минерална вода, вели Ивашов.
Тој смета дека НАТО е институција за освојување на светот, за воспоставување глобални финансиски диктатури засновани на, првенствено, воена моќ.
-За што служи денес НАТО? Кој тоа ќе ја нападне Европа или САД? За борба против терористичките напади, нелегалните имиграции или можеби дрога, НАТО не е прилагоден. Тој воен сојуз е силно, моќно средство за освојување на светот. НАТО е средство на финансиска олигархија која мечтае да со владините пари, го покори светот, наведува поранешниот генерал.
Од тие причини, вели тој, Русија е мета на Западот.
-Прво, Русија е многу богата со ресурси, а 21-от век е борба за рудни ресурси, за енергетика, контрола на стратешката комуникација, како и контрола на клучните области во светот. Но, од друга страна, Русија го плаши Западот со својата историја, славното минато, со тоа што Русија ја одбранила и зачувала Европа од монголско-татарските хорди, ја ослободила од Наполеон, од Хитлер. Европа, односно незадоволните европски лидери, се плашат од новото препородување на Русија, смета Ивашов.
Говорејќи за завземањето на аеродромот во приштина 1999-та, тој вели дека во таа ситуација не добивале закани од НАТО, бидејќи припадниците на тој воен сојуз се плашеле од руските и воените сили на тогашната Војска на Југославија.
-Имавме добра мерка на осигурување. Прво, Советот на НАТО не беше едиствен по тоа прашање. Германците, Грците, Италијаните, а јас мислам дека и некои други членки, не беа подготвени да гласаат за војна со Русија. А имавме и друга осигурителна мерка- знаевме дека, ако се упати почетен метак кон нас, ние ќе ја викневме војската на Југославија да не поддржи, наведува Ивашов.
Тој вели дека знаел дека во Генералштабот и меѓу припадниците на Војската на Југославија постоело расположение да се застане на руската страна во случај да дојде до судир со НАТО.
-Поднесов таков извештај во министерството за одбрана, а тие потоа на претседателот на Русија, по што ми рекоа дека тоа е главното осигурување. Силите на НАТО би биле приморани на копнена операција, за што беа ужасно исплашени, истакнал Ивашов.
Според неговите зборови, руското завземање на приштинскиот аеродром, изведено било во склоп со меѓународен план, а постоеле и наведени осигуања во случај НАТО да нападнат, па командата на англиската бригада побарала преговори.
-Британците уште првата ноќ преминаа од наша страна, бидејќи се плашеа од напад од Србите или Албанците. Кога веќе се плашеа од Албанците, па како да не се плашат да војуваат против силите на Русија и Србија, вели Ивашов.