НАТО во 1999-та се плашеше од Србите и Русите

  • Креатор на темата Креатор на темата M.O.P.
  • Време на започнување Време на започнување

M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.305
Претседателот на московската Академија за геополитички проблеми и рускиот генерал во пензија Леонид Ивашов оцeнува дека денес Црна Гора со влезот во НАТО само би постанала „топовско месо“ за целите на тој сојуз.
leonid-630x420.jpg
Имено, Ивашов е еден од најугледните руски воени експерти, а познат е по тоа што во 1999-та прв влезе со руските трупи на СФОР во Косово и Метохија и го завзеде аеродромот Слатина кај Пртиштина.
-На НАТО му е потребно „топовско месо“, потребни му се војници кои ќе се борат за интересите на супербогатите, за интересите на САД, Велика Британија и можеби за уште неколку други земји. Не гледам никаква корист од влезот на Црна Гора во НАТО, изјавил Ивашов за порталот ИН4С.
Тој не ја исклучува и можноста за црногорските војници, доколку пристапат кон НАТО, еден ден да бидат во првите редови за напад кон Русија.
-Американците не сакаат лично да се борат со нас, тие сакаат Европјаните да се борат, можеби не во голема војна, туку во некои мали судири со Русија. Фактот е дека кога постојат трупи од разни страни на теренот, никој не те прашува дали си ти Србин, Црногорец или Англичанец. Но, ако Црна Гора влезе во НАТО, први ќе бидат испратени во војна против Русија нашите словенски браќа, наведува Ивашов.
Според неговите зборови, моќни западни компании свесно ја гушат националната економија на словенските држави.
-На тоа сме сведоци денес и во Црна Гора. Тие велат „ние ќе ви дадеме на вас кредити, но живејте само од кредити и засновајте ја економијата само врз туризмот“, тоа е само бајка. Потребно е да се развие сопствено производство, но колку што можам да забележам во Црна Гора дури ни сокови не произведуваат, туку ги увезуваат од Италија, како што увезуваат и минерална вода, вели Ивашов.
Тој смета дека НАТО е институција за освојување на светот, за воспоставување глобални финансиски диктатури засновани на, првенствено, воена моќ.
-За што служи денес НАТО? Кој тоа ќе ја нападне Европа или САД? За борба против терористичките напади, нелегалните имиграции или можеби дрога, НАТО не е прилагоден. Тој воен сојуз е силно, моќно средство за освојување на светот. НАТО е средство на финансиска олигархија која мечтае да со владините пари, го покори светот, наведува поранешниот генерал.
Од тие причини, вели тој, Русија е мета на Западот.
-Прво, Русија е многу богата со ресурси, а 21-от век е борба за рудни ресурси, за енергетика, контрола на стратешката комуникација, како и контрола на клучните области во светот. Но, од друга страна, Русија го плаши Западот со својата историја, славното минато, со тоа што Русија ја одбранила и зачувала Европа од монголско-татарските хорди, ја ослободила од Наполеон, од Хитлер. Европа, односно незадоволните европски лидери, се плашат од новото препородување на Русија, смета Ивашов.
Говорејќи за завземањето на аеродромот во приштина 1999-та, тој вели дека во таа ситуација не добивале закани од НАТО, бидејќи припадниците на тој воен сојуз се плашеле од руските и воените сили на тогашната Војска на Југославија.
-Имавме добра мерка на осигурување. Прво, Советот на НАТО не беше едиствен по тоа прашање. Германците, Грците, Италијаните, а јас мислам дека и некои други членки, не беа подготвени да гласаат за војна со Русија. А имавме и друга осигурителна мерка- знаевме дека, ако се упати почетен метак кон нас, ние ќе ја викневме војската на Југославија да не поддржи, наведува Ивашов.
Тој вели дека знаел дека во Генералштабот и меѓу припадниците на Војската на Југославија постоело расположение да се застане на руската страна во случај да дојде до судир со НАТО.
-Поднесов таков извештај во министерството за одбрана, а тие потоа на претседателот на Русија, по што ми рекоа дека тоа е главното осигурување. Силите на НАТО би биле приморани на копнена операција, за што беа ужасно исплашени, истакнал Ивашов.
Според неговите зборови, руското завземање на приштинскиот аеродром, изведено било во склоп со меѓународен план, а постоеле и наведени осигуања во случај НАТО да нападнат, па командата на англиската бригада побарала преговори.
-Британците уште првата ноќ преминаа од наша страна, бидејќи се плашеа од напад од Србите или Албанците. Кога веќе се плашеа од Албанците, па како да не се плашат да војуваат против силите на Русија и Србија, вели Ивашов.
 
Освен насловот на темата,кој е смешки невидени,со текстот на Ивашов итекако се согласувам.
 
Убаво си кажал човекот НАТО е воена сила за освојување , а ние трчаме во НАТО да влеземе и да не стават прв борбен ред со црногорците и така многу големи народи сме па да изгинеме . :facepalm:
 
Убаво си кажал човекот НАТО е воена сила за освојување , а ние трчаме во НАТО да влеземе и да не стават прв борбен ред со црногорците и така многу големи народи сме па да изгинеме . :facepalm:
Ние и така сме во прв борбен ред.
Барем некоја корист да имавме.
Вака услуги им правиме во Авганистан/Ирак, а ќе влеземе за 100 години - можеби.
 
Убаво си кажал човекот НАТО е воена сила за освојување , а ние трчаме во НАТО да влеземе и да не стават прв борбен ред со црногорците и така многу големи народи сме па да изгинеме . :facepalm:
А што се маливе народи у први борбени редови абе што да ти кажам......
Кој војува најмногу во Афганистан ?
Да не се случајно Црна Гора, Хрватска, Албанија ? Едвај по 100-200 души праќаат,што не излегуваат од база.... Да не имале малите случајно жртви во Афганистан ?
Сите најопасни патроли и офанзиви ги спореведуваат овие најголемите,малите се тие што седат од страна и гледаат најчесто.

Им затребале на британците и американците Црна Гора со 2-3 000 војници да им иде во први борбени редови и да им биде топовско месо,а они да си седат позади.
 
Ние и така сме во прв борбен ред.
Барем некоја корист да имавме.
Вака услуги им правиме во Авганистан/Ирак, а ќе влеземе за 100 години - можеби.
Каква корист има од тоа да умираат луѓе ?
--- надополнето: 6 февруари 2013 во 20:49 ---
А што се маливе народи у први борбени редови абе што да ти кажам......
Кој војува најмногу во Афганистан ?
Да не се случајно Црна Гора, Хрватска, Албанија ? Едвај по 100-200 души праќаат,што не излегуваат од база.... Да не имале малите случајно жртви во Афганистан ?
Сите најопасни патроли и офанзиви ги спореведуваат овие најголемите,малите се тие што седат од страна и гледаат најчесто.

Им затребале на британците и американците Црна Гора со 2-3 000 војници да им иде во први борбени редови и да им биде топовско месо,а они да си седат позади.
Ако не им затребале 2-3 000 војници зашто ги зимаат нашите ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? Нашите се жртвено јагне за било што .
 
Каде се жртвено јагне ? Нас не ни ги зимаат,сами си ги праќаме.........
Па 99% од нашине војници и офицери се тепаат кој да отиде таму бе......

Кажи ми ти една поголема операција каде што нашите учествувале ? Една.........не само нашите,туку и на сите овие помали армии војниците.
 
А што се маливе народи у први борбени редови абе што да ти кажам......
Кој војува најмногу во Афганистан ?
Да не се случајно Црна Гора, Хрватска, Албанија ? Едвај по 100-200 души праќаат,што не излегуваат од база.... Да не имале малите случајно жртви во Афганистан ?
Сите најопасни патроли и офанзиви ги спореведуваат овие најголемите,малите се тие што седат од страна и гледаат најчесто.

Им затребале на британците и американците Црна Гора со 2-3 000 војници да им иде во први борбени редови и да им биде топовско месо,а они да си седат позади.
Дека се најмалку се, ама дека само седат во база и гледаат не би рекол. А најпрљавите работи кај што си изложен највеќе на ризик ги извршуваат платеници на кои работодавци им се приватни компании.
 
Каква корист има од тоа да умираат луѓе ?
Па корист да влезевме во НАТО ќе имавме економски напредок.
Не дека човечкиот живот може со пари да се изедначи ама ваќа испаѓа дека гинат баш за ништо.
Ниту за Македонија се борат ниту којзнае какви бенефиции имаат освен што чат-пат ќе не пофалат дека одлично си ја вршеле работата македонските војници.
 
Каде се жртвено јагне ? Нас не ни ги зимаат,сами си ги праќаме.........
Па 99% од нашине војници и офицери се тепаат кој да отиде таму бе......

Кажи ми ти една поголема операција каде што нашите учествувале ? Една.........не само нашите,туку и на сите овие помали армии војниците.
Ја те прашав зашто ги зимаат нашите ако не им требаат ?
 
Ја те прашав зашто ги зимаат нашите ако не им требаат ?
А зашто да не ги зимаат ? Разлика некоја дали ќе бидат таму или не не им прави на нив.......ние сакаме да пратиме- сме пратиле.Ние сме тие кои што се пикаат таму(и во НАТО и во Афганистан),не обратното......

Ако беа топовско месо до сега немаше да немаме ни повреден......ќе гинеа нашите секој ден ко пилци.
Сојуз е тоа,ако некој сака да се приклучи кон него и ги исполнува условите зашто да не се приклучи ?
Они добиваат уште една членка (не многу значајна додуше),а ние гаранција заштита таму.
 
Од кого заштита ? од вонземјани ? ние не сме во војна па заштита да ни даваат , нас ни требаше заштита во 2001 тогаш не заштитија ? На нив им треба луѓе за да гинат за нивни интерест нас уште неможат да не користат до максимум бидејќи не сме членка и никогаш да не бидеме .
 
Епа баш затоа што не си дел од НАТО со прст не мрдаат за тебе.....јасно ти е тоа ?
НАТО е вид на гаранција дека нема да те чепкаат.....

Не можеш само да зимаш,а да не даваш......
 
Ne im treba niv lugje da ginat za niven interes,voglavno vo nato vojuvaat amerikanicte i cat pat znaat i drugive pogolemi zemji da pokazat sila. Im trebaat zemjite koj se tamu samo so 100 vojnici i ne se nikakov faktor na bojnoto pole zatoa sto se argument na nivna strana koga kje ja vidis brojkata na koalicijata.
Ne e isto koa kje procitas 27 zemji vojuvaat vo Irak,i Amerika vojuva vo Irak. Iako i vo 2ta slucai amerikancite se tie koj vojuvaat i ginat i ubivaat.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom