Гори манастирот Трескавец!

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Пожар пламти насекаде, тие фатиле го сликале братов :facepalm: Нека фата нека се обеса ако така планираат да пумпаат репутација, мајко мила. Да имав можност да појдам таму сигурно немаше апаратот приоритет да ми биди.
 
Ах бре колку не не бива и колку само многу време ни треба да се организираме за нешто за кое треба веднаш да се реагира. Ако се знае дека теренот е таков каков што е зошто веднаш не ги испратија хеликоптерите, сега е веќе касно а згора на тоа и ќе не убедуваат како со брзата интервенција било спречено да не изгоре и манастирот.
 
Нееееееееееееее беееееееееееееееееееее и Трескавец ли :mad::mad::mad:
 
се гори во државава...
не требало да се дозволи да се деси ова,
или кога е само почеток може некако да се изгасне,сега не,
а што ќе правиме тек кога ќе дојде ИЗГОР ЛЕТО.
Е дури тогаш ќе биде претходно што напишав,
мада со сигурност јас тоа не го сакам,бар не на овие места.
 
Ах бре колку не не бива и колку само многу време ни треба да се организираме за нешто за кое треба веднаш да се реагира. Ако се знае дека теренот е таков каков што е зошто веднаш не ги испратија хеликоптерите, сега е веќе касно а згора на тоа и ќе не убедуваат како со брзата интервенција било спречено да не изгоре и манастирот.
Епа тоа дрдам и јас. Како да не знаат дека теренот е недостапен па одма да пуштеа хеликоптери.
Сигурно некој ја згрешил молитвата, па избувнал пожар.:cautious:
Како што напиша една на Twitter.
#Трескавец го гледам како културно наследство а не христијански објект и затоа не ми е сеедно што гори.
Финтава е шо губиме и те како значаен објект.
 
Епа тоа дрдам и јас. Како да не знаат дека теренот е недостапен па одма да пуштеа хеликоптери.

.

хеликоптерите не се на батерии,за да се стават во готовност тие,пилотите како и координаторите со план за гаснење потребно е некое време.........

штета,како тргнала работава со пожариве низ целата држава.........
 
Огнената стихија ги пеплоса четирите конаци на манастирскиот комплекс „Успение на Пресвета Богородица“ на локалитетот Трескавец кај Прилеп.

Нашите информации од терен велат дека пожарникарите и локалните жители успеале да спречат огнената стихија да ја зафати старата црква.

Пред десетина минути пристигнал и хеликоптерот на АРМ да помогне при гаснењето на пожарот.

Пожарот во манастирот избувнал околу 14 часот, а него го пријавил монахот Калист, единствениот човек кој живее таму.
 
Секој кој може нека иде да гаси. Тоа е океј, али сметам дека оваа држава ваљда има обезбедено начини како да се среди оваа работа, авиони за гасење и сл.
Овие лупнаа миљарда давачки и за воздух и за паркинг и за све. Казни и слично. Народот (на неалбанците мислам, секако), како никад и плаќа на државата се и сешто.
Ваљда власта имаат пари за опремување при вакви ситуации.
Чим имаат пари за миљарда споменици имаат и за ова.
Не ми се верува дека покрај толку казни, давачки и слично, ќе се потпираат на граѓаните при гаснење на вакви пожари, затоа што немаат авиони или сл. средства за вакви ситуации.
 
Локализиран е пожарот црквата е спасена .Бог е со нас

Koнаците изгореа, Бог е против туристите!

Ко ќе ми текне.. и копанки домот планинарски изгоре... дефинитивно туристите се во немилост кај Бог!
 
Може не е убаво ова што ќе го речам,но ова мене ми мириса на смислен план за да се заработат пари на грбот од обичниот граѓанин,истото беше и со манастирот Бигорски.Следно очекувајте жиро сметки и телефони за донирање...
 
Хеликоптери на АРМ полетаа да го гаснат манастирот, но и граѓаните да помогнат

HELIKOPTER.jpg

Во изјава за Курир, портпаролот на ЦУК, Надица Вчкова вели дека во секој момент се очекува армиските хеликоптери да полетаат. Од АРМ пак за Курир изјавуваат дека по добиеното барање од ЦУК, по подготовката за интервенирање, два хеликоптери веќе полетале.
-Двата хеликоптери по подготовката веднаш се упатија кон манастирот. Воедно уште еден (трет) хеликоптер на Армијата ќе биде во готовност да се упати кон опожарениот манастир доколку за тоа има потреба, изјави портпаролот на АРМ Мирче Ѓоргоски за Курир.
Од Центарот за управување со кризи апелираат до сите граѓани кои поседуваат теренски возила веднаш да се упатат кон манастирот Трескавец и да помогнат колку што можат во гаснењето на пожарот.
Џабе е ништо не беше поефикасно од авионите паметам кога се запали галичица кај нас и таму тешко беше да одат возилата поради што немаше добар пат и дојдоа тогаш 2авиони што ги имаше македонија и го изгасија пожарот одма ! Ама ги продадоја на грција мислам .
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom