Што означува изразот „Божји Син“ во Библијата?

Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
Што означува изразот „ Божји Син“ во Библијата?!

Зборот “син” во говорот Божји Син” неможе да има свое реално значење, бидејќи правото значење на зборот“син”, на сите јазици во светот,е оној кој е роден од два родитела, што во случајот на Иса а.с. (Исус) , е невозможно. Тоа значи дека во тој случај се работи за метафора, чие значење е : “добар и безгрешен човек”.
Доказ за таквото метафоричко значење се зборовите на војсководецот стотник, наведени во Евангелијата според Марко и Лука. Евангелието според Марко (15 : 39) бележи: “…рече:”Навистина,овој човек беше Божји Син”.

А во Евангелието според Лука (23 : 47) се вели вака: “А кога стотникот виде што се случи,почна да го слави Бога, велејки:,,Навистина , овој човек беше праведен”.

Така зборот “праведен” , на Лука, е заменет со зборот на Марко Божји Син” . И ако се занемари противречјето помеѓу овие два текста кое се случило поради континуираното искривување на Евангелијата, со цел да се докаже Божественоста на Исус, а ако се претпостави дека двата текста се исправни, па тогаш во нив постои доказ дека е дозволено праведниот и добар човек да се нарекува“Божји Син” , на тоа првенствено што стотникот веќе на две места рекол дека Исус е човек.

Во Евангелијата, сем Исус, со изразот “Божји Син” се ословуваат и многу други добри луѓе, како што се ословуваат и сторителите на злодела со зборот ” Сотонини синови”.

Во Евангелието според Матеј (5 : 9, 44, 45) се вели:
“(9)Блажени се миротворците, зошто тие ќе бидат наречени синови Божји! (44) А јас ви велам љубете ги своите
непријатели и молете се за оние, кои ве гонат; (45) за да бидете синови на вашиот Татко, Кој е во небесата, …”.

И така, според претходните реченици, Исус ги нарече миротворците “синови Божји”, а Бога Го нарече ” Татко “.
Ќе наведеме неколку фрагменти од разговорот на Исус
со евреите, прибележени во Евангелието според Јован (8:41,
42,44) :
“(41)Вие ги вршите делата на татка си.,,Ние не сме родени од блудство; имаме еден Татко Бог.” (42) Исус им рече:,,Ако Бог беше ваш Татко, ќе ме љубевте мене;(44)Вие потекнувате од вашиот татко – ѓаволот, и сакате да ги исполнувате желбите на татка си.”

Евреите тврдат дека се Божји синови, односно дека се добри и на Аллах покорни, а Иса а.с. (Исус) им возвраќа дека се измамници, на ѓаволот предани и негови синови; а тој (ѓаволот) е само измамник и татко на измамниците.
А во буквален смисол, без сомневање, ниту Бог ниту ѓаволот не им е татко. Затоа мора да се прифати метафоричното значење на тие изрази. Потребата на ваквото разбирање го потврдуваат многубројните извадоци.
Продолжува...
 
Во нив спаѓаат и следните:
Прво Јованово послание:
“(8) Кој врши грев од ѓаволот е, зошто ѓаволот греши од почеток…(9) Секој кој е роден од Богане врши грев, зошто Неговото семе останува во него; и не може да греши,зошто е роден од Бога. (10) По ова се познаваат Божјите деца и ѓаволските деца…”. (3 : 8, 9,10).
“…секој кој љуби од Бога е роден и Го познава бога”.
(4 : 7) .
“(1) Секој кој верува дека Исус е Христос, роден е од Бога; секој,кој го љуби родителот, го љуби и оној кој е роден од него. (2) По тоа познаваме дека ги љубиме Божјите деца;кога го љубиме Бога и ги пазиме неговите заповеди”
(5 : 1-2).
Послание до Римјаните (8 :14) :
“Сите оние, кои ги води Божјиот дух – тие се Божји синови”.

Послание до Филипјаните (2 : 14 -15) :
“(14) Правете Се без ропот и двоумење, (15) за да бидете беспрекорни и чисти, непорочни Божји чеда…”.

И без сомневање, никој од спомнатите во овие цитати, во буквален смисол на зборовите не е Божје чедо, па нужно е да се прифати фигуративното значење. Во тој контекст, во книгите на Стариот завет се спомнува изразот “Божји Син”, а “Татко” со значење Бог , на безброј места:
Во евангелието според Лука (3 : 38) за Адем а.с. (Адам) се вели дека е “Божји син “.
А во книгата Излез (4 :22) , Израел се ословува со “Син Божји првороденец”, како и Давуд а.с. (Давид) во Псалмите (89 : 26, 27) се ословува со “првороденец”, а за Бога се вели дека е негов ” Татко “.
Во книгата на пророкот Еремија (31: 9) , Ефрем се нарекува”првенец”, а за Господ се користи изразот ” Татко на Израел”.
Во втора книга Самоил (7:14) Соломон е наречен “Син Божји”, а за Бог е употребен изразот ” негов Татко “.
Но и кога изразот “Син Божји”, со кој се ословува Исус би бил доказ за неговата божественост, тогаш Адем, Израел, Ефрајим, Давуд(Давид) и Сулејман(Соломон) а.с. би имале поголемо право на таа боженственост, бидејки сите тројца се ословени со изразот “син првороденец“.

Исто така, на повеќе места, за сите Израелци се користи изразот “Божји синови”. Погледни: Второзаконие (14:1 и 32: 19); Книга на пророк Исаија (1:2; 30:1 и 63:8); Книга на пророк Осија (1:10).
Во второзаконие (6 :2 и 4) по изразот “Божји синови” се мисли на Адемовите а.с. (Адамови) синови.
Во Книгата на пророк Исаија (63:16 и 64:8) за Бога се вели: “Татко на сите Израелци”.

Во Јов (38 : 7) се вели :
“… и извикуваа Божјите синови?”

А во псалмите (68 : 5) :
Татко на сирачињата, бранител на вдовиците, Бог е во своето свето живеалиште”.

Во сите наведени фрагменти, неопходно прибежиште е метафоричкото значење. И никој од следбениците на Книгата (евреи и христијани) не тврди дека тие цитати се разбираат во буквален смисол на зборот.
И како што е неосновано и недозволено верувањето во божественоста на Адем а.с., и неговите деца, потоа на Ја’куб, Ефраим, Давуд, Сулејман, сите Израелци и сите сирачиња (Јетими), така не е дозволено верувањето во божественоста на Иса а.с. (Исус) само поради тоа што е ословен со некои изрази чие буквално значење е несакано.
 
Па со оглед на тоа што имале "кодифициран јазик" што строго користеле "литературен" јазик а "образованието" им било на високо ниво, имале и добра терминологија, вклучително што е и пред векови, векови на назад, било лесно да им се објасни Бог и татковци, синови. Религијата е за морлана, духовна поткрепа а не работа на аналитичари...дрн-брн...размисли филозофски и геј ќе го сториш или грк. - Оставете им го рамото за плачење на луѓето.
 
Omer,

продолжуваш со отворање на бесконечен број теми на форумов, со цел да покажеш дека рисјанската вера е погрешна, т.е. погрешно ги рабира светите записи и ги менува, а сакаш да докажеш дека Куранот, кој е ѓоамити 100%-тно ист од кога е запишаш и дека е 100%-тно ист со секој неков препис, така?

Кому ова му го докажуваш? На самиот себе, сакајќи да се (само)убедиш дека си ја одбрај вистинската вера или сакаш некого да разубедиш, дека ја одрбал погрешната вера?
 
Miki1, прочешлај го целиот подфорум Религија и ќе видиш дека се на се имам отворено десетина теми, во кои најпрвин изложувам мое видување или се согласувам со нечие видување, па потоа оставам можност оние кои се погодени од мојата тема да дадат свои видувања и контра аргументи на моите аргументи.

Секако дека јас не се согласувам со христијанската доктрина за Исусовата Божественост и хиерархијата на Тројството, како што ти не се согласуваш со она што Куранот го вели за тоа. Но мое е (како што е и твое) да укажеме на овие работи , прво за себе, потоа за тебе(мене), и на крајот за другите.

Ако верата е светло кое им го осветлува патот на луѓето, премногу себично е некој тоа светло да си го задржи само за себе и да не го сподели со другите.
 
Ако верата е светло кое им го осветлува патот на луѓето, премногу себично е некој тоа светло да си го задржи само за себе и да не го сподели со другите.

Веќе 6-та година сум на форумов и барем 99,9% од моите постови се напишани на верски теми а не на вицеви...
 
На мнозина кои веруваат дека Исус Христос е Бог им е тешко да објаснат зошто е наречен БожјиСин. Логиката вели дека не може истовремено да биде и Бог и БожјиСин. Други, пак, мислат дека Исус бил важна историска личност, мудар човек па можеби дури и вистински Божји пророк, Од Библијата може да се види дека едно време Бог бил сам. Од љубов, тој одлучил да даде живот станувајќи татко — но не во човечка смисла. Бог ја употребил својата неизмерна творечка моќ за да создаде едно живо, интелигентно духовно суштество — „почетокот на Божјето создавање“, кое ние го знаеме како Исус Христос (Откровение 3:14; Пословици 8:22). Исус со право е наречен „единороден син“ и „првороден од сето создание“, затоа што бил директно создаден од Бог додека Бог сѐ уште бил сам.[DOUBLEPOST=1397554526][/DOUBLEPOST]Одовде јасно се гледа дека, штом Исусе прво Божје создание, не е можно да е Творецот, „единствениот Бог“ (1. Тимотеј 1:17). Од друга страна, пак, Бог го почестил својот Син со многу посебни одговорности. На пример, преку Исус Бог создал „сѐ друго“, вклучувајќи ги и ангелите. Овие ангели се наречени ‚Божји синови‘ бидејќи и ним Бог им дал живот.[DOUBLEPOST=1397554560][/DOUBLEPOST]Откако ја подготвил Земјата за да можат луѓето да живеат на неа, Бог, очигледно обраќајќи му се на својот првороден Син, рекол: „Да направиме човек според Нашиот лик“ (Битие 1:26; Пословици 8:22-31). Потоа, заедно со духовното суштество кое подоцна станало Исус, Бог го создал и својот прв човечки син, Адам.
 
A кoј се божјите внуци?
 
.

БОЖЈАТА вечна Мудрост (Логос) е Единствениот Мост Кој што Го поврзува Творецот со творбата!

Како што мостот е и на едната и на другата обала, така БОЖЈОТО Слово - Кое што произлегува од Творецот (Отецот) и ја ствара творбата - е неодделиво нешто од Творецот (Отецот) и Творбата, затоа и се наречува Почетокот на неговата творба!

Совршениот БОГ без Неговото вечно Слово (Логос), Кого за спасение на сите Го отелотвори во Исус, не би бил Совршен БОГ!

п.с. Во Еврејскиот јазик зборот Син Божји е исто така еквивалентен со зборот Нога БОЖЈА!

beautiful-bride-in-the-world-2.jpg
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom