„Американците со години го подготвуваат проектот голема Албанија“

  • Креатор на темата Креатор на темата Verdict
  • Време на започнување Време на започнување

Verdict

Galadriel
Член од
21 мај 2012
Мислења
2.197
Поени од реакции
2.114
Незапирливо е соединувањето на Албанците, изјави во Тирана албанскиот премиер Сали Бериша, што во некои регионални медиуми е проследено како нова најава за проектот голема Албанија. За таквата идеја се расправало, имено и во текот на неодманешното одбележување на сто годишнината од основањето на албанската држава, пишува порталот „Слободнадалмација.хр“.
Уште во крајот на 2010 година Коча Данај, директор на Институтот за регионална прогноза и советник на тројца албански премиери, рече дека во 2013 година по мирен пат би требало да се оформи нова албанска држава која би ги опфаќала териториите каде живеат Албанците. Додека некои аналитичари тврдат дека новата албанска држава е реален проект кој може да предизвика нови тензии, други наведуваат дека зборовите на Бериша се целосно погрешно интерпретирани.
Американскиот проект за создавање голема Албанија всушност со дипломатски и воени средства полека се реализира долги години. Постои историја на американското ангажирање во регионот, но кога станува збор за овој проект, треба да се потсетиме на неколку клучни точки. Тоа е американско-НАТО бомбардирањето на Србија во 1999 година, откако НАТО на Косово распореди 50.000 добро вооружени војници.
Тука е Охридскиот рамковен догово, проект на САД, со кој е започнат процес на политичко реформирање на Македонија низ уставни промени и усвојување на низа нови закони кои им осигураа значително повеќе права на македонските Албанци.
Третата клучна точка е американската поддршка за независноста на Црна Гора и Косово, со што ослабува Србија. Извршена е нејзина декомпозиција и со тоа е воспоставена регионална рамнотежа. Американската политика со овој дипломатски-воен ангажман го подготви проектот голема Албанија, вели Јадранка Половиќ, политолог од Хрватска.
Таа укажува на значењето на Косово како дел на југоистокот на Европа.
Југоистокот на Европа, еднакво, како и во минатото, и денес има значајно геополитичко, геоекономско и геостратешко значење кое ја одредува политичката иднина на регионот. Поврзан со Медитеранот, Блискиот исток, подрачјето на Кавказ и средна Азија, но и со средна Европа, отсекогаш бил предмет на интерес на гоемите сили. Поради растечкото значење на енергенсите во геополитиката во 21 век, овој простор станува простор на наметнување на глобалните центри на моќ. Имено, југоистокот на Европа е најкраток пат помеѓу западна Европа и нафтата и плинот на богатото подрачје на средна Азија и каспискиот басен и како таков станува дел на „новата голема геополитичка игра“, односно простор на кој ривализираат интересите на САД, Русија и Турција, вели Половиќ.
Таа додава дека како проектот на воспоставување на америкаската доминација во Евроазија започнува токму на југоистокот на Европа со Албанија, а завршува во Кина. САД својата геостратегија кон средна Азија ја потпираат на мрежата на проамерикански држави на југоистокот на Европа-Албанија, Романија, Бугарија, Турција, Грција, Македонија, а во најнов контекст и Косово, како и земјите од каспискиот регион-Азербејџан и Узбекистан, но и Грузија и Украина, на кои , како што вели таа, се шири злочудна стратегија на унификација на американскиот свет.
Токму примерот на Косово како нова држава создадена со употреба на американските политички инструменти стана показател на продолжението на американската доминација во регионот и настојувањето да се одржи американското униполарно водство не само на југоистокот на Европа, туку и пошироко, на просторот на Евроазија, вели Половиќ, додавајќи дека овој „успех“ во воведувањето на правилата на демократијата, усвојувањето на лекциите на слободниот пазар и отворање врати за странските инвеститори.
Може ли да се очекуваат немири?
Не очекувам немири. Имено, лидерот на Албанското национално движење изјави дека САД и Русија се договориле за прекреирање на границите на начин што Прешево, Косово и најверојатно дел од Македонија и Црна Гора, ќе се најдат во рамки на голема Албанија. Национаолните држави губат смисла, глобалните актери напредуваат низ проектот за ширење на демократијата, човековите права и слободниот пазар, кој подразбира глобализирана бедна регија. Новите држави се потполно зависни од странскиот капитал…
Вилијам Енгдал, историчар и економски истражувач наведува дека последица од американската политика по бомбардирањето на Србија била изградбата на големи мрежи на нови американски воени бази. По војната на Косово, САД воспоставија воена база на границата меѓу Косово и Македонија, како гравитациска стожерна точка која на американските воздушни сили им осигура пристап до нафтата во богатите региони на Блискиот исток и Каспиското езеро, како и контрола на источниот Медитеран Во време кога е изградена, воената база со околу 7.000 војници беше најголема американска воена база изградена во светот по Виетнамската воја, по што е продолжено со изградба на нови воени бази во Унгарија, БиХ, Албанија и Македонија, истакнува Половиќ.
Извор: „Слободнадалмација.хр“

http://denesen.mk/web/2013/01/31/amerikancite-so-godini-go-podgotvuvaat-proektot-golema-albanija/
 
Кога више го спомиња монтажниот Бондстил, кој за два дена се склопува и демонтира, авторот на текстот можел да ја спомене и монструозната тврѓава од амбасада, во прилог на поентата на текстот.
Исто и изјавата на Клинтон за "вечната подршка".
 
Не верувам дека Косово ќе се обедини со Албанија, ниту дека ќе се оствари тој проект Голема албанија, нема логика америкаците да дадат на некоја заедница во реонот да има надмоќ над друга и со тоа регионало да се наруши балансот на силите.

Можно е само да се случуваат некои политички провокации во иднина и тоа е тоа, кое во крајна сметка ќе резултира и двете страни да се наоѓаат во позиција на губитници, а како награда да имаат само едно тапкање по рамо дека се "мноогу јаки и опасни" :cool:
 
мит или факт ?! години наназад албанците добиваат за сметка на другите,дали полесно ќе им беше на американците само смена на владите и поставување свои луѓе или им затребало менување на границите ?!

пресудете сами колку држи вода текстов,албанците реално се закана за мирот и стабилноста,најголемата светска сила стои зад нив давајќи им поддршка да рипаат како напалени песови и јавно да даваат националистички изјави со кои се загреваат само некои примитивни сваќања,сваќања кои ЕУ ги остави зад себе и стана економска светска сила,за разлика од другата дечурлана која вежба мускули и тоа НАГЛАДНО
 
Не верувам дека Косово ќе се обедини со Албанија, ниту дека ќе се оствари тој проект Голема албанија, нема логика америкаците да дадат на некоја заедница во реонот да има надмоќ над друга и со тоа регионало да се наруши балансот на силите.

Можно е само да се случуваат некои политички провокации во иднина и тоа е тоа, кое во крајна сметка ќе резултира и двете страни да се наоѓаат во позиција на губитници, а како награда да имаат само едно тапкање по рамо дека се "мноогу јаки и опасни" :cool:
Се е можно,кога Србија добива безрезервна поддршка од Русија,контра на тој проект е Американскиот проект на Голема Албанија.Балканот никогаш нема да се смири во ЕУ,ниту ќе стане дел од него.Секогаш постоеле судир на интереси овдека.Доколку Србија,Босна,Црна гора станат дел од ЕУ,тогаш настанува обединување на Србите,ама тоа никогаш не би го дозволиле западните сили едноставно да се случи,пред Србија да направи големи отстапки,како кон Косово,така кон сите српски ентитети.
 
Се е можно,кога Србија добива безрезервна поддршка од Русија,контра на тој проект е Американскиот проект на Голема Албанија.Балканот никогаш нема да се смири во ЕУ,ниту ќе стане дел од него.Секогаш постоеле судир на интереси овдека.Доколку Србија,Босна,Црна гора станат дел од ЕУ,тогаш настанува обединување на Србите,ама тоа никогаш не би го дозволиле западните сили едноставно да се случи,пред Србија да направи големи отстапки,како кон Косово,така кон сите српски ентитети.
Само подршка на хартија и тапшање по рамо, ништо повеќе...
 
Според мене текстов не кажува ништо ново, втемелен е на стари изјави и постапки и е со цел да ја информира тамошната, публика, која не е нешто многу заинтересирана до детаљи за ова.
 
Косово и да не се обедини се знае чиво е.....
Албанците ќе се обединат,но дали во Албанија или како Македонија,Косово и Албанија во ЕУ ќе видиме.....
Америте си најдоа овде сојузник за сва времена......
Како што израелците им се во блискиот исток,така албанците тука..
 
ЕУ е идеална за желбите на балканците да бидат обединети.
 
се вика раздели па владеј а не обедини па владеј
логика бе братче

То шо викаш, нема логика. Зошто? Затоа што постои геополитичка изрека од деда Ное времето.

А да го собереш цел џган кој е распрскан во сите држави на Балканот, во една, па потоа да им ја извадиш маста исламска, додека во меѓувреме ти се најбитен пион, тоа нема врска.
 
Lazat i hrvative lazat kako i ostanatite od cel svet.....

PS: Ocekuvam lajk od dardi....
 
Дел од Црна Гора...
Дел од Црна Гора...
Дел од Црна Гора...
Дел од Црна Гора...

tumblr_m6aohs1jNO1qif9r4.gif
 
Дел од Црна Гора...


Што не ти е јасно со црна гора ? Албанците и таму живеат према границата со Албанија и Косово , дури жалосно е што се случило со албанците таму , одсекогаш имале високо иселување од тие територии , па изгубиле некои општини и села.
Наместо денеска да бидат бар 10% , паднале на 5%.

Населените места со албанско мнозинство според пописот 2011

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/f/f6/MontenegroAlbanians2011.PNG
 
Влегоа Албанците во НАТО нема таму мењавање на граници.
На Американците им одговара состојбата како што е.
Многу полесно ќе манипулира и со Македонија и со Албанија и Косово како што е сега ситуацијава отколку ако се случи обединување.
Многу потешко се контролира мирна и просперитетна држава отколку сиромашна и разединета.

Спомна членот погоре раздели па владеј.

П.С Да бидеме реални да сакаше Америка да не нема ќе не немаше од пред 20 години.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom