@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
Староверци се верници кои се спротивставиле на реформите кои патријархот Никон во 1653. година ги вовел во Руската црква.
Митрополитот новгородски Никон во 1652. по указ на царот Алексеј I бил поставен за патријарх.
Следната година 1653. патријархот започнува со своите реформи. Воведува промена за усогласување на литургијската пракса со праксата на другите православни земји- поправки во црковните книги и внесување на некои измени во обредите според грчкиот канон.
Измените биле: Луѓето да се крстат со три прста наместо со два, да три пати изговараат „алелуја“ и слично. Овој начин на прикажување на крстниот знак станал нивен симбол.
Тоа довело до голем бунт и раскол .На една страна биле патријархот и неговите подржувачи а на другата староверците, протопоп Авакум, епископ Павле, протопоп Данило и други.
Никон ја напушта патријарашката положба во1666. година а наредната година Саборот донесува одлука со која ги признава исправките на Никон , додека водачот на староверците протопопот Авакум во 1682.година е јавно спален . Тие официјално биле прогласени за еретици и биле анатемисани. Најпознати борци против реформата покрај Авакум, автор на познати житија, била и бојарката Теодосија Морозова ( клик http://ru.wikipedia.org/wiki/Бојарынја_Морозова) , која била запалена на клада. Неа на својата позната слика ја овековечил Василиј Суриков.
За време на прогонот староверците се селеле во северна Русија, Сибир, балтичките држави и во делтата на Дунав.
http://www.tanais.info/art/surikov1more.html
Во слабонаселената делта на Дунав првата група староверци стасале околу 1720 година. Нешто подоцна од Донската област се преселиле и козаците-староверци од воените единици на Игнат Некрасов и останале тука, асимилирајќи се со Липованите.
Далеку од царската власт и од турската администрација на тогашната отоманска провинција Добруџе, Липованите релативно мирно можеле да ги сочуваат своите верски уверувања и традиции. Се смета дека овој етноним потекнува од зборот „липа“, од топонимот Липовци (место каде некогаш живееле предците на доселениците) или од неправилно изговорениот збор „филиповци“ (според еден од старообредните движења.
Липованите до денес зборуваат на специфичен руски јазик од 17 и 18 век. Како и останатите руски староверци, Липованите се вредни, уредни и честити луѓе. Сакаат да работат и добро заработуваат. Не сакаат алкохол и тутун. Кај Липованите мажите не ја бричат брадата, кошулата ја носат над панталоните и секогаш се опашани. На Велигден жените секогаш носат сарафан. Само старообредниците при молитвите сè уште користат кожни бројаници (на руски: „лестовка“).
Денес ги има најмногу во Романија, Молдавија, Украина и во Бугарија.
Руските староверци се враќаат во Русија
--- надополнето: 29 јануари 2013 во 20:08 ---
.
.
.
Руски староверци во Бугарија