Македонското културно влијание во современа Грција

  • Креатор на темата Креатор на темата Коловрт
  • Време на започнување Време на започнување

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Локација
Струга, од село, од сите градови бре, пријателе...
Темава ја замислувам како компилација од докази за било какво македонско влијание во современата грчка култура. Значи зборувам за песни, ора, носии, обичаи, приказни, верувања, поими, изрази, па се до топонимија и менталитет.Под современа Грција се подразбира целата територија на денешна Грција, вклучувајќи ја и Егејска Македонија.

Најчесто се зборува само за грчкото влијание во Македонија, додека за логичната реципрочна последица од взаемно општење и контакти на двата соседни народа ни збор. Скоро и да не се обрнува внимание!

Јасна етничка граница помеѓу Македонија и Грција, барем во XIX век, не постоела. Од една страна имаме бројно грчко население во Македонија, на Халкидик и по течението на Бистрица; а од друга страна пак, имаме безброј македонски, да не речам словенски, топоними низ цела Грција дури до Пелопонез, што укажува на различна етничка слика на таа земја во минатото.

По Балканските војни Грчката држава решава да ја смени оваа состојба агресивно наметнувајќи му грчки карактер на негрчкото население од Македонија, но токму овој чин најмногу придонел за надворешното културно влијание во Грција.

Имено, треба да се има на ум дека асимилацијата на македонското на население не значело само негово прифаќање на грчки елементи. Со погрчувањето на Македонците, заедно со нив, во грчкиот свет влегуваат и многу траги од нивната македонска култура.

Овие културни траги се несомнено македонски, но се текот на времето толку се вклопиле во грчката култура што сега се сметаат за традиционални грчки.

Можеби некој ќе рече дека е премногу националистички да се зборува за македонско културно влијание. Многу од овие траги ги наоѓаме и во бугарскиот или српскиот фолклор, но сепак најлогично е тие да навлегле во грчката култура токму преку Македонија.

П.С.
Ќе ве замолам да се воздржите од коментари од типот „Солун е наш“, „Вистината полека излегува“, „Грци-педери, ќе видат они“ и сл. Објавувајте само материјали кои сведочат за македонските културни траги во современа Грција.

--- надополнето: 28 јануари 2013 во 18:02 ---

Во последно време ме заинтересираа грчката музика и грчките ора, а посебно „традиционалните грчки“ ора и песни од Егејска Македонија, или само Македонија, бидејќи нели за нив Македонија завршува негде помеѓу Мачуково и Богородица, на една меѓа помеѓу две ниви...

Заклучок од ова мое скромно истражување ми беше дека Грците, во недостаток на нивна автохтона музика во Македонија, едноставно ја прифатиле македонската, па сега се вадат на картата дека всушност се работи за фолклорот на славофони Грци.

Значи, ќе почнам со музика. :)

--- надополнето: 28 јануари 2013 во 18:07 ---

Πουστσένο χορός (Пусцено хорос)– Пуштено оро

Оро кое потекнува од Битолско, Леринско и Преспанско. Името пуштено е опис за начинот на играње – орото се игра пуштено. Грците пробуваат да го преведат како λυτός, што значи токму пуштено, но сепак ова оро останува нашироко познато како пусцено. Ова оро денеска се игра нашироко низ Грција и се претствува како традиционално македонско грчко оро.

Опис на орото и начинот на играње може да најдете тука.

Подетална анализа за неговиот карактер ќе им ја оставам на етнолозите. Сега само ќе наведам неколку видеа за споредба.

Грчката гордост - пуштеното оро

Пуштено оро на фестивал во Мигдонија - Солунско предградие

Давано на грчката национална телевизија. Емисија „Од Епир до Тракија - Песни и и ора“





Чисто за споредба, пуштено оро отсвирено од македонски изведувачи:


 
едно ќе прашам:ИМА ЛИ Македонија етнолози и етнографи?!
 
Цела Тесалија и Епир се со „словенски топоними“,неизменети и до ден денес... дали тоа ни говори дека Тесалците и Епирците се Македонци,или пак некои народи со „словенски производ“,премногу е замрсено и затапкано за да се донесе вистинскиот одговор....
 
Кога на грчкиот парламент пишува со словенски топоними што станува збор повеќе јасно ни е на сите бидејќи словените владееле со Пелопонез 200-300 години не е можно да не оставиле некои корени дури до таму а за Егејска Македонија е веќе повеќе од воочливо . Фашистите пробаа да ги отргнат тие имиња Македонски со сила но духот продолжува да живее во окупиран Егеј .
http://img811.imageshack.us/img811/5773/13511751967b3782795o2.jpg
--- надополнето: Jan 29, 2013 3:16 AM ---
Уште нешто најдов !!!
http://img214.imageshack.us/img214/4420/13511741629991e0f04o.jpg

ΠΕΤΣΟΒΟ > PETSOVO. This is the older name of the modern town Pehcevo in the Republic of Macedonia. Today it is spelled Пехчево in Macedonian, but on 19th century documents the name is spelled Печово (Pechovo).

ΝΕΥΡΟΚΟΠΙ > NEVROKOPI. This is the older name of the modern town "Nevrokop" in Pirin Macedonia, which was renamed to "Goce Delchev" in 1951.

ΜΠΑΝΙΤΣΑ > BANITSA. I think this is the name of Banitsa in the Serres region in Aegean Macedonia, not the village near Lerin (Vevi). Banitsa, Serres is the village where Goce Delchev was killed. It was renamed by the Greeks to "Καρυαί - Karié"
 
Имаме мал милион теми отворени за таквите примери, ве молам пребарувајте и надоврзувајте се на она што е веќе започнато.
 
Μπαϊντούσκα (Бајдуска) – Пајдушко оро

Не треба многу да пишувам за пајдушкото. Тоа е едно од најпознатите и најпопуларни ора во Македонија. Како такво продолжило да се игра и во Егејска Македонија и набргу низ цела Грција.
Покрај во Македонија и Грција, пајдушкото оро, на еден поспецифичен начин, се игра и во Бугарија и Србија, веројатно пренесено од македонската емиграција. Турците во Македонија го прифатиле и го пренеле во Мала Азија, каде е познато како Payduşka Dansı.

Видеата ќе ги ставам само како врски за побрзо вчитување на страницата.

Пајдушкото играно во Крушари (Αμπελειές), Пазарско (Γιαννιτσα).

Пајдушкото играно во Драма.

Пајдушкото играно во Нео Сули (Ново Село?), Патра, Пелопонез.

Меѓу другото:

Пајдушкото во Бугарија.

Пајдушкото на српски фолклорен фестивал во Америка.

Пајдушкото некаде во Турција.

За споредба:

Пајдушкото свирено од македонски изведувачи.

Пајдушкото играно од македонски играорци.

--- надополнето: 29 јануари 2013 во 13:44 ---

Имаме мал милион теми отворени за таквите примери, ве молам пребарувајте и надоврзувајте се на она што е веќе започнато.

Постојат повеќе теми за слични примери. Постои тема за натписите на грчкиот парламент. Постојат и теми за неколку обичаи на нашинците во Грција. Но мене идејата ми беше да се соберат сите овие примери на едно место.
 
Κόρη Ελένη (Кори Елени)Елено моме

Продолжуваме понатаму со уште едно многу познато и популарно македонско оро – Елено моме. Ова оро во неодредена точка од минатото станало популарно и низ Грција, каде името е само преведено на грчки (κόρη значи девојка, мома, ќерка и сл.).

Опис на орото може да се најде тука на грчки, а тука на македонски. Сами најдете ги сличностите и разликите. Еве како изгледа и звучи орото:

Елено моме играно во Леринско.


Елено моме играно во село Пресечен (Προσοτσάνη), Драмско.

За спредба, Елено моме од македонски изведувачи:

http://www.youtube.com/watch?v=b_aCO3J4hJk

http://www.youtube.com/watch?v=_iZaKjQ1NkI

Покрај орото, со истата или само делумно изменета мелодија постои и народна песна. Како на македонски, така и на грчки. Јас успеав да најдам две запишани верзии на текстот на нашата Елено моме, од кои само една снимена (видеата подолу). Текстот на грчката верзија е различен од двете, но мотивот е ист.

Елено моме испеана негде во Драмско.


Елено Моме, испеана во чест на 100 годишнината од смртта на гркоманот
Гоно Јотов.

За споредба:


Елено моме во изведба на Гоце Николовски.

Елено моме во изведба на Струшки бисери.
 
Под современа Грција се подразбира целата територија на денешна Грција, вклучувајќи ја и Егејска Македонија.
Јасна етничка граница помеѓу Македонија и Грција, барем во XIX век, не постоела. Од една страна имаме бројно грчко население во Македонија, на Халкидик и по течението на Бистрица;
прво, мора да се внимава кога се вели кој е грк во беломорието...
народ што бил под страшна пропаганда и насилна агресија, на Халкидик и по течението на Бистрица, и прифатил константинополска црква, не се грци.....

што си напишал за Солун?
Солун е во гејлада сега, но Солун генетски е 5 пати почист спореден со атинските генетски ѓупци и африканци, во Солун нема ниеден....

грција, била на југ, дошло до Олимп од таа страна подоцна, како немало етничка граница?
верата била етничка граница, ако не друго...

дојденците од турција, маџупите, маџирите, го изменија етничкиот карактер на мкд...
и покрај тоа, во 2008 Кинг , под претпоставка дека сите жители во гејлада се автоџтони, напиша дека дури од неолитот, различни популации ја населуваат северна и јужна грција, и покрај маџирите...

маџирите, нели беа јонците од турција?

затоа, ако го избришете овој пост, корегирај горе, вака е навредливо за секој македонец...
п.с.
грците немаат ништо свое, целата култура е прифатена од нас и турците, бидејќи т.н. гејци немале свесност за држава и заедништво...
Мкд била темен вилает, ама гејлада била село без кучиња...

тие, ако му веруваме на Пулески, а и други, се викале меѓусебно Уруми, Румки, јас би рекол Роми, за ова постојат многу индиции...

тие, речиси до вчера, и не знаеја дека постои Македонија...не знаеја ништо ни за Стара Етиопија..ова, грција...

Ото баварецот ги научи на лажење...кој лаже, тој и краде...за жал, ја украдоа и Македонија...
 
Темава ја замислувам како компилација од докази за било какво македонско влијание во современата грчка култура. Значи зборувам за песни, ора, носии, обичаи, приказни, верувања, поими, изрази, па се до топонимија и менталитет.Под современа Грција се подразбира целата територија на денешна Грција, вклучувајќи ја и Егејска Македонија.

AtWtMacedonia7.JPG


Felted natural ivory wool traditional vest dating to the late 19th century, likely Macedonian or Greek origins. :tapp:
http://carolynforbestextiles.com/antique-1800s-Macedonian wool-embroidered-vest-WT550.html
 
прво, мора да се внимава кога се вели кој е грк во беломорието...
народ што бил под страшна пропаганда и насилна агресија, на Халкидик и по течението на Бистрица, и прифатил константинополска црква, не се грци.....

што си напишал за Солун?
Солун е во гејлада сега, но Солун генетски е 5 пати почист спореден со атинските генетски ѓупци и африканци, во Солун нема ниеден....

грција, била на југ, дошло до Олимп од таа страна подоцна, како немало етничка граница?
верата била етничка граница, ако не друго...

дојденците од турција, маџупите, маџирите, го изменија етничкиот карактер на мкд...
и покрај тоа, во 2008 Кинг , под претпоставка дека сите жители во гејлада се автоџтони, напиша дека дури од неолитот, различни популации ја населуваат северна и јужна грција, и покрај маџирите...

маџирите, нели беа јонците од турција?

затоа, ако го избришете овој пост, корегирај горе, вака е навредливо за секој македонец...

Не мислам дека е навредливо. Сметам дека е реално прикажана етнографската слика за Јужна Македонија. „Грчкото малцинство“ во Македонија, без разлика на вистинското свое потекло, до втората половина на XIX век веќе целосно го прифатило грчкиот јазик и веќе се сметале за Грци. Од друга страна пак, за Грци се сметале и некои што од грчки знаеле само καλημέρα и καλησπέρα, но како што напиша, тоа е се производ на една насилна пропаганда. Се` наведува дека горната грчка етничка граница цело време се поместувала се посеверно. Тоа што немало некаква голема преселба на население, говори за појава на асимилација, била таа насилна или не.

Мааџирите се друга приказна. Многу од нив се сметаат за Македонци (во таа нивната верзија), иако нивните дедовци не ни слушнале за Македонија пред да ги довлечкаат тука. Но многу си ја памтат нивната блискоисточна култура. На сликава гледаме „грчки“ деца со потекло од Кападокија. Сликано во Солун, 2012:

Cappadocian_Greek_children.JPG



тие, ако му веруваме на Пулески, а и други, се викале меѓусебно Уруми, Румки, јас би рекол Роми, за ова постојат многу индиции...

Може ли да добиеме нешто повеќе податоци околу ова?
 
Μπουγάτσα (Бугаца / Bougátsa) - Погача

Сите сме јаделе погачи. Нема потреба да навлегувам и да ја опишувам погачата и сите нејзини варијации од кулинарски аспект. Зборувам за погачата како поим, кој се задржал во македонската кујна.

Погачите се распространети ширум балканските кујни. Погачи и pogače се јадат низ јужнословенските земји. Pogaçe во Албанија, poğaça во Турција. Распространета е дури до Унгарија, каде е позната како pogácsa, а како pagáč во Словачка.

Се смета дека нашата погача е поврзана со италијанската focaccia и француското fougasse. Коренот на овие зборови е латинското focus, во значење огниште, со непознато потекло. Логиката е дека погачите се печат на огниште. Постои теорија според која овој назив навлегол во нашите јазици преку влашкиот, кои го наследиле од латински, но тоа е друга тема.

Наш предмет на интерес согласно темата е грчката μπουγάτσα. Како навлегла погачата или бугацата во грчката кујна? Според грчки извори:
Το όνομά της προέρχεται από την αντίστοιχη τουρκική λέξη πογάτσα (POĞAÇA = ζύμη). Στην Ελλάδα την έφεραν μικρασιάτες πρόσφυγες μετά τη Μικρασιατική καταστροφή, κάνοντάς την ιδιαίτερα δημοφιλή στη Βόρεια Ελλάδα, ειδικά στη Θεσσαλονίκη και τις Σέρρες, που θεωρούνται φημισμένες για τη μπουγάτσα τους.

Името доаѓа од соодветниот турски збор за погача (POĞAÇA = печиво). Во Грција ја донеле бегалците од Мала Азија по Малоазиската катастрофа (грчки назив за размената на население со Турција м.з.), што ја прави особено популарна во Северна Грција, особено во Солунско и Серско, кои се познати по нивните погачи.

Значи, според самите Грци, тие погачата ја презеле од Турците во Мала Азија и навлегла во современа Грција дури во XX век!


Од каде им е погачата пак на Турците?
Првпат во турски речник се споменува кон крајот на XVII век како poğaça. Имајќи предвид дека најголем дел од турската култура е позајмица од два извора: среден/блиски исток и Балкан, логично претпоставуваме дека штом погачата не е пристуна на Истокот, превземена е од Балканот, во кој припаѓаме и ние. Притоа се исклучува Грција, бидејќи нели, тие уште не чуле за истата.

Но од каде, или барем од кога погачата кај нас?
Погачата во Македонија се прави и се именува вака барем век и половина. Се спомнува во неколку песни запишани од Миладиновци издадени во нивниот зборник пред 150 години.
...
И да зеиш паур со ракиа,
Да си зеиш пребела погача,
Да г' однесеш на сирота вдоица
...
...
На недеља по бела погача,
На недеља по бела промена,
...

Вклопена е и во народните поговорки:
зрно по зрно – погача
преку леб – погача


Имајќи ги во предвид контактите и културната размена на Македонците со Грците во минатото, кои биле на многу повисоко ниво од оние на било кој друг наш соседен народ, би било навистина апсурдно да се отфрли тезата за влезот на погачата во грчката кујна преку Македонија. Посебно треба да се напомене фактот дека грчката бугаца е најпопуларна во Егејска Македонија, од каде што и се проширила низ остатокот од Грција. Наместо ова, се прифаќаат некои лабави тези. Очигледно Турците им се помили од нас.

Македонци живеат во близок контакт со Грци низ цел XIX век (и пред тоа), но никој од Грците не чул за погача тогаш. Во XX век, Грците водат војна со Турците, прават размена на население, си тргнуваат секој по свој пат и дури отпосле им текнало да јадат „турски“ јадења. Ова е само дел од смешните обиди за негација на било какво странско, пред се македонско влијание во современата грчка култура, како на пример во музиката, народните носии, верувања и обичаи, етимологијата на повеќето топоними, каде можат да се чујат секакви приказки, но под никој случај теорија ни за македонско ни за словенско потекло.

Мој заклучок е дека најлогично е грчката бугаца да е дирекно преземена од македонската погача.
 
„Погача“ е многу постар македонски збор отколку што се пронајдените записи за него.
Погача има заедничко потекло со албанскиот збор “бук“ кој значи “леб“, а и обата го имаат потеклото во честичката - „пек“ (печење) (двопек, пексимит, пекара, пециво...). Станува збор само за дијалектни форми на „пек“ - бук, пог-ача...
 
„Погача“ е многу постар македонски збор отколку што се пронајдените записи за него.
Погача има заедничко потекло со албанскиот збор “бук“ кој значи “леб“, а и обата го имаат потеклото во честичката - „пек“ (печење) (двопек, пексимит, пекара, пециво...). Станува збор само за дијалектни форми на „пек“ - бук, пог-ача...


Интересно како никому од историските лингвисти не му текнало по ниту еден компаративен метод да го спореди влашкото фок со нашето пек. Ќе ги убие ли ако спомнат можно заедничко пра-потекло? Поедноставно им е: „The origin is uncertain“.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom