Монголија ново светско економско чудо

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување Време на започнување
N

NikolaMKD91

Гостин
Анализите на светски агенции предвидуваат дека монголската економија трета година по ред ќе има најбрзо темпо на раст во светот.

Економијата на Монголија веќе две години има најбрзо темпо на раст во светот. Според различните анализи растот би бил меѓу 18 и 23 проценти. Банката HSBC претпоставува раст од околу 18 отсто, додека Economy Watch наведува за раст од дури 23 отсто. Аналитичари кои работат за монголскиот парламент предвидуваат БДП да се зголеми на 14,4 милијарди долари што означува годишен раст од 19 отсто.

Монголија има население од околу два милиона и 800 илјади луѓе кои живеат на околу 1,5 милиони кв/км. Економскиот раст се должи на веќе пет години „бум“ во рударството. Во 2011 година, во Монголија се регистрирани странски инвестиции од 4,7 милијарди долари. Најголеми трговски партнери и се Русија и Кина. Монголија извезува во Кина 94 отсто од стоките, а увозот од Rусија и е 27 отсто.
Сепак минатата година растот успорил на 12,3 проценти, бидејќи Кина ја намали побарувачката на јаглен заради успорениот раст. Јагленот е најголемиот и
ИЗВОР И ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ
 
Аирррлиијааа браво за земјата на Џингис Кан само што е штета Кинезите го присвои Џингис Кан како Кинез,а не Монголец баш како Бугарите и гејовите:)
 
Баш утрово се чудев кога ја прочитав оваа вест. Не очекував дека во Монголија ќе можат да се најдат толку природни ресурси. Монголија е навистина голема земја, но 80% од територијата е степа.
 
"Економскиот раст се должи на веќе пет години „бум“ во рударството"
Не е чудно што нивните братчиња хуните биле страсни обожаватели на златото :)
 
Раст кој се должи исклучиво на рударството,целосно зависини од 1-2 трговски партнери,изразито неповолна географска положба и онака бедна економија........
Секоја солидна нарачна на јаглен од странство е значаен раст на БДП....
 
Македонија до Монголија ! Одма Премиерот да се поврзе со Улан Батор за економска соработка, ако не не признале одма да не признаат Монголците.​
 
Македонија до Монголија ! Одма Премиерот да се поврзе со Улан Батор за економска соработка, ако не не признале одма да не признаат Монголците.​
Нема потреба од стереотипи сегде каде што има можност за продлабочување на економската соработка преку СДИ во Македонија или извоз на Македонски производи треба да се бара шанса. Само глупи држави веруваат во сојузи паметните држави веруваат во интереси. И прекинете да ги омаловажувате некој земји во светот. Има доста земји во Азија во услови на влошување на европската економија, да се пробијат нови пазари во Азија некој попаметни македонски компании сфатија дека не е само Еу пазар туку и Азија е, никој не им брани на нашите да извеезуваат во Еу но зошто само во еу да извезуваат ако можат и во некој друга земја што не е членка на Еу за извезуваат. Инаку пример земји како Казахстан не е Борат како што пробува холивуд да си прави филмови туку земја која последните години има висок раст на БДП, а македонските производи се и како конкурентни на тој пазар, така да чим Македонија највеќе извезува во Германија , може освен Германија па почне да извезува и во некој други земји. Има Македонски компании кој извезуваат или почнуваат да извезуваат на Азискиот пазар но уште се малку.
 
Најголемиот природен ресурс е човечкиот ум, нациите што го немаат се вадат на добра гео положба, нафта, руда, гас, море...
Тие што ги немаат ни двете работи се викаат Македонци.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom