CN - Cartoon Network

  • Креатор на темата Креатор на темата Insane
  • Време на започнување Време на започнување
Ај малце да ја оживееме темава :D

Можеби ова треба да го пишувам во мистерии, ама ајде...

Сега читав на Creepypasta за изгубената епизода од Ед, Едд и Еди. Демек помеѓу 7 и 21 Октомври 2003 година, требало да биде емитувана премиерно новата 34 епизода од серијата, но поради тоа што режисерот имал настинка (незнам што како било), телевизијата решила да ја пуштат првата епизода од сезоната. И што се случило...? На Cartoon Network сепак одела нова епизода, но повозрасните гледачи кој во тој момент го следеле каналот и нажалост помалата публика, викаат дека епизодата била крајно вознемирувачка. Квалитетот на сликата бил под нивото, како на стара VHS касета, а содржината од филмот била крајно депресивна. Познатите ликови во серијата не се однесувале нормално како во другите епизоди, туку сите биле некако мрачни, нерасположени, чувствувајќи одмраза меѓу себе. А и гласовите што ги позајмувале актерите, како да не биле тие.
Прочитав имало една сцена каде Џими (Педерчето со протезата :icon_lol: ) и Сара биле на лекар. Џими цело време плачел и викал "It hurts Sarah... it hurts..." додека пак оваа го тешела. И наеднаш од вратата влегол докторот, кој не му се познавало лицето, заради големината на телото, и тогаш можеме да го видиме Џими во целост...Лицето му било искривено со се протезата, имал само еден заб, другите му биле испаднати, и немал ниту раце ниту нозе. Зборувал дека децата од маалото го претепале.

Ај доста пишував, прочитајте на линкот... интересно :свиркам:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom