Терористички напади во Загреб?

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Следам цела недела што се случува. Прво беше поставен експлозив на пруга, па после имаше судир на трамваи, а ноќеска имало и четири експлозии, меѓу кој има веќе и повредени. Нешто слабо се известува за настанов или со цел да не се крева паника? :confused:
9. January 2013 - 21:36
Воз кај Загреб налета на експлозивна направа на пругата

3e636918-5482-4cff-bc86-f52b72363692.jpg

Утринава на железничката пруга во Загреб одекна силна експлозија.
Од експлозијата нема повредени но оштетена е пругата и неколку куќи во близната.
Една жена која била сведок на експлозијата тврди дека истата била многу силна исто како да одекнала јака бомба.
Друга жена, исто така сведок на настанот, вели дека ја разбудила експлозијата, но потоа не слушнала никакви звуци. Вели дека често и се случувало некој да фрла петарди пред нејзиниот прозорец, па затоа не и било ништо сомнително.
За сега сеуште не е познато што ја предизвикало експлозијата на железничката станица.
Извор: http://www.sitel.com.mk/voz-kaj-zagreb-naleta-na-eksplozivna-naprava-na-prugata
10. January 2013 - 14:36
Во судар на два трамваи во Загреб 19 повредени

gsudar-na-tramvai.jpg

Најмалку 19 лица се повредени во денешниот судар на два трамваи на Максимирската улица во Загреб.
Според неофицијалните информации се работи за полесни телесни повреди.
Возачот на трамвајот по несреќата некое време не бил при свест. Причините за несреќата ќе станат познати по увидот на местото.
Извор: http://www.sitel.com.mk/vo-sudar-na-dva-tramvai-vo-zagreb-19-povredeni
петок, јануари 11, 2013 - 11:04
Експлозии го тресат Загреб
201301110909379.jpg
11.01.13 / 09:09

Во западниот дел на Загреб ноќеска одекнале неколку експлозии, при што еден човек е потешко повреден, пренесуваат хрватските медиуми.

Експлозија се чула во близина на автобуската станица на алејата Бологна, а таа спред очевидци била толку силна, што се чула до другиот крај на градот.

Очевидци тврдат дека имало вкупно четири експлозии, но според полицијата, сепак станува збор само за една експлозија.

Извор: http://www.ereporter.com.mk/mk-mk/Details.aspx?Title=22499
HAOTIČNO STANJE

Zagreb opet na nogama: I specijalci na ulicama

Index javlja da je jedna osoba povrijeđena i prevezena u bolnicu, te da se nalazi na životne opasnosti
zagreb-opet-nogama-i-specijalci-ulicama-slika-206513.jpg
Uvecaj!
Potvrđena samo jedna eksplozija (Foto: BETAPHOTO)
Zapadni dio Zagreba je na nogama nakon što je u eksploziji povrijeđena jedna osoba.

Uvecaj!

lg.php

Muškarac je prevezen u bolnicu i nalazi se van životne opasnosti, a sumnja se da je upravo on postavio eksplozive i da je došlo do samoranjavanja.
Na mjestu eksplozije je haotično stanje, a saobraćaj se u tom dijelu grada preusmjerava.

Uvecaj!
"Svi smo na terenu, istražujemo što se dogodilo, više informacija imaćemo kasnije", rečeno je iz hrvatske policije Indexu.
Hrvatski mediji prenose dojave čitalaca da su se širom grada čule brojne eksplozije, ali je iz policije potvrđena samo jedna.

Uvecaj!
Kod pruge u Gajnicama navodno su pronađene još dvije eksplozivne naprave koje nijesu aktivirane. Na ulice su izašle i specijalne jedinice, koje su tragale za automobilom koji je viđen na mjestu događaja.
Podsjećamo, prije dva dana u zapadnom Zagrebu se desila eksplozija na pruzi, kada je teretni voz naletio na eskplozivnu napravu.
Izvor: http://www.vijesti.me/svijet/zagreb-opet-nogama-i-specijalci-ulicama-clanak-108567
Не ви смрди нешто тука?
 
Треба да се почекаат првични информации од официјални лица,ама сигурно не е случајна серија експлозии во ист град.
 
Сигурно нема да излезе некој и да рече , да ова беше терористички напад , све се прикрива да не се дознае ништо .
 
По прочитаното ќе излезам сега со мој теории, не ми замерувајте на овие луди терории ама никогаш ништо не се исклучува:

  • Босна & Херцеговина која граничи со Хрватска веќе знаеме дека има муџахедини и дека истите тие муџахеидни се спремаа за напади врз Западна Европа но и на некој Балкански земји кој добро стојат со Западот. Веќе имаше од страна на тие муџахедините од Босна и напади врз Сараево и тоа врз Амбасадата на С.А.Д. Нив сега делумно ги исклучувам
  • Во војната што беснееше на територијата на С.Ф.Р. Југославија многу војници што излегоа со тешки трауми, а голем дел од тие војници подоцна беа и членови на мафии, дел станаа наркомани, ситни крадци а некој извршија самоубиство. Може да речам дека и оваа теорија за исклучувам од причина што до сега немало многу ептен сериозни инциденти од нив.
  • Хрватска може да речам станува до гомна задужена земја, па ова да е организирање од страна на Владата за да го одвлечат вниманието. Исклучувам и ова, се надевам не се до толку ретарди.
  • Со оглед на тоа и покрај се што се случи мислам дека станува збор за напади со една цел за заплашување од причина што до сега немаше големи жртви, а сите експлозии меѓу која и онаа на трамвајот не причина човечки жртви, туку само материјална штета. Тоа и баш што се организирани навечер кога нема многу народ ми дава до знаење дека само сака да заплаши некој и да предизвика паника. Да беа различни експлозиите немаше да бидат со иста разорна моќ.
 
И да е терористички напад таа вест нема да биде откриена во јавноста се со цел да не се крева паника меѓу народот,а единиците задолжени за проблеми од овој тип, ќе си ја спроведат операцијата до крај,ќе го направат тоа за кое се платени од народот.
 
Де бе зошто да не се открива ?

Кај нас Смилковското езеро не беше терористички напад ?
Во Бугарија летото автобусот што експлодирал не беше терористички напад ?

Нема што да се крие,крај краева и народот не е глуп.

Само прашање е кој е вмешан,Хрватска освен Србија и нема некои крвни непријатели на Балканов.
 
Народот е најмалку глупав,но ние како луѓе секогаш избегнуваме да веруваме во најлошото и секогаш бараме и чекаме друг утешителен одговор за сметка на тоа што навистина ни се случува во моментот.
 
И да е терористички напад таа вест нема да биде откриена во јавноста се со цел да не се крева паника меѓу народот,а единиците задолжени за проблеми од овој тип, ќе си ја спроведат операцијата до крај,ќе го направат тоа за кое се платени од народот.
Се прикриваат само неуспешни терористички акти, ако е успешен како ќе го прикриеш ?
Како случајност ќе ги наведеш десетиците експлозии и зголемена присутност на специјални полициски сили?
 
Се прикриваат само неуспешни терористички акти, ако е успешен како ќе го прикриеш ?
Како случајност ќе ги наведеш десетиците експлозии и зголемена присутност на специјални полициски сили?
Значи јас кажав еден чекор погоре дека народот во вакви случаеви секогаш
прибегнува кон одговорите од власта,иако тие отприлика намирисуваат за што се работи,а и со право оти и да сакаат неможат да знаат што точно се случува.Еве пример ти како земјоделец,а јас како правно лице,можеме ли да знаеме што точно се случува на теренот,НЕ!
Оти ние нит сме форензичари нит сме детективи,луѓе чија професија
се занимава со ваквата проблематика.Па од тука нашите претпоставки ќе си останат само претпоставки.
 
Ти целосно ја утнуваш поентата на значењето тероризам. Терористички акции се акции кои го привлекуваат вниманието пред се на јавноста. Имаат цел да створат психоза кај народот, страв, недоверба во институциите и така натака.

Единствен начин да не дознам, јас како замејоделец или ти како правник дека имало терористички чин, е да сме целосно изолирани од јавноста и од настаните.

Поставување на бомба во јавност, може да е атентат криминална одмазда итн. Меѓутоа поставување серија бомби на рандом месата, претежно врз цивилни мети, е терористички акт и не постои влада во светот која има интерес тој чин да го скрие. Напротив тој чин би и дал на владата отворени раце да превземе мерки против осомничената група.
 
Па и време беше да ги потресат хрватите ипак и ова и е малце требало многу повеќе :) а дека е терористички ова не би рекол ... ама нешто има друго што се случува
 
По прочитаното ќе излезам сега со мој теории, не ми замерувајте на овие луди терории ама никогаш ништо не се исклучува:

  • Босна & Херцеговина која граничи со Хрватска веќе знаеме дека има муџахедини и дека истите тие муџахеидни се спремаа за напади врз Западна Европа но и на некој Балкански земји кој добро стојат со Западот. Веќе имаше од страна на тие муџахедините од Босна и напади врз Сараево и тоа врз Амбасадата на С.А.Д. Нив сега делумно ги исклучувам
  • Во војната што беснееше на територијата на С.Ф.Р. Југославија многу војници што излегоа со тешки трауми, а голем дел од тие војници подоцна беа и членови на мафии, дел станаа наркомани, ситни крадци а некој извршија самоубиство. Може да речам дека и оваа теорија за исклучувам од причина што до сега немало многу ептен сериозни инциденти од нив.
  • Хрватска може да речам станува до гомна задужена земја, па ова да е организирање од страна на Владата за да го одвлечат вниманието. Исклучувам и ова, се надевам не се до толку ретарди.
  • Со оглед на тоа и покрај се што се случи мислам дека станува збор за напади со една цел за заплашување од причина што до сега немаше големи жртви, а сите експлозии меѓу која и онаа на трамвајот не причина човечки жртви, туку само материјална штета. Тоа и баш што се организирани навечер кога нема многу народ ми дава до знаење дека само сака да заплаши некој и да предизвика паника. Да беа различни експлозиите немаше да бидат со иста разорна моќ.

Исламистите имаа по некој напад на Хрватска во 90тите кога Хрватска им уби неколку водачи....т.е ги фатија на граница и никогаш од тогаш не се видени :D
Мислам дека во Ријека поставија бомба пред полициска станица или така нешто...

Иначе ова третово нема шанси.....до толку не се петарди.Башка многу слаб би им бил обидот,многу повеќе вниемание им привлекува хајката со двојазичност во Вуковар од колку ова.
 
Ти целосно ја утнуваш поентата на значењето тероризам. Терористички акции се акции кои го привлекуваат вниманието пред се на јавноста. Имаат цел да створат психоза кај народот, страв, недоверба во институциите и така натака.

Единствен начин да не дознам, јас како замејоделец или ти како правник дека имало терористички чин, е да сме целосно изолирани од јавноста и од настаните.

Поставување на бомба во јавност, може да е атентат криминална одмазда итн. Меѓутоа поставување серија бомби на рандом месата, претежно врз цивилни мети, е терористички акт и не постои влада во светот која има интерес тој чин да го скрие. Напротив тој чин би и дал на владата отворени раце да превземе мерки против осомничената група.
А каде јас воопшто посочив дека се работи за тероризам за ти да ми вадиш дефиниции тука за тоа што е а што не е тероризам,има некаде во моите постови спомнато такво тврдење?! Tоа си е твое согледување на настанот и во ред,но немој да ми ставаш зборови во уста што не сум ги спомнал и да ми реплицираш врз база на истите,оти јас не спомнав такво нешто,значи јас не знам за што се работи ниту потенцирав,за разлика од некои "експерти" како тебе.
 
А има ли во Загреб џамија Има...е ако има тогаш сватете,
да нису „ они“сторители,на кој се увек мисли,
па „они“ у то време су се клањали и то пет пута.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom